Веќе трета година македонските власти го најавуваат потпишувањето договор со Руската федерација за Македонија да добие приклучок кон гасоводот Јужен тек, но договорот никако да биде потпишан. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред десетина дена најави дека договорот ќе биде потпишан на крајот од Меѓународниот економскиот форум во Санкт Петерсбург, но тридневниот форум заврши, а Македонија повторно остана без договор. Во министерството за финансии упатуваат на вчерашната изјавата на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев дека потпишувањето е одложено поради технички допрецизирања и оти договорот ќе биде потпишан во блиска иднина, без да се прецизира кога ќе се случи тоа.
„Република Македонија и Руската Федерација имаат постигнато согласност за потпишување на овој значаен договор којшто обезбедува еден значаен енергетски проект од интерес за Република Македонија. Нацрт-договорите се поминати на двете влади, воспоставена е и дипломатска комуникација. Со двострана согласност и како резултат на заедничка волја е прецизирано дека во една блиска иднина ќе биде потпишан и официјално самиот договор со што би се создале и сите предуслови за почеток со оперативна реализација на самиот овој проект“, изјави вчера Ѓорѓиев.
Приклучувањето на Македонија кон Јужниот тек првпат беше најавено пред точно три години по средбата на претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот Ставрески со директорот на Газпром Алексеј Милер за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург во 2010 година.
Според тогашното соопштение од Министерството за финансии, соговорниците оцениле дека потпишувањето на спогодбата за клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија ќе создаде услови за учество на „Газпром“ во изградбата на македонската гасоводна мрежа.
„Со тоа се создадени услови „Газпром“ да учествува во изградбата на гасоводната мрежа во Македонија, за што двете страни искажаа целосна подготвеност за соработка“, соопштија тогаш од кабинетот на Ставрески.
Во октомври 2010 година, делегација на Газпром предводена од еден од директорите Леонид Чуганов ја посети Македонија и разговараше со претседателот Иванов, премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот Ставрески. Во јуни наредната 2011 година Ставрески во Санкт Петерсбург се сретна со заменик директорот на Газпром, Александар Медведев, а лани, исто така за време на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург, премиерот Груевски се сретна со директорот на Газпром Алексеј Милер.
По секоја од средбите, македонските власти даваат охрабрувачки изјави дека договорот ќе биде потпишан наскоро.
Изградбата на гасоводот Јужен тек започна минатата година во Русија, а гасот кон Централна Европа треба да протече во 2015 година. Гасоводот ја заобиколува Македонија и нема да поминува низ земјава. Она што македонските власти цело време го најавуваат е Македонија да добие крак за приклучок кон гасоводот за да се снабдува со гас. Разликата е во тоа што, земјите низ коишто поминува гасоводот наплатуваат за транспорт на гасот низ нивна територија и така заработуваат, додека Македонија евентуално може да добие само снабдување. Гасоводот е предвидено да оди од Русија, преку Црното Море, Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија до Италија. Предвидено е краци за снабдување од Србија да се пуштат кон Хрватска и кон Босна и Херцеговина.
Во 2012 година, Македонија потрошила 144 милиони метри кубни природен гас. Проценките се дека годинава државата ќе има потреба од 309 милиони метри кубни гас, а се проценува дека до 2030 година, земјава ќе има потреба од 2,5 милијарди метри кубни гас годишно.
Република Македонија и Руската Федерација имаат постигнато согласност за потпишување на овој значаен договор којшто обезбедува еден значаен енергетски проект од интерес за Република Македонија. Нацрт-договорите се поминати на двете влади, воспоставена е и дипломатска комуникација. Со двострана согласност и како резултат на заедничка волја е прецизирано дека во една блиска иднина ќе биде потпишан и официјално самиот договор со што би се создале и сите предуслови за почеток со оперативна реализација на самиот овој проект.Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.