Најголем дел од вкупно 350 вработени во прилепскиот Мермерски комбинат, поточно рударите од рудникот Сивец во близина на Прилеп, во знак на револт спонтано ја прекинаа работата. Августовската плата им е намалена речиси на сите рудари за суми од најмалку 2.000 па до 5.000 денари. За овој чин од сопствениците на комбинатот, велат, немаат објаснување. Синдикатот побарал, но не добил одговор.
„Ние пред една година штрајкувавме, го потпишаа Колективниот договор, во Колективниот договор не постои дека има норми, а животот ни е секој ден во опасност. Ова овде е рудник, работиме под екстремни услови. Платите просечно ни се по 20.000 денари, а сега сме казнети по 5.000 денари“, вели Трајче Димоски.
Незадоволни се сите вработени во рудникот. Велат, поради честите отпуштања, од работа досега стравувале голем дел од нив, да зборуваат јавно за проблемите и тортурата што ја трпат, но сега повеќе не се плашат, без оглед на последиците.
„Тие како што кажаа, пари 15-20 отсто да ти ја покачат платата, тие 15-20 отсто ни ја намалија платата, нема образложение, тоа е, треба в рудник да појдите и да видите колку е тешка работата“, реагира Рубин Стризлоски.
Претседателот на Синдикатот на Комбинатот Симе Звездакоски, вели дека ова е најголема тортура врз вработените од сопствениците на комбинатот и досега не се памети ваков притисок. Од друга страна, синдикатот е целосно дискриминиран како организација која ги застапува законските права на вработените.
„Се врши, значи, еве како што кажаа и колегите, тортура невидена, страшна работа, страшна, се закануваат секој ден со бркање, значи знаете, вработените кај работат на температури од плус 50, на ниски температури, ај да не кажувам многу, на минус 10, значи ако тој работник не треба да зема плата, нека повелат тие нека дојдат, нека работат, а ние ќе си одиме“, вели првиот синдикалец на Мермерскиот Комбинат, Звездакоски.
Сепак, во присуство на колеги од гранковиот синдикат на ССМ остварена е средба со дел од менаџерскиот тим. Конкретен ефект и договор не е постигнат, вели Звездакоски. Ќе се формира работна група која ќе прави увид за да ги утврди причините за намалување на платата, но не се дефинирани рокови. Се чека да се врати од одмор главниот извршен директор Илијас Ригопулос. А, во негово отсуство и покрај настојувањето и ветувањето, не добивме одговор за проблемите од неговиот заменик Влатко Гешоски.
Реакциите на вработените во Мермерски комбинат не стивнуваат годинава. Но, се чини наместо подобрување, состојбите се влошуваат, работниците се жалат на чист мобинг.
Ние пред една година штрајкувавме, го потпишаа Колективниот договор, во Колективниот договор не постои дека има норми, а животот ни е секој ден во опасност. Ова овде е рудник, работиме под екстремни услови. Платите просечно ни се по 20.000 денари, а сега сме казнети по 5.000 денари.Трајче Димоски, вработен во Мермерен комбинат.
„Ние пред една година штрајкувавме, го потпишаа Колективниот договор, во Колективниот договор не постои дека има норми, а животот ни е секој ден во опасност. Ова овде е рудник, работиме под екстремни услови. Платите просечно ни се по 20.000 денари, а сега сме казнети по 5.000 денари“, вели Трајче Димоски.
Незадоволни се сите вработени во рудникот. Велат, поради честите отпуштања, од работа досега стравувале голем дел од нив, да зборуваат јавно за проблемите и тортурата што ја трпат, но сега повеќе не се плашат, без оглед на последиците.
Се врши, значи, еве како што кажаа и колегите, тортура невидена, страшна работа, страшна, се закануваат секој ден со бркање, значи знаете, вработените кај работат на температури од плус 50, на ниски температури, ај да не кажувам многу, на минус 10, значи ако тој работник не треба да зема плата, нека повелат тие нека дојдат, нека работат, а ние ќе си одиме.Симе Звездакоски, претседател на Синдикатот на Мермерскиот комбинат.