Новите начини за затоплување на домовите, институциите и други објекти во Битола се едни од главните ветувања на кандидатите за градоначалници во градот под Пелистер на годинaшните локални избори. На оваа тема деновиве се судрија локалната власт предводена од битолскиот градоначалник Владимир Талески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за трет градоначалнички мандат, и локалната опозиција на чело со СДСМ.
Главни адути на Талески во кампањата се топлификација на Битола преку комбинатот РЕК и гасификација.
„Најважниот дел кој доаѓа перспективно е гасификацијата што ја води Владата на Македонија. Но, за Битола, Новаци и Могила важна е и топлификацијата. Се уверивме дека во нашиот рударско-енергетски комбинат веќе во самата конструкција предвиден е дел за топлификација. Вакви примери има и во соседна Србија и во Грција, граѓаните имаат 24 часа греење во своите домови, три пати поевтино од кое било друго затоплување“, изјави Талески.
Според портпаролот на СДСМ во Битола Оливер Николоски, Талески на претходните избори ветуваше топловод кој не го изгради, а сега зборува за топлификација. Што се однесува на гасоводот, опозиционерите велат дека нивниот кандидат за градоначалник Менде Диневски тоа го ветил пред повеќе месеци.
„Еден од најдолго ветуваните проекти на Талески и ВМРО-ДПМНЕ промовиран уште во 2006 година започна помпезно и заврши со закопани 50 метри цевки, низ кои и по седум години топла вода не протече. Во меѓувреме, нашите пратеници во неколку наврати поднесоа амандмани, но за жал нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против. Гасификацијата е еден од врвните приоритети кои нашиот кандидат за градоначалник Менде Диневски го вети уште пред половина година“, изјави Николоски.
Во меѓувреме додека продолжуваат партиските натегања околу топлификацијата, статистиките покажуваат дека голем дел од битолчани се греат на струја и дека има домови кои плаќаат сметки повисоки и од фирмите. За жал, досега топлинската пареа од РЕК која можеше да се употреби за греење на градот, триесетина години остана неискористена.
Се уверивме дека во нашиот рударско-енергетски комбинат веќе во самата конструкција предвиден е дел за топлификација.Владимир Талески, градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ.
Главни адути на Талески во кампањата се топлификација на Битола преку комбинатот РЕК и гасификација.
„Најважниот дел кој доаѓа перспективно е гасификацијата што ја води Владата на Македонија. Но, за Битола, Новаци и Могила важна е и топлификацијата. Се уверивме дека во нашиот рударско-енергетски комбинат веќе во самата конструкција предвиден е дел за топлификација. Вакви примери има и во соседна Србија и во Грција, граѓаните имаат 24 часа греење во своите домови, три пати поевтино од кое било друго затоплување“, изјави Талески.
Гасификацијата е еден од врвните приоритети кои нашиот кандидат за градоначалник Менде Диневски го вети уште пред половина година.Оливер Николоски, портпарол на СДСМ Битола.