Попладнево стартуваат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за нова влада. Тимот на Ахмети е познат, за разлика од оној на ВМРО-ДПМНЕ. Целата коалициската слика на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ја заматува ДПА.
Се очекува тимот на ВМРО-ДПМНЕ да го води Емил Димитриев, но од партијата велат дека се уште не е донесена конечната одлука. Димитриев ги водел разговорите со другите коалициони партнери, но сега од партијата чекаат на развој на работите со СДСМ, за да одлучат тој ќе го предводи нивниот тим.
ДУИ веќе ги објави своите преговарачи. Од таму велат дека ги знаат и своите противници, но не е нивно да ги откриваат. На преговорите партијата ќе настапи со предизборната платформата. ДУИ во кампањата вети дека ќе се застапи за официјализирање на албанскиот јазик, рамковен буџет, една од трите главни функции во државата да биде нивна, уставни измени, претседателот на државата да се избира во Собранието. Што се однесува до можноста Тачи да биде дел од владата, од ДУИ велат дека такво нешто не е можно, оти се знае како се прави влада, а ДПА нема освоено мнозинство од албанските гласови.
Груевски пред средбата со Ахмети имаше и средба со Тачи. Дел од медиумите јавија дека Груевски добил уверување дека ќе добие поддршка и доколку ДПА не биде дел од Владата. После средбата Груевски-Ахмети беше издадено соопштение, но и после средбата на Груевски со Тачи.
Груевски игра топло ладно меѓу двете албански политички партии, вели политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.
„Во овој момент се поблиска е можноста да се отворат преговори со ДУИ кои ќе бидат држани постојано во сенка од можноста да се даде понуда која не може да биде прифатена од страна на господинот Груевски и тоа да се искористи за приближување кон ДПА“, вели Зеколи.
Оваа ситуација потсетува на оваа од 2006-та, кога ДПА стана партнер во владата, иако немаше доволен број на пратеници, вели аналитичарот и новинар Џељал Незири. Но овој пат ВМРО-ДПМНЕ не може да се дозволи ДУИ да биде надвор од владата, вели Незири.
„Во овој случај Груевски го користи Тачи за да ги амортизира позициите на Ахмети, што мислам дека тешко ќе успее, заради тоа што ако ДУИ остане надвор од власта, ќе значи партнер повеќе за СДСМ во предизвикување криза, а тоа веројатно не оди во полза на ВМРО-ДПМНЕ.“
Тој вели дека работите ќе беа многу поинакви за ДПА доколку освоеше минимум 11 пратеник и доколу партијата на Руфи Османи имаше тројца пратеници, тогаш ВМРО-ДПМНЕ без проблем ќе ги поканеше во владата.
Зеколи вели дека овие разговори се користат и да држат тензија за да се оттргне вниманието од бојкотот на опозицијата. Но на есен се можни некои промени, вели Зеколи.
„Најавата на господинот Ахмети за одржување на нови избори во октомври или ноември наесен поради нерешливоста на кризата од бојкотот на собранието од страна на СДСМ.“
И ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ освоија повеќе пратенички мандати за разлика од минатите избори, па се очекува барањата и на двете партии да бидат максималистички.
Во овој момент се поблиска е можноста да се отворат преговори со ДУИ кои ќе бидат држани постојано во сенка од можноста да се даде понуда која не може да биде прифатена од страна на господинот Груевски и тоа да се искористи за приближување кон ДПА.Арсим Зеколи, политички аналитичар.
Се очекува тимот на ВМРО-ДПМНЕ да го води Емил Димитриев, но од партијата велат дека се уште не е донесена конечната одлука. Димитриев ги водел разговорите со другите коалициони партнери, но сега од партијата чекаат на развој на работите со СДСМ, за да одлучат тој ќе го предводи нивниот тим.
ДУИ веќе ги објави своите преговарачи. Од таму велат дека ги знаат и своите противници, но не е нивно да ги откриваат. На преговорите партијата ќе настапи со предизборната платформата. ДУИ во кампањата вети дека ќе се застапи за официјализирање на албанскиот јазик, рамковен буџет, една од трите главни функции во државата да биде нивна, уставни измени, претседателот на државата да се избира во Собранието. Што се однесува до можноста Тачи да биде дел од владата, од ДУИ велат дека такво нешто не е можно, оти се знае како се прави влада, а ДПА нема освоено мнозинство од албанските гласови.
Во овој случај Груевски го користи Тачи за да ги амортизира позициите на Ахмети, што мислам дека тешко ќе успее, заради тоа што ако ДУИ остане надвор од власта, ќе значи партнер повеќе за СДСМ во предизвикување криза, а тоа веројатно не оди во полза на ВМРО-ДПМНЕ.Џељал Незири, аналитичар и новинар.