Колку во суштина се знае за загадување на воздухот во Македонија. Ова е прашање кое се почесто се поставува. Во Битола неколку дена по ред интернет страницата на министерството за животна средна покажува загрижувачки податоци за загаденоста на воздухот со ситен прав. Надлежните ќе ја сервисираат мерната страница, а општината засега не презема мерки туку ќе почека да се сервисира опремата. Загадувањето на воздухот беше поприличен проблем минатaта зима и во Скопје кога мерниот инструмент во Центар покажуваше загрижувачки податоци, но подоцна истиот беше отстранет поради дефект и никогаш не беше вратен.
Експертите велат дека се донесени бројни закони, но дека околината ја загадуваме уште повеќе.
Александра Каракашова дипломиран инжинер за животна средина вели дека во последно време се повеќе се зборува дека е важно да се држиме до прописите донесени од надлежните институции но дека, за жал, според досегашните искуства може да се каже дека малку за ова се води сметка
„Според студиите и според дозволите што ги имаат индустриските капацитети правно се е регулирано како што треба, се е супер. Мислам дека не тоа што е внатре напишано Министерството за животна средина треба да си поведе контрола и да види дали е се така како што е напишано.“
Освен од емисијата гасови кои доаѓаат од оџаците на индустриските капацитети својата популарност загадувањето најмногу ја должи и на намалувањето на зелени површини, градењето објекти без обезбедена заштита од прашина и воопшто отсуство на еколошка свест, коментираат граѓаните.
„По однос на зелените површини мислам дека е катастрофа, дека екологијата нема никаква смисла, дека воопшто за тоа никој не води сметка, сè се исцементира, сè се загади“, вели анкетиран граѓанин.
Истражувања за влијанието на квалитетот на воздухот врз здравјето не се напрвени. Но предупредувањата за загадувањата како малку до кого да допираат. Каракашова вели дека во Македонија постои еколошка свест, но дека изостанува посериозна реакција од еколошките здруженија поради нивната финансиска зависност.
„Зависи од финансиските средства и од политичките определби, најверојатно.“
Во повеќе наврати исто така се споменува дека се поголем проблем стануваат илегалните депонии на отпад на кои не се внимава што се фрла и во кои количини, што е опасно за здравјето на сите што живеат во околината. Во Тетово повеќе години е познат проблемот со депонијата во градот.
Според студиите и според дозволите што ги имаат индустриските капацитети правно се е регулирано како што треба, се е супер. Мислам дека не тоа што е внатре напишано Министерството за животна средина треба да си поведе контрола и да види дали е се така како што е напишано.Александра Каракашова дипломиран инжинер за животна средина.
Експертите велат дека се донесени бројни закони, но дека околината ја загадуваме уште повеќе.
Александра Каракашова дипломиран инжинер за животна средина вели дека во последно време се повеќе се зборува дека е важно да се држиме до прописите донесени од надлежните институции но дека, за жал, според досегашните искуства може да се каже дека малку за ова се води сметка
„Според студиите и според дозволите што ги имаат индустриските капацитети правно се е регулирано како што треба, се е супер. Мислам дека не тоа што е внатре напишано Министерството за животна средина треба да си поведе контрола и да види дали е се така како што е напишано.“
По однос на зелените површини мислам дека е катастрофа, дека екологијата нема никаква смисла, дека воопшто за тоа никој не води сметка, сè се исцементира, сè се загади.Анкетиран граѓанин.