Достапни линкови

Кризата чука на вратите на прилепските компании


Фабрика за текстил Прилеп
Фабрика за текстил Прилеп

Случувања во Европа навестуваат дека 2012 ќе биде кризна година, велат прилепските стопанственици. Затоа очекуваат Владата да им помогне да се справат со проблемите.

Неликвидност на компаниите, проблеми во извозот и пораст на трошоците се главните проблеми кои ќе бидат директни реперкусии од економската криза која во 2012 година нема да ја заобиколи ни Македонија. Од Регионалната стопанска комора стравуваат дека оваа ќе биде многу потешка од досегашната економска криза, дела ќе навлезе сукцесивно во секоја стопанска гранка.
Светските текови, посебно оние на европскиот пазар, случувањата во ЕУ посебно поврзани со „земјотресот“ во Грција, сигналите кои покажуваат забележливо намалување на производството и растот на бруто-општествениот производ во ЕУ, не предупредуваат дека 2012 година е година на нова криза.
Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп.
Затоа им се препорачува на фирмите навреме да се подготват, со цел да ги ублажат последиците. Најважно е да ја задржат својата деловност во работењето, со цел да се спречи неликвидноста на претпријатијата.

„Ги спремаме сите планови за 2012. Светските текови, посебно оние на европскиот пазар, случувањата во ЕУ посебно поврзани со „земјотресот“ во Грција, сигналите кои покажуваат забележливо намалување на производството и растот на бруто-општествениот производ во ЕУ, не предупредуваат дека 2012 година е година на нова криза“, оценува Симон Наумоски, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп.

Стопанственици бараат и се надеваат дека Владата како што велат како и многу пати досега ќе ги оствари нивните барања.

„Најважното прашање е обезбедувањето на крвоток за живот на стопанството во ​
Благоја Конески
Благоја Конески
Републикава, на овој југо-западен регион на Македонија. А, тоа е патот Велес-Прилеп во должина од околу 65 километри преку Дервен, за побрзо доставување до потрошувачите, заштеди на енергија и намалување на дефекти“, вели Наумоски.

Од големо значење е отворањето на индустриските зони и реализација на инвестицијата Чебрен-Галиште.

Посебни барања до Владата има
Oстанува залагањето наше за воведување на Законот за намалување на придонесите, кој е стопиран со почетокот на 2011 година. Сега дојде и 2012 година и нема најава дека ќе се продолжи со намалување на предвидените, кое би ја олеснило финансиски малку работата на најниско профитабилната гранка во земјава.
Благоја Конески, секција на текстилци Прилеп.

Секцијата на текстилци, која што очекува дека ќе се соочи со вакум од еден месец, при секоја нова сезона. А, тогаш велат од Секцијата, текстилците се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Затоа тие инсистираат државата да им го олесни работење, со сузбивање на нелојалната конкуренција пред се.

„Понатаму останува залагањето наше за воведување на Законот за намалување на придонесите, кој е стопиран со почетокот на 2011 година. Сега дојде и 2012 година и нема најава дека ќе се продолжи со намалување на предвидените проценти од придонесите, кое би ја олеснило финансиски малку работата на најниско профитабилната гранка во земјава“, вели Благоја Конески од Секцијата на текстилци.

Во Прилеп фунцкионираат преку 25 конфекции со над 2.500 вработени и сите се надеваат на владина помош за подобрување на стопанската клима.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG