Тие бараат државата да создаде амбиент за нивен развој и успешен премин од лон кон сопствено производство, како единствена сигурна гаранција за опстанок на овој нивен бизнис во рамки на Европската Унија. Околу 95 отсто од 25-те прилепски конфекции засега работат исклучиво лон производство за странски партнери. А, само 4-5 фирми имаат сопствен бренд кој што го пласираат на домашниот, додека
конфекцијата Васидора со грчки капитал и на европскиот пазар.
„Во смисла на финансиска помош, во смисла на помош од страна на институциите за вработување, помош при вработување, финансиска помош при инвестиции, затоа што текстилната индустрија бара осовременување на технологијата на работа. Ние се уште како работодавци финансиски не сме толку способни, да сами инвестираме. Текстилот е ниско-акумулативна гранка која не дозволува акумулација за нови инвестиции“,вели Благоја Конески, претседател на прилепската секција на текстилци при Регионалната стопанска комора.
Според оценките на секцијата, државата треба да води жестока борба со нелојалната конкуренција, зашто и натаму се врши паушално царинење на кинеската стока која во енормни количества се внесува во државата. Доколку се царини секое конфекциско парче по фактура, оваа неквалитетна стока нема ни малку да биде конкурентна со легалното производство.
Освен тоа конфекционерите бараат државата да продолжи со реализацијата на Законот за намалување на придонесите, усвоен на почеток на економската криза пред три години.
„Беше предвидено, крупниот процент на придонеси и персонален данок како основни давачки од бруто платата, да се намалат некаде за 30 отсто од бруто платата и постепено се одеше со 10,11,12 отсто, меѓутоа се стопира. Првата година се намалија за 10, втората требаше за 11.“
„Само 10 отсто од бруто платата, а од нето платата се многу повеќе, што навистина придонесе да се стимулираат работодавците да има нови вработувања и да се легализираат непријавените“,оценува Конески.
Што се однесува до новите инвестиции, текстилците бараат поволни банкарски услови. Велат дека би се одлучиле за набавка на нови машини и современи технилошки линии, само доколку наменските кредити од Светска банка не се трансферираат преку комерцијалните, туку преку Македонската банка за обнова и равој. Зашто комерцијалните банки им наплаќаат високи каматни стапки кои не ги охрабруваат да се одлучат на инвестициони чекори. А, секоја инвестиција би значела и нови вработувања и можност за зголемување на сегашната просечна плата на вработените од околу 9.000 денари.
Во Прилеп во оваа ниско-кумулативна гранка, својата егзистенцијата ја обезбедуваат преку 2.500 работници. Бидејќи оценка е дека економската криза изминува, веќе нема закани за нивните работни места, иако речиси половината изминативе три години повремено остануваа без работа.
Во смисла на финансиска помош, помош при вработување, финансиска помош при инвестиции, затоа што текстилната индустрија бара осовременување на технологијата на работаБлагоја Конески, Регионална стопанска комора
конфекцијата Васидора со грчки капитал и на европскиот пазар.
„Во смисла на финансиска помош, во смисла на помош од страна на институциите за вработување, помош при вработување, финансиска помош при инвестиции, затоа што текстилната индустрија бара осовременување на технологијата на работа. Ние се уште како работодавци финансиски не сме толку способни, да сами инвестираме. Текстилот е ниско-акумулативна гранка која не дозволува акумулација за нови инвестиции“,вели Благоја Конески, претседател на прилепската секција на текстилци при Регионалната стопанска комора.
Според оценките на секцијата, државата треба да води жестока борба со нелојалната конкуренција, зашто и натаму се врши паушално царинење на кинеската стока која во енормни количества се внесува во државата. Доколку се царини секое конфекциско парче по фактура, оваа неквалитетна стока нема ни малку да биде конкурентна со легалното производство.
Освен тоа конфекционерите бараат државата да продолжи со реализацијата на Законот за намалување на придонесите, усвоен на почеток на економската криза пред три години.
„Беше предвидено, крупниот процент на придонеси и персонален данок како основни давачки од бруто платата, да се намалат некаде за 30 отсто од бруто платата и постепено се одеше со 10,11,12 отсто, меѓутоа се стопира. Првата година се намалија за 10, втората требаше за 11.“
РСЕ: Значи од 30 намалени се само 10 отсто?
„Само 10 отсто од бруто платата, а од нето платата се многу повеќе, што навистина придонесе да се стимулираат работодавците да има нови вработувања и да се легализираат непријавените“,оценува Конески.
Беше предвидено, крупниот процент на придонеси и персонален данок како основни давачки од бруто платата, да се намалат некаде за 30 отсто од бруто платата и постепено се одеше со 10,11,12 отсто, меѓутоа се стопираБлагоја Конески, Регионална стопанска комора