Македонија би можела да се надева на поголемо производство на електрична енергија од обновливи извори и нуклеарна централа дури по 2030 година, вели академик Глигор Каневче, македонски експерт по енергетика и координатор на енергетската стратегија на земјава. Според него, по петнаесет години економски поисплатливо ќе биде да се инвестира во нуклеарки од поновите генерации кои ќе произведуваат и помалку количини струја.
„Нуклеарната енергија како опција во Македонија би била интересна дури по 2035 година. Дотогаш се очекува дека ќе биде развиена четвртата генерација на нуклеарни електрани и економски ќе биде прифатлива. Таа ќе имаат три основни предности –исклучително висока сигурност, ќе се произведува и во помали единици од 300, 400 и 500 мегавати за разлика од третата генерација каде се одеше на илјада и пол мегавати и трето тоа што или ќе немаат или ќе имаат многу малку нуклеарен отпад“, изјави Каневче.
Според него, производството на струја од обновливите извори на енергија се повеќе ќе продира. Но, анализите покажуваат дека во Македонија некаде до 2030 економски ќе постане поисплатливо луѓето на своите домови да поставуваат фотонапонски ќелии за производство на електрична енергија.
„Инаку заинтересирани инвеститори за централи на сончева и ветерната енергија за производство на електрична енергија има многу, но технологиите се се уште скапи и можат да се градат исклучително со субвенции од државата. Со оглед дека Македонија не е производител на таа опрема, на тој план не би смеела да има преголеми амбиции. Тоа сепак на крај излегува скапо и се сведува да го плаќаат сите потрошувачи преку цената на електрична енергија“, додава Каневче.
До 2030 година за Македонија и понатаму енергетски стожер на кој ќе се потпира ќе биде термоцентралата РЕК „Битола“.
„На РЕК „Битола“ се смета во полн капацитет најмалку до 2030 година, тоа е сепак наш базен енергетски објект и се прават сите напори да се обезбеди доволно количество јаглен за да можат ревитализираните блокови да работат до 2030 година“, додава експертот.
Нуклеарната енергија како опција во Македонија би била интересна дури по 2035 година.Академик Глигор Каневче.