Прилепските стопанственици воспоставија контакти со украинските бизнисмени од Чернигов и Киев, при неодамнешната посета на делегациите од Регионалната стопанска комора и локалната самоуправа. Потпишан е Меморандум за соработка, остварени се и првите ефекти во тектистилната бранша, но се очекуваат многу други поволности во иднина.
„Тоа што го чувме и видовме за тој кус временски период и добивме како информации од колегите, локалните раководни личности на Чернигов и Киев и дел од нашата амбасада, од посета на системи и трговски синџири во двата града, за нас се добра подлога, многу значајни сознанија за почеток на пробив на тој украински пазар, кој што е вонредно битен за нашето стопанство во Општинава и Републикава, особено кога се има предвид украинското пријателско расположение“, вели Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора.
Тој додава дека украинските бизнисмени покажале интерес за прехранбената, текстилната и тутунската индустрија. Но, перспективи на овој пазар имаат сите стопански субјекти.
„Оваа посета е посебно важна од тој аспект што Украина и Македонија потпишаа Спогодба за слободна трговија која е во функција, без царинско оптоварување, значи речиси 90 и повеќе проценти се создадени сите предуслови, да се изнајдат допирните точки и да се воспостави долгорочна соработка со стопанственици од таа земја“,
додава Наумоски.
Освен тоа, како што оценува градоначалникот Марјан Ристески, има реални шанси за проширување на соработката на туристички и културен план, особено откако Прилеп се збратими со украинскиот град Чернигов.
„Во името на нашиот Економски факултет јас го потпишав договорот за идна соработка, а тоа ќе значи соработка во областа на економските науки, бидејќи многу ни е слична економијата, истражувањата, во областа на размена на студенти, професори, кадри итн“, вели градоначалникот Ристески.
Тој вели дека ќе биде голем лобист, Чернигов да стане член на Европската Асоцијација на карневалски градови. Зашто како и Прилеп, градот има свој карневал, а исто така и фестивал на пивото, зашто биле побарани искуства околу организацијата.
Ристески вели дека комуникацијата е лесна зашто двете земји имаат многу сличности, во јазикот, културата, религијата, поблиската и подалечна историја, како и развојот на православието.
Оваа посета е посебно важна од тој аспект што Украина и Македонија потпишаа Спогодба за слободна трговија која е во функција, без царинско оптоварување, значи речиси 90 и повеќе проценти се создадени сите предуслови, да се изнајдат допирните точки и да се воспостави долгорочна соработка со стопанственици од таа земја.Симон Наумоски, Регионалната стопанска комора Прилеп.
„Тоа што го чувме и видовме за тој кус временски период и добивме како информации од колегите, локалните раководни личности на Чернигов и Киев и дел од нашата амбасада, од посета на системи и трговски синџири во двата града, за нас се добра подлога, многу значајни сознанија за почеток на пробив на тој украински пазар, кој што е вонредно битен за нашето стопанство во Општинава и Републикава, особено кога се има предвид украинското пријателско расположение“, вели Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора.
Тој додава дека украинските бизнисмени покажале интерес за прехранбената, текстилната и тутунската индустрија. Но, перспективи на овој пазар имаат сите стопански субјекти.
„Оваа посета е посебно важна од тој аспект што Украина и Македонија потпишаа Спогодба за слободна трговија која е во функција, без царинско оптоварување, значи речиси 90 и повеќе проценти се создадени сите предуслови, да се изнајдат допирните точки и да се воспостави долгорочна соработка со стопанственици од таа земја“,
Во името на нашиот Економски факултет јас го потпишав договорот за идна соработка, а тоа ќе значи соработка во областа на економските науки, бидејќи многу ни е слична економијата, истражувањата.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.