Достапни линкови

Вашингтон екстремно загрижен за Украина


Белата куќа изрази „екстремна загриженост“ за влошувањето на ситуацијата на југот на Украина. Во истовреме, главниот командант на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав, оцени дека на југоистокот на Украина се одвива истото сценарио на Москва како при анектирањето на Крим.

Главниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав, изјави дека веќе не мисли оти регуларни руски сили ќе извршат инвазија во источна и јужна Украина.

Неговите предвидувања се дека Москва би можело да ги постигне своите цели во Украина со користење неконвенционални сили кои би ги поттикнале проблемите и би ги забрзале несаканите настани во тие украински региони.
американскиот генерал Филип Бридлав
американскиот генерал Филип Бридлав

Според генерал Бридлав, веќе било сосема јасно дека таму сега оперирале руски специјални сили како што тоа било пред руската анексија на Крим. Тој потсети дека рускиот претседател Владимир Путин во почетокот го негирал тоа, но оти сега признава дека на Крим имало руски војници.

„Видовме руска војска која вежба и која е на готовс, позиционирана на граница и потоа до нејзино минување на меѓународната граница, до наметнување на волја врз суверена држава и анектирање на дел од таа суверена држава“, изјави генерал Бридлав, додавајќи дека исто тоа сега се случува во источна Украина.
Нашите раце и нозе се врзани, поради цивилното население околу нас. Некои не поддржуваат, некои не. Некои ги поддржуваат Русите, некои не. Како и да е, украинските сили не можат да пукаат врз цивили. Таквото наше ограничување го користи непријателот.
Арсен Аваков, украински министер за внатрешни работи


Официјален Вашингтон изрази екстремена загриженост за проширувањето на немирите во јужното украинско пристаниште Одеса, каде што украинските власти се обидуваат повторно да воспостават контрола врз градот.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, изјави дека можното губење на Одеса ја истакнува потребата од итна деесаклација на насилствата во Украина. Тој наведе дека Русија би требало да вложи дипломатски напори за да се намалат тензиите во тој регион.

Карни исто така додаде дека украинските власти мора да спроведат целосна истрага за палењето на зградата на Домот на синдикатите во Одеса кога во петокот загинаа над 40 луѓе, главно проруски активисти.

Во меѓувреме, Киев испрати елитна единица на националната гарда во Одеса во обид да го спречи ширењето на борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти при што имало загинати и ранети и на двете страни.
Властите соопштија дека специјалните сили ќе ги заменат локалните полицајци кои во текот на викендот не успеале да се справат со насилствата.

„Таму се одвива војна против нас на наша територија. Нашите раце и нозе се врзани поради цивилното население околу нас. Некои не поддржуваат, некои не. Некои ги поддржуваат Русите, некои не. Како и да е, украинските сили не може да пукаат врз цивили. Таквото наше ограничување го користи непријателот. Тој се крие зад цивилите и пука врз нас“, вели украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, кој ги посети украинските војници кои се борат против проруските сепаратисти во близина на градот Славјанск.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG