Достапни линкови

Функционерите на ДУИ „растрчани“ за името


Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во посета на САД, а вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими утре во Атина се среќава со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими утре заминува во Атина каде ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос. Од кабинетот на Бесими ја потврдија предвидената посета, која, како што велат, ќе биде работна и на која централна тема ќе бидат евроинтеграциите на земјава.
Не е моја работа да давам коментари за вашите проценки. Вие треба да го продолжите патот кон ЕУ, а ние се надеваме дека вашата земја активно и целосно ќе го исполни тоа што беше кажано во пролетниот извештај. Тој беше позитивен, но имаше и доста забелешки, па токму тие предизвици треба да ги совладате што е можно поскоро. Она што е најважно и што прво ми паѓа на памет е првомартовскиот договор. Многу работи беа завршени. Опозицијата се врати во парламентот, учествуваше на локалните избори, но сè уште нема формирано комисија за истражување и меморандум за разбирање.

Аиво Орав, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Иако од кабинетот на Бесими останаа воздржани за детали околу утрешната средба, грчките медиуми пишуваат дека средбата е обид на Атина да се олесни процесот за решавање на спорот за името преку други канали за комуникација, и покрај, како што пишуваат, непопустливоста на премиерот Никола Груевски. Според пишувањата на весникот То Вима, Бесими се смета за умерен политичар, а Грција разговара со секој што сака да соработува.
Архивска фотографија: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.
Архивска фотографија: Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на прес-конференција во Скопје.

Во меѓувреме и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој е во посета на Соединетите Држави веќе зборуваше за грчко македонскиот спор за името. Во своето обраќање на еден од универзитетите таму, Ахмети рече дека спорот за името е тежок проблем и дека и во владината коалиција нема длабоки разлики околу ова прашање.

„И двете партии сакаме решение и интеграции во НАТО и во Европската унија, но во исто време треба да сме храбри, да се создаде посигурен живот, мир и стабилност“, изјави Ахмети.

Се очекува Ахмети да се сретне со заменикот помошник државен секретар Филип Рикер и со други претставници на американската администрација.
Очигледно е дека се затвора, се стеснува просторот за разрешување на овој спор и мислам дека доколку навистина има некое расположение во Атина дека може да се дојде, не до решение, можеби да се стесни тој простор.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Евроамбасадорот Аиво Орав денеска изјави дека иднината на Македонија е во Европската унија и оти Унијата се надева дека земјава ќе ги исполни сите потребни услови. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ се однесува пасивно на овој план, наспроти ДУИ која е во интензивна дипломатска активност пред јунскиот самит на Унијата, Орав изјави:

„Не е моја работа да давам коментари за вашите проценки. Вие треба да го продолжите патот кон ЕУ, а ние се надеваме дека вашата земја активно и целосно ќе го исполни тоа што беше кажано во пролетниот извештај. Тој беше позитивен, но имаше и доста забелешки, па токму тие предизвици треба да ги совладате што е можно поскоро. Она што е најважно и што прво ми паѓа на памет е првомартовскиот договор. Многу работи беа завршени. Опозицијата се врати во парламентот, учествуваше на локалните избори, но сè уште нема формирано комисија за истражување и меморандум за разбирање“, изјави Орав.

Засилената дипломатска активност пред јунскиот самит на Европската унија за домашните аналитичари е добар знак и влева надеж дека во следниот период може да се очекува напредок во преговорите меѓу двете влади.

„Очигледно е дека се затвора, се стеснува просторот за разрешување на овој спор и мислам дека доколку навистина има некое расположение во Атина дека може да се дојде, не до решение, можеби да се стесни тој простор“, вели универзитетскиот професор Димитар Мирчев.

Во јавноста веќе проструи информацијата дека до јуни посредникот Метју Нимиц очекува двете влади да се изјаснат за последните предлози од медијаторот. Мирчев не очекува брзо решение на овој проблем. Но според него, исчекор би било и доколку двете влади се изјаснат дека е создадена добра основа за разрешување на спорот.

„Тоа би било доволно и за прифаќање на препораката на Европската комисија од страна на Советот за давање на термин за преговори за влез во Унијата. Тоа инаку е многу битно затоа што би бил еден поттик за конечно разрешување на спорот.“

Според Мирчев, македонската страна треба да продолжи со својот конструктивен пристап во разговорите и подготвеност за доаѓање до компромис, но не каков било, оти како што вели секаков притисок да се прифати какво било решение ќе влијае неповолно на односите на Балканот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG