Достапни линкови

Владата му должи на Прилеп


Владата се уште не го уплатила концесискиот надоместок од прилепскиот мермерски комбинат на општинска сметка.

Владата и должи на Општина Прилеп околу 180.000 евра или преку 11 милиони денари, зашто се уште не го уплатила на локалната буџетска сметка приходот во
Значи ако ние задоцниме со уплатата на сумата за потрошена електрична енергија за улично осветлување, ЕВН нам ни пресметува камата. Меѓутоа тоа што таа ни должи приход со задоцнување, уплаќа од најмалку два месеца..ништо. Тука сме нерамноправни во тој третман со ЕВН и би требало како ЗЕЛС, како општини, бидејќи сите имаме таков проблем, да се избориме за еден порамноправен
третман.
висина од 78% од концесискиот надоместок за трите квартали од минатата година што најголемиот концесионер на минерални суровини Мермерски комбинат веќе го уплатил во државната каса. Во општинскиот оддел за финансии се надеваат дека годинава парите ќе бидат уплатени и за последниот квартал, па локалната самоуправа ќе може со овие наменски средства да ги намири долговите кон градежната фирма која што ги гради локалните патишта и улици. Во спротиво долгот кон скопски Гранит кој што е речиси во висина на приходот што треба да се ефектуира ќе стои се до моментот, додека Владата не ја реализира веќе донесената одлука.

„Комбинатот плаќа концесиски надоместоци со откуп на обврзници од денационализација. Таа постапка се остварува преку Министерството за економија, Владата треба да донесе одлука. Одлуката е донесена од Владата, Министерството за финансии треба да ги операционализира односно да ги спрефрли кон нас. Се работи за сума само од Мермерскиот комбинат на 11.425.000 денари“, изјави Драге Ѕвездакоски, ракодовител на општинскиот оддел за финансии и буџет.

По овој основ на концесиски надоместок, општината за минатата година проектирала приход од 29, а инкасирала само 8,4 милиони денари од останатите 32 домашни фирми и 4 концесионери со мешовит капитал. Тие надоместокот го уплатиле на општинската буџетска сметка.
Значи ако ние задоцниме со уплатата на сумата за потрошена електрична енергија за улично осветлување, ЕВН нам ни пресметува камата. Меѓутоа тоа што таа ни должи приход со задоцнување, уплаќа од најмалку два месеца..ништо.

Извесни турбуленции во буџетот предизвикуваат и авансираните уплати на сметката на ЕВН по основ на улично осветлување. Од локалната самоуправа се жалат дека компанијата бара авансирани уплати и фактурира камата за секое задоцнување, а дури по два месеца ги уплаќа парите на сметка на општината.

„Значи ако ние задоцниме со уплатата на сумата за потрошена електрична енергија за улично осветлување, ЕВН нам ни пресметува камата. Меѓутоа тоа што таа ни должи приход со задоцнување, уплаќа од најмалку два месеца..ништо. Тука сме нерамноправни во тој третман со ЕВН и би требало како ЗЕЛС, како општини, бидејќи сите имаме таков проблем, да се избориме за еден порамноправен третман“, забележува Ѕвездакоски.

Прилепската општина, од друга страна, за да ги наплати долговите за повеќе години од дел од 22.000 даночни обврзници кои со години не го плаќаат данокот на имот, поднесува тужби. Дел судски спорови финишираат, а во тек е и присилна реализација на побарувањата. Оние обврзници кои и покрај повеќегодишните долгови покажуваат интерес за намирување на обврската, локалната самоуправа ги ослободува од камата. Инаку, прилепската локална самоуправа за околу 77 отсто успеала да го реализира проектираниот буџет, што значи во 2010 година инкасирала околу 290 милиони денари.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG