Достапни линкови

Прилепските економски зони не заживеаја


Пропаднаа обидите за трансформација на прилепската касарна во индустриска зона
Пропаднаа обидите за трансформација на прилепската касарна во индустриска зона

Проектите за отворање на слободни економски, индустриски зони во Прилеп никако да заживеат.

Се најавуваат со години од разни структури, но наместо свежи домашни и странски инвестиции остана пусто поле и празни објекти. Најпрвин по стечајот на прилепски Металец пропадна нивниот проект за слободна економска зона, кој не наиде на поддршка од Владата, како што во многу наврати најавуваше менаџментот на фирмата.
Во меѓувреме се сменија приликите во Владата и се донесе одлука касарната повторно да се врати, да се среди и активира како касарна.

Останаа безуспешни и напорите на Регионалната стопанска комора и Локалната самоуправа капацитетот на прилепската касарна да го активира во индустриска зона, а со тоа и интересот на потенцијалните инвеститори исчезна.

„Дадовме решение комплетно до Владата и бевме спремни да го преземеме. Во меѓувреме се сменија приликите во Владата и се донесе одлука касарната повторно да се врати, да се среди и активира како касарна“, објаснува Симон Наумоски, претседател на Управниот одбор на Регионална стопанска комора од Прилеп.

Надежите свртени кон економската зона во Алинци

Проектот пропадна, но касарната уште не е активна. Па надежите на Регионалната комора се свртени кон реализација на проектот за технолошко-индустриска развојна зона во близина на селото Алинци.


„Проектот е направен за технолошко-индустриско развојната зона во Алинци. Почнаа активности се прават бушотини за обезбедување вода. Очекуваме од буџетот оваа година влезени се средства за
Проектот е направен за технолошко-индустриско развојната зона во Алинци. Почнаа активности, се прават бушотини за обезбедување
вода.
започнување на изградба на инфраструктурата“, оптимистички изјавува Ристо Најдоски, извршен директор на прилепската стопанска комора.

Но, според оценките на бизнис секторот без влез во НАТО и ЕУ, не ќе може да заживее ни овој проект, зашто инвеститорите немаат гаранции за сигурноста на својот капитал.


„Секако дека влезот во НАТО, инвестирањето во инфраструктурата, која за жал последниве 20 години, да бидеме реални, не се виде некоја голема значајна промена, би влијаеле за зголемен интерес од страна на тие мултинационални компании. Владините институции се тие треба да направат поволна база за да може луѓето да земат ризик на инвестирање“, оценува Ирена Јакимоска, сопственик на конфекцијата Конфи –Ангел од Прилеп и член на Советот за странски инвестиции при Стопанската комора на Македонија.

Прилепските стопанственици сметаат дека свежи инвестиции ќе се привлечат и доколку Владата помогне во реализација на неколку веќе најавувани проекти на комората, кои се од стратегиска важност. Меѓу клучните е проектот за изградба на автопатот Прилеп-Велес, потоа проектот за изградба на гасовод, а особено е значаен проектот за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Идеите, иницијативите се од поодамна, но никако да добијат своја реализација.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG