Од државните институции засега нема официјална потврда кога ќе биде следната средба на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис, иако во јавноста се споменуваше почетокот на мај како можен термин.
По последната средба во Њујорк посредникот Нимиц изјави дека следната средба би можела да се случи по околу два месеца, а на таа иста средба понуди нови предлози за билатерална употреба. Веднаш потоа премиерот Никола Груевски изјави дека предлозите нема да ги коментира за да не се наруши процесот што го води медијаторот.
“Кога ќе дојде во посериозна фаза на разгледување, ќе ја информираме јавноста“, изјави тогаш Груевски.
Посредникот Нимиц рече дека станува збор за негово мислење и оти се надева дека и двете страни ќе пронајдат позитивни елементи. Медиумите известија дека неофицијално предлогот на медијаторот е името Горна Република Македонија, за кое побарал да се изјасната властите во Атина и Скопје. Грчките весници пишуваа дека предлогот во Атина бил дочекан со изненаденост и
незадоволство, поради тоа што географската одредница е пред терминот Република, а не пред Македонија и оти не е исклучена можноста грчките власти да го одбијат предлогот.
На прашањето кој предлог за името ви е најприфатлив на нашата веб-страница, 60 проценти од посетителите одговориле со ниту еден, 24 насто се согласуваат со името Северна Република Македонија, а само 15 проценти со терминот Горна Република Македонија.
Поранешниот дипломат Ристо Никовски, пак, е уверен дека Грција нема намера да попушти и дека нема да се согласи со ниту еден од понудените предлози. Атина нема да даде зелено светло за решавање за спорот, но токму затоа улогата на Брисел доаѓа до израз, вели Никовски.
„Нимиц моментално работи чисто во функција на Брисел и тоа е добро, затоа што наш најголем интерес е да најдеме решение за проблемот, а од друга страна е реалноста во Грција каде поради кризата апсолутно нема никакви шанси да прифатат никакво решение, дури да биде и тоа нивната максимална црвена линија.“
На неодамнешните средби со американскиот државен секретар Џон Кери, министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Аврамопулос, рекол дека Атина сака решение за името, но оти недостига напредок на реформите во Македонија.
Грчките политичари, пак, досега најчесто обвинуваа за недостиг од политичка волја на македонското раководство за конечно решение на проблемот за името и за национализам.
И додека медиумите пишуваат за поактивна и засилена улога на Соединетите Држави во однос на прашањето за името, пред се поради серијата средби и активности со македонските и грчките власти во краток временски период, професорот Стево Пендаровски вели дека Македонија ја губи поддршката од Меѓународната заедница.
„Меѓународната заедница со своите две главни оски во Брисел и особено во Вашингтон полека крева раце од нас бидејќи знае за нашите внатрешни приоритети кои ни се нам побитни и од оние кои тие сметаат дека треба да бидат за Македонија поважни и извештајот на Стејт департментот е директен доказ во таа насока, никогаш од кога сме независна држава немаме добиено толку лош извештај со укажување на системски, не на инцидентни слабости.“
Во меѓувреме висока делегација на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети се подготвува за двонеделната посета во Соединетите Држави, каде се планирани средби со претставници на американската администрација, а не е исклучено прашањето за името да биде едно од централните теми на средбите.
Нимиц моментално работи чисто во функција на Брисел и тоа е добро, затоа што наш најголем интерес е да најдеме решение за проблемот, а од друга страна е реалноста во Грција каде поради кризата апсолутно нема никакви шанси да прифатат никакво решение, дури да биде и тоа нивната максимална црвена линија.Ристо Никовски, поранешен дипломат.
По последната средба во Њујорк посредникот Нимиц изјави дека следната средба би можела да се случи по околу два месеца, а на таа иста средба понуди нови предлози за билатерална употреба. Веднаш потоа премиерот Никола Груевски изјави дека предлозите нема да ги коментира за да не се наруши процесот што го води медијаторот.
“Кога ќе дојде во посериозна фаза на разгледување, ќе ја информираме јавноста“, изјави тогаш Груевски.
Посредникот Нимиц рече дека станува збор за негово мислење и оти се надева дека и двете страни ќе пронајдат позитивни елементи. Медиумите известија дека неофицијално предлогот на медијаторот е името Горна Република Македонија, за кое побарал да се изјасната властите во Атина и Скопје. Грчките весници пишуваа дека предлогот во Атина бил дочекан со изненаденост и
Извештајот на Стејт департментот е директен доказ во таа насока, никогаш од кога сме независна држава немаме добиено толку лош извештај со укажување на системски, не на инцидентни слабости.Стево Пендаровски, универзитетски професор.