Во источна Украина продолжуваат немирите, додека владините сили ја продолжуваат „антитерористичката“ операција против проруските бунтовници кои држат владини згради во низа источни градови. Вчера украинските сили ја зазедоа зградата на безбедносните служби и телевизиска станица во Краматорск, а во Донецк, про-руските сепаратисти упаднаа во базата на безбедносните служби. Судири имало и во градовите Мариупол и Констјантјнивка. Повеќе од 50 лица загинаа за два дена во насилствата во источна Украина. Повеќето од жртвите загинале во пожарот во синдикалните згради во Одеса на 2 мај.
Ова е најлошото крвопролевање во Украина од февруари, кога повеќе од 80 лица беа убиени за време на протестите во Киев против соборениот претседател Виктор Јанукович.
Портпаролот на руската влада Дмитриј Песков вчера изјавави дека сега е „апсурдно“ да се одржат планираните претседателски избори во Украина на 25 мај.
Американскиот државен секретар Џон Кери, во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи , Сергеј Лавров , потврдил дека ќе следуваат нови санкции за Русија, доколу продолжи да ги поддржува сепаратистите.
Во изјава, пак, шефицата за надворешна политика на Европската унија , Кетрин Ештон, побара сите да се воздржат и да не ја користат трагедијата во Одеса за разгорување на омразата , поделбата и бесчувствителното насилство“.
Ештон , исто така, повика на „независна истрага“ за насилствата.
Во меѓувреме, беа ослободени седумте набљудувачи на ОБСЕ кои беа држени од страна на про-руските сепаратисти во Славјанск.
Еден од седумте набљудувачи Чехот Јозеф Преровски изјави дека првите часови од нивното заробеништво ги поминале во подрумот со врзани раце и очи.
Сите да се воздржат и да не ја користат трагедијата во Одеса за разгорување на омразата , поделбата и бесчувствителното насилство.Кетрин ештон, ЕУ.