Прилепската локална самоуправа во соработка со Регионалната стопанска комора започнуваат интензивни активности за да профункционира првата индустриска зона во Прилеп. На државно земјиште што се наоѓа во близина на фабриката „Металец“ на површина од 160.000 м2 ќе се продаваат 21 локации, за што ќе се рапишат два тендера. Во првиот, по пат на електронско јавно наддавање, ќе се продаваат 12–те локации, а во вториот останатите девет, по почетна цена од едно евро за метар квадратен. Како што потенцираат од Регионалната стопанска комора интересот е засега голем.
„По 30 години за првпат ќе се продава државно градежно земјиште. Тоа ќе биде голем поттик за нашиот бизнис, за нашите фирми. Ние иницијативата не ја покренавме туку така, направивме претходно една анкета. Можам да кажам слободно дека конфекцијата „Комфи Ангел“, бара 18.000 м2, „Дониа“ 10.000 м2, печатницата „Гинис“ 4.000 м2, потоа „Електрометал“, скопска фирма, 6.500 м2 и не продолживме натаму зашто се ограничени површините“, вели Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора.
Со оглед на големиот интерес, надлежните се надеваат дека на овој тендер ќе учествуваат како домашни така и странски компании, а се очекува во новите фабрики да се вработат околу 1.000 лица. Инфраструктурата за оваа зона ќе се гради дополнително. Па, по доставување на проектите од фирмите кои ќе го добијат тендерот најдоцна за година и пол треба целосно да профункционира оваа прва индустриска зона во Прилеп.
„Парите што ќе се добијат од продажбата на државното земјиште строго ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурата и ќе гледаме со локалната самоуправа цената да биде толкава за да ги покрие само трошоците за инфраструктура. Со цел средствата брзо да им останат на инвеститорите, брзо да ги изградат објектите и да вработат нови вработени“, додава Најдоски.
Паралелно во Општината се подготвуваат деталните урбанистички планови за уште две нови индустриски зони.
„Исто така во подготовка се две зони. Една зона е кај „Жито Прилеп“ значи, се работи деталниот план. И уште една зона за која сега брзо го започнавме деталниот план кој што е исто така на општинско земјиште во големина од 20 хектари, каде што исто така ќе бидат испарцелизирани околу 20-ина парцели за издавање на приватниот сектор, односно на бизнис секторот за закуп или за отуѓување односно за откупување, таа е кај сточниот пазар.“
Во договор со Владата, пак, годинава, според најавите, ќе започне и изградбата на инфраструктурата во Слободната економска зона кај селото Алинци, која опфаќа 60-тина хектари површина и каде што се планира да се привлечат странски компании и брендови за нови гринфилд инвестиции.
По 30 години за првпат ќе се продава државно градежно земјиште. Тоа ќе биде голем поттик за нашиот бизнис, за нашите фирми. Ние иницијативата не ја покренавме туку така, направивме претходно една анкета.Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора Прилеп.
„По 30 години за првпат ќе се продава државно градежно земјиште. Тоа ќе биде голем поттик за нашиот бизнис, за нашите фирми. Ние иницијативата не ја покренавме туку така, направивме претходно една анкета. Можам да кажам слободно дека конфекцијата „Комфи Ангел“, бара 18.000 м2, „Дониа“ 10.000 м2, печатницата „Гинис“ 4.000 м2, потоа „Електрометал“, скопска фирма, 6.500 м2 и не продолживме натаму зашто се ограничени површините“, вели Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора.
Парите што ќе се добијат од продажбата на државното земјиште строго ќе бидат наменети за изградба на инфраструктурата и ќе гледаме со локалната самоуправа цената да биде толкава за да ги покрие само трошоците за инфраструктура. Со цел средствата брзо да им останат на инвеститорите, брзо да ги изградат објектите и да вработат нови вработени.Ристо Најдоски, секретар на Регионалната стопанска комора Прилеп.