Централниот Одбор на СДСМ ја потврди одлуката на Извршниот одбор на партијата за враќање на 34-те пратеничките мандати и за непризнавање на изборните резултати.
Во дискусиите за бенефитите и последиците од ваквата одлука, некои од пратениците од претходниот собраниски состав барале и одговорност од партиските лидери, а други посочиле дека најголемата грешка е што не се истрајало во намерата да не се оди на избори без прочистен избирачки список.
По цела ноќ дискусии на крајот едногласно била прифатена и потврдена одлуката на Извршниот Одбор да се вратат пратеничките мандати бидејќи на ваков начин и распоред на сили тие би биле само потврда на политиките на власта без никаква полза за иднината на државата.
Договорено било да се оддржи конгрес на партијата, на кој ќе биде потврдена ваквата одлука, за да има јасна позиција дека целата партија стои зад ваквите одлуки на раководството предводено од лидерот Зоран Заев, и да се договори кои би биле идните начини на дејствување на СДСМ како најголема вон-парламентарна партија.
Портпаролот на партијата Петре Шилегов за МИА изјави дека приговори не поднеле бидејќи во предизборниот период и за време на кампањата поднеле преку 170 претставки за различни повреди до надлежните државни институции кои воопшто не ги разгледувале или веднаш ги отфрлиле.
Додека се чекаше конечната одлука на раководството експертите имаат спротивни мислења за опцијата за враќање на пратеничките мандати.
Аналитичарот Кире Василев коментира дека со враќањето на мандатите се испраќа порака - Меѓународната заедница да се позанимава со политиките процеси во Македонија.
„Со тоа мислам дека СДСМ сака да привлече внимание од меѓународната заедница, затоа што меѓународната заедница е прилично нема во контекст на ова што се случува во Македонија, а меѓународната заедница е најчесто активна кога имаме некоја политичка криза која ги парализира институциите.“
Аналитичарот Исмет Рамадани дополнува дека опцијата за враќање на политичките мандати може да ги загрози европските и евроатланските аспирации на земјата.
„Ние сме имале Парламент без опозиција, но тоа е веќе завршено, затоа што земјата претендира да биде членка на НАТО и на ЕУ, а демократска Европа не признава парламент без опозиција.“
Меѓутоа политичкиот аналитичар Владимир Божиновски не мисли така. Според него од концептот за враќање на пратеничките мандати најмногу ќе изгуби СДСМ и во таков случај би се организирале парцијални избори со што во Парламентот ќе се отвори простор за други опозициски партии.
„Тоа нема да биде добро пред се за СДСМ, друго е ако некој ги принудува да ги вратат тие мандати, ама кога самите тие решаваат дека не сакаат да учествуваат, тоа е веќе до нив. Тогаш се оди на парцијални избори и се бираат онолку пратеници колку што фалат во парламентот. На пример во Изборна единица ќе има нови избори за 7 пратеници колку што СДСМ освоија, иако јас искрено се надевам дека ќе ги прифатат мандатите и ќе се конституира новото собрание.“
Отворени се и други опции како борба низ институциите за докажување на наводите за системска кражба на изборите. Од опозицијата сметат дека имаат многу аргументи да се тврди дека се случиле посериозни нерегуларности и дека државата била злоупотребена за партиски цели. Една од опциите е и т.н улична демократија. Според дел од експертите овој модел не ги даде очекуваните резултати по настаните од 24 декември, додека други сметаат дека по овие избори имаме нова реалност и излегувањето на опозицијата на улица ќе значи влегување во турбуленции и преокупирање на владата и институциите со внатрешни проблеми.
Потврдена одлуката на Извршниот Одбор да се вратат пратеничките мандати бидејќи на ваков начин и распоред на сили тие би биле само потврда на политиките на власта без никаква полза за иднината на државата.
Во дискусиите за бенефитите и последиците од ваквата одлука, некои од пратениците од претходниот собраниски состав барале и одговорност од партиските лидери, а други посочиле дека најголемата грешка е што не се истрајало во намерата да не се оди на избори без прочистен избирачки список.
По цела ноќ дискусии на крајот едногласно била прифатена и потврдена одлуката на Извршниот Одбор да се вратат пратеничките мандати бидејќи на ваков начин и распоред на сили тие би биле само потврда на политиките на власта без никаква полза за иднината на државата.
Договорено било да се оддржи конгрес на партијата, на кој ќе биде потврдена ваквата одлука, за да има јасна позиција дека целата партија стои зад ваквите одлуки на раководството предводено од лидерот Зоран Заев, и да се договори кои би биле идните начини на дејствување на СДСМ како најголема вон-парламентарна партија.
Портпаролот на партијата Петре Шилегов за МИА изјави дека приговори не поднеле бидејќи во предизборниот период и за време на кампањата поднеле преку 170 претставки за различни повреди до надлежните државни институции кои воопшто не ги разгледувале или веднаш ги отфрлиле.
Додека се чекаше конечната одлука на раководството експертите имаат спротивни мислења за опцијата за враќање на пратеничките мандати.
Ние сме имале Парламент без опозиција, но тоа е веќе завршено, затоа што земјата претендира да биде членка на НАТО и на ЕУ, а демократска Европа не признава парламент без опозиција.Исмет рамадани, политички аналитичар.
Аналитичарот Кире Василев коментира дека со враќањето на мандатите се испраќа порака - Меѓународната заедница да се позанимава со политиките процеси во Македонија.
„Со тоа мислам дека СДСМ сака да привлече внимание од меѓународната заедница, затоа што меѓународната заедница е прилично нема во контекст на ова што се случува во Македонија, а меѓународната заедница е најчесто активна кога имаме некоја политичка криза која ги парализира институциите.“
Аналитичарот Исмет Рамадани дополнува дека опцијата за враќање на политичките мандати може да ги загрози европските и евроатланските аспирации на земјата.
Тогаш се оди на парцијални избори и се бираат онолку пратеници колку што фалат во парламентот. На пример во Изборна единица ќе има нови избори за 7 пратеници колку што СДСМ освоија.Владимир Божиновски, политички аналитичар.