Воспоставување, но и интензивирање на бизнис соработката меѓу компаниите и нови, свежи инвестиции во слободната економска зона кај Алинци, како и трите индустриски зони се целите на бизнис средбите меѓу прилепските и турските стопанственици остварени во Истанбул. Прилепската бизнис делегација предводена од Регионалната стопанска комора и локалната самоуправа пред бизнисмените на оваа турска метропола ги презентираше сите потенцијали на Прилеп.
Белиот, надалеку прочуен прилепски мермер сивец, огромни минерални богатства, бенефициите за странски инвеститори кои се нудат во стопанските зони разбудија интерес кај бизнисмените, кои ги разгледуваат и опциите за отворање на рудник во прилепско.
„Имаме технологија за боење на мермерот во 20-ина бои, затоа особено сме заинтересирани да испитаме дали прилепскиот бел мермер, одговара за примена на оваа технологија. Имаме намера да дојдеме во Македонија, па ако се покаже дека може да го работиме овој бизнис, ќе отвориме свој погон во Прилеп“, вели турскиот бизнисмен, Мустафа Одрун.
И Џејгун Чалушка се носи со идеја да инвестира во Прилеп.
„Се занимавам со текстил овде во Турција. Но, сакам или во Прилеп, или во моето родно село Канатларци, да отворам погон, фабрика за текстил. Размислувам и за градење на хотелски капацитети во Прилеп“, вели Чалушка.
Додека Мустафа Берикетли, кој е член на турската бизнис асоцијација ДЕИК, оценува дека би биле исплатливи заеднички инвестиции во сферата на земјоделството и сточарството.
„Постоечките длабоки релации меѓу Македонија и Турција на секој план, а особено во историјата и културата, сакаме и економски да зајакнат. Треба да се трудиме особено во делот на земјоделството и сточарството проблемите кои постојат да се надминат, за да бидат поуспешни релациите во тие сектори“, смета Берикетли.
Од ДЕИК најавија наскоро возвратна посета во Прилеп.
„Ние мислиме дека по два до три месеци ќе бидеме гости во вашата општина и можеби ќе направиме поголема соработка со вашите бизнисмени“, вели Хасан Оџбан, претседател на секторот за македонско-турска соработка во ДЕИК.
Делегацијата од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески во Истанбул ги презентираше потенцијалите на градот, а Општина Прилеп се збратими и со истанбулската Општина Бакиркој. И од локалната самоуправа негуваат надежи дека турските бизнисмени ќе инвестираат во Прилеп. Во насока на развој на стопанството според локалната самоуправа се и новите законски регулативи. И Генералниот урбанистички план го става акцентот врз инвестирањето, па за преку 400 хектари се зголемени површините за изградба на нови фабрики.
Во рамки на оваа посета, делегацијата оствари средби и со Македонците кои живеат во Истанбул.
„Еј, Македонија...еј, земја далечна...“ Вака низ песна, ја опиша својата тага за родната земја, Реџеп Шаркиќ роден во долненското село Канатларци. А, неговите земјаци тагуваат по родното место и сонуваат што поскоро да го почувствуваат мирисот на родната земја.
„А, бе душава ми е таму, оти сум роден таму, сè таму мислам.“
„Сите соседи што ги гледате овде, тие овде живеат, ама срцето им е таму.“
„Секоја година таму одиме, оти од таму се оженив, оти нашата, фамилијата од жена ми многу голема е, кога ќе се вратиме малку ни е тешко.“
„Шест години не сум бил во Македонија, оваа година сто по сто ќе бидеме, поздрав за сите во Македонија.“
Вака често се среќаваат, евоцираат спомени, но и ги планираат своите следни посети, дел од околу 2.000 Македонци од долненско Канатларци, кои денес живеат во истанбулската Општина, Бајрам Паша, позната и како Мало Канатларци.
Имаме технологија за боење на мермерот во 20-ина бои, затоа особено сме заинтересирани да испитаме дали прилепскиот бел мермер, одговара за примена на оваа технологија. Имаме намера да дојдеме во Македонија, па ако се покаже дека може да го работиме овој бизнис, ќе отвориме свој погон во Прилеп.Мустафа Одрун, турски бизнисмен.
Белиот, надалеку прочуен прилепски мермер сивец, огромни минерални богатства, бенефициите за странски инвеститори кои се нудат во стопанските зони разбудија интерес кај бизнисмените, кои ги разгледуваат и опциите за отворање на рудник во прилепско.
„Имаме технологија за боење на мермерот во 20-ина бои, затоа особено сме заинтересирани да испитаме дали прилепскиот бел мермер, одговара за примена на оваа технологија. Имаме намера да дојдеме во Македонија, па ако се покаже дека може да го работиме овој бизнис, ќе отвориме свој погон во Прилеп“, вели турскиот бизнисмен, Мустафа Одрун.
И Џејгун Чалушка се носи со идеја да инвестира во Прилеп.
Се занимавам со текстил овде во Турција. Но, сакам или во Прилеп, или во моето родно село Канатларци, да отворам погон, фабрика за текстил. Размислувам и за градење на хотелски капацитети во Прилеп.Џејгун Чалушка, турски бизнисмен.