Од опозицијата изразија сомнеж дека се работи за политички маркетинг пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и можните предвремени избори зашто четири години наназад ни еден инвеститор не стапнал во зоната. Од меѓупартиските кавги во комедија прерасна вонредната седница на Советот.
„Вие сакате да постигнете психолошки ефект и да ги држите граѓаните на Битола во надеж дека нешто ќе се случи сериозно и стапката на невработеност условно ќе ја намалувате“,
критикува Томе Наумов од СДСМ.
„Сега имате конгрес па се брзате затоа вас ви е вонредно, вие да си земете внатрепартиски поени, па сега носите инвеститори“, рече Горан Милевски од ЛДП.
„Тогаш кога ќе дојдат, а не да зборувате за писма со намери. И јас можам едно писмо дека имам волја да инвестирам и да правам некоја фабрика мегаломанска, џам шише или било каква таму“, изјави Кочо Баљари од СДСМ.
„Истата приказна ја верглате четири години. Прво имавме најави за инвеститори од Украина, па од Германија, па од Америка. И кажете ми барем една причина зошто денес да ви веруваме. Денес во Жабени се уште не е поставена прочистителна станица, атмосферската канализација е далеку од завршување, електрификацијата е застаната“, рече Златко Ќурчиев од СДСМ.
Градоначалникот Владимир Талески се чуди како може опозицијата да биде против прокет кој ќе донесе нови вработувања во градот. Според него, Жабени е во финална фаза и има 15 нови инвеститори заинтересирани да градат.
„Опозицијата цело време се обидува да го маргинализира овој проект и досега имаше неколку заинтересирани инвеститори кои токму дилемите што ги создаваше опозицијата ги одвраќаа од намерата да инвестираат во општината. Тоа го имавме, благодарам за аплаузот, заради лошо спроведената приватизација и големата економска атомска бомба што ја произведовте вие на времето, а се викаше ТАТ, ние сме нон-стоп во вонредна ситуација на економски план. Кажувате градоначалникот измешал баби и жаби. Јас баби не спомнав, а жаби ич, тоа вие го правите зашто често пати сакате да кажете за Жабени дека е преполно со вода и не знам што се имало таму“, рече Талески.
Вие сакате да постигнете психолошки ефект и да ги држите граѓаните на Битола во надеж дека нешто ќе се случи сериозно и стапката на невработеност условно ќе ја намалуватe.
„Вие сакате да постигнете психолошки ефект и да ги држите граѓаните на Битола во надеж дека нешто ќе се случи сериозно и стапката на невработеност условно ќе ја намалувате“,
критикува Томе Наумов од СДСМ.
„Сега имате конгрес па се брзате затоа вас ви е вонредно, вие да си земете внатрепартиски поени, па сега носите инвеститори“, рече Горан Милевски од ЛДП.
„Тогаш кога ќе дојдат, а не да зборувате за писма со намери. И јас можам едно писмо дека имам волја да инвестирам и да правам некоја фабрика мегаломанска, џам шише или било каква таму“,
Истата приказна ја верглате четири години. Прво имавме најави за инвеститори од Украина, па од Германија, па од Америка. И кажете ми барем една причина зошто денес да ви веруваме.
„Истата приказна ја верглате четири години. Прво имавме најави за инвеститори од Украина, па од Германија, па од Америка. И кажете ми барем една причина зошто денес да ви веруваме. Денес во Жабени се уште не е поставена прочистителна станица, атмосферската канализација е далеку од завршување, електрификацијата е застаната“, рече Златко Ќурчиев од СДСМ.
Градоначалникот Владимир Талески се чуди како може опозицијата да биде против прокет кој ќе донесе нови вработувања во градот. Според него, Жабени е во финална фаза и има 15 нови инвеститори заинтересирани да градат.
Опозицијата цело време се обидува да го маргинализира овој проект.