Никој не открива каков пакет бенефиции и даде македонската Владата на германската компанија „Кронберг и Шуберт“, која ќе гради фабрика за производство на кабелски инсталации во индустриската зона Жабени кај Битола. Деновиве беше потпишан и договор за инвестирање меѓу претставници на компанијата и министерот за странски инвестиции Веле Самак.
Тој изјави дека за компанијата обезбедиле бенефиции не многу различни од она што се дава во слободните индустриски зони. Ова ја разбранува локалната опозиција која досега неколкупати обвинуваше дека земјиштето во зоната тоне и потребно е посебно тампонирање.
„Што се содржи пакетот кој Владата му го дава на „Кронберг и Шуберт“ , колкава висина се средствата и кои активности Владата планира со тој пакет да ги покрие? Пред се ме интересира дали Владата дава одредени средства за инфраструктурно уредување на самата парцела на инвеститорот?“, запраша советникот од СДСМ, Златко Ќурчиевски.
„Доколку Владата дава финансиски средства за влез на „Кронберг и Шуберт“, зошто не дава средства за влез на други инвеститори? Или домашните инвеститори се исклучени од помош од Владата, а за странските можи. Во нерамноправна положба ги поставува правните субјекти во зоната“, вели советникот Горан Милевски од ЛДП.
Димче Шеровски, директор на зоната Жабени одговара:
„Поволностите кои ги дава Република Македонија по основ на субвенции, договорот го немаме. Колкава ќе биде субвенцијата немаме таков одговор зашто не сме Влада. Ако се прави паралела меѓу „Кронберг и Шуберт“ и нашите инвеститори, германската компанија вработува 2000 луѓе.“
Шеровски вели дека никој не ги попречува домашните бизнисмени кои планираат да градат капацитети во Жабени да побараат подршка од Владата и европските фондови.
Доколку Владата дава финансиски средства за влез на „Кронберг и Шуберт“, зошто не дава средства за влез на други инвеститори? Или домашните инвеститори се исклучени од помош од Владата, а за странските може.Горан Милевски, ЛДП.