Деновиве загадувањето со ситна прашина во амбиенталниот воздух во Битола се искачи десет пати над дозволеното. Освен чадот од огништата и издуваните гасови во сообраќајот, граѓаните се прашуваат колку загадува РЕК „Битола“? Еве што велат жителите од село Новаци, оддалечено на два километри од комбинатот.
„Во зима, посебно наутро е многу тешко дишењето. Преку денот е подобро зашто дувнува некое ветерче. Кога е топло и тогаш е тешко. Мириса од оџакот од РЕК. Секој може да почувствува, од чадот, од јагленот, се таложи и дишењето е многу тешко. Кога на стаклото од автомобилот ќе тргнам со прстот се гледа црнило“, вели Симе Вељановски.
„Има навечер чад и магла, мирис на РЕК. Фаќаат кашлици, посебно кога е мирно времето и кога чадот слегува надолу“, вели Пеце Стојановски.
„Воздухот не е квалитетен. Најтешко е преку зима, се јавуваат кашлици кои постарите ги фаќаат помалку, а децата почесто“, изјави Драгица Кузмановска од Новаци.
Од РЕК велат дека редовно вршат мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух на три пункта околу комбинатот и резултатите покажуваат вредности во рамки на максимално дозволените граници. Тоа, велат е резултат на модернизацијата и автоматизацијата на блоковите што значи намалена емисија на штетни честички во околината.
Од комбинатот посочуваат дека започната е модернизација на котлите што значи целосна промена на јагленовиот тракт, намалување на нивото на штетните емисии, инсталирање на опрема за континуиран мониторинг на емисија на штетни честички и редица други зафати. Со целосната реализација на проектот, од РЕК велат дека ќе ги исполнат најстрогите европски директиви за заштита на животната средина.
Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески вели:
„Со нашата инспекција подготвуваме тендер кој ќе значи стручна служба - форма која во следните година-две ќе има неколку мерни станици низ општината. Вака е тешко на памет да се каже кој е точниот загадувач. По тоа податоци ќе можеме директно да реагираме кај големите загадувачи со помош на Министерството за животна средина“, изјави Талески.
Од чадот, од јагленот, се таложи и дишењето е многу тешко. Кога на стаклото од автомобилот ќе тргнам со прстот се гледа црнило.Симе Вељановски, жител на Новаци.
„Во зима, посебно наутро е многу тешко дишењето. Преку денот е подобро зашто дувнува некое ветерче. Кога е топло и тогаш е тешко. Мириса од оџакот од РЕК. Секој може да почувствува, од чадот, од јагленот, се таложи и дишењето е многу тешко. Кога на стаклото од автомобилот ќе тргнам со прстот се гледа црнило“, вели Симе Вељановски.
„Има навечер чад и магла, мирис на РЕК. Фаќаат кашлици, посебно кога е мирно времето и кога чадот слегува надолу“, вели Пеце Стојановски.
Вака е тешко на памет да се каже кој е точниот загадувач. По тоа податоци ќе можеме директно да реагираме кај големите загадувачи со помош на Министерството за животна средина.Владимир Талески, градоначалник на Битола.