Достапни линкови

Штајнакер - одговорност од сите за излез од сложената ситуација


Градоначалникот на Струга Зиадин Села се сретна со германската амбасадорка Гудрун Штајнакер во Струга.
Градоначалникот на Струга Зиадин Села се сретна со германската амбасадорка Гудрун Штајнакер во Струга.

Актуелната ситуација во Македонија е сложена и потребна е активност од сите политички чинители истата да биде надмината, изјави германската амбасадорка Гурдун Штајнакер, по средбата со струшкиот градоначалник Зијадин Села.

Актуелната ситуација во Македонија е сложена и потребна е активност од сите политички чинители истата да биде надмината, е оценката на германската амбасадорка во Македонија Гурдун Штајнакер.Таа во Струга имаше средба со градоначалникот Зијадин Села кој е во отворен конфликт со лидерот на неговата матична партија, Мендух Тачи.
Ситуацијата мислам дека е сложена и затоа истата бара голема одговорност од сите политичари и на сите партии. Се надевам, а подготвена е и Германија да помогне, да се најде што подобро решение за целата држава и за сите нејзини граѓани без разлика.
Гурдун Штајнакер, германска амбасадорка во Македонија.


„Ситуацијата мислам дека е сложена и затоа истата бара голема одговорност од сите политичари и на сите партии. Се надевам, а подготвена е и Германија да помогне, да се најде што подобро решение за целата држава и за сите нејзини граѓани без разлика. Ништо друго не е потребно освен одговорност и решенија кои се добри за сите, не само за некои.“


РСЕ:Сметате ли дека во овој момент на опозицијата и е потребен бојкот?
Треба да заврши оваа работа околку коалиции и ќе има конкретни чекори околу реформирање на ДПА. Од сега па натаму ќе биде многу поправедна, потранспарентна и победничка политичка опција.
Зијадин Села, градоначалник на Струга.


„Јас нема да кажам ништо на ова, бидејки тоа не е моја работа и задача“, рече Штајнакер.

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села, изјавата на Тачи пред неколку дена дека не ги прифаќа барања за оставка од негова страна, ги смета за негова лична работа. Села вели дека во наредниот период ќе следи процес на реформирање на ДПА.

„Тоа е негов проблем што не ја прифаќа, тоа останува, бидејќи моето барање за конгрес значи да бидеш транспарентен и отворен кон своите гласачи и активисти кои ги имаш. Ако некои се плаши од конгрес од своите луѓе, мислам дека нема што друго да коментирам. Со лични обвинувања не се занимавам.

РСЕ: Кои ќе бидат вашите следни чекори?

„Треба да заврши оваа работа околку коалиции и ќе има конкретни чекори околу реформирање на ДПА. Од сега па натаму ќе биде многу поправедна, потранспарентна и победничка политичка опција“, рече Села.

И ДУИ и ДПА сакаат да бидат дел од новата Влада, но стружани сметаат дека ниту една албанска партија ништо не прави за правата на Албанците во Македонија.

„Моментално ништо не прават, се стагнира, ништо не се презема во корист на Албанците и за правата на Албанците. Се е тоа само политика и ништо друго“, рече еден стружанец.

„Мислам дека ДПА нема зошто да влезе во Влада, бидејки нема гласачко тело. Треба да имаш гласачи за да влезеш во Влада.Тоа сега му е полесно на ДУИ, а како ќе бидат работите не знаеме. Она што се случува внатре во ДПА? Не е добро ни од Тачи ниту од градоначалникот.Треба да најдат заеднички јазик ако сакаат да излезат од оваа недозавршена работа. Инаку не гледам ништо добро во тоа“, вели граѓанин на Струга.
XS
SM
MD
LG