Достапни линкови

Кој го загадува воздухот во Битола?


Oфицијалната интернет страница на Министерството за животна средина покажува дека воздухот во Битола е загрижувачки загаден. Од Дирекцијата за заштита на животната средина немаат прецизни податоци на што се должат алармантните податоци.

Згрижувачки параметри за загаденоста на воздухот во Битола веќе дваесетина дена прикажува официјалната интернет страница на Министерството за животна средина. Во повеќе наврати беше измерена од 10 до 20 пати поголема загаденост на воздухот со ситна прашина од дозволеното. Најалармантни беа податоците од 19 до 23 јуни кога воздухот во градот на моменти содржел и до 1000 микрограми на метар кубен загадувачки честички иако дозволената гранична вредност е до 50. Викендов повторно беа измерени дури 500 микрограми.
Се чувствува уште во раните утрински часови, а на пладне е страшно, неподносливо. Се чувствува и мирисот и спарнината. Нетипично за овој временски период во Битола.
Анкетриран граѓанин.

Станува збор за ситна прашина или суспендирани честички кои според упатствата на интернет страницата, можат да бидат едни од најтешките загадувачки супстанци во воздухот. Имаат дијаметар помал од 10 микрограми и можат да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето.

Дел од битолчани се жалат дека дека чувствуваат тешкотии во дишењето.

„Често одам во амбуланта, среќавам луѓе, гужва, кашлаат. Дали на сред лето е од алергија или од загаденоста на воздухот, не знам што е оваа гужва.“
Имаме дојава дека инструментите покажуваат зголемено присуство на суспендирани честички. Но, не можам да кажам што е причината. Минатиот пат беше неисправен апаратот, дали е сега пак случај не можам да кажам. Но, ако има циклонска активност, струење на ветрови, може да е исклучиво прашина од жетвени активности.
Фирус Мемед, Дирекција за заштита на животната средина.

„Се чувствува уште во раните утрински часови, а на пладне е страшно, неподносливо. Се чувствува и мирисот и спарнината. Нетипично за овој временски период во Битола.“

„Мирисаше, видете и како е затемнат воздухот.“

„Загаден е воздухот, има енергетски комбинат во близина, има многу возила.“

Од општина Битола прво рекоа дека медиумите непотребно ја направиле приказната за загаденоста на воздухот зашто најверојатно податоците не биле точни заради неисправност на мерната станица. Но, откако парамерите продолжија да се повторуваат и по сервисирањето, велат дека оваа тоа не е во нивна надлежност.

„Локалната самоуправа апсолутно нема никаква ингеренција. Ниту има алатки, ни механизам за надгледување или сервисирање. Бидејќи гледам дека таа приказна се проширува би ве упатил до надлежните, до министерството зашто немам прецизни релевантни податоци за да излезам со нив во јавноста- рече битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Од Дирекцијата за заштита на животната средина велат дека мерната станица веќе е севисирана и немаат прецизни податоци на што се должат новите алармантни податоци.

„Имаме дојава дека инструментите покажуваат зголемено присуство на суспендирани честички. Но, не можам да кажам што е причината. Минатиот пат беше неисправен апаратот, дали е сега пак случај не можам да кажам. Но, ако има циклонска активност, струење на ветрови, може да е исклучиво прашина од жетвени активности“, вели директорт Фирус Мемед.

Инаку, мерната станица која ги дава податоците е на влезот на Битола, на 13 километри оддалечена од РЕК Битола. Од комбинатот велат дека вршат редовни мереа и загадувачките супстанци се во рамки на дозволеното. Другата мерна станица во Битола не работи подолго време, па не може да се направи споредба на податоците.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG