Решението за спорот со името без одложување е клучот за влез на Македонија во Европската унија, порача високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон при посетата во Скопје. Таа изјави дека има потреба долгогодишните разговори за спорот за името да бидат доведени до дефинитивен заклучок без одложување.
„Задоволна сум да видам дека процесот под покровителство на ОН во врска со прашањето за името доби нова сила. Ги охрабрувам двете страни целосно да ги искористат напорите направени од медјаторот Метју Нимиц. Свесна сум дека ова може да биде тешко, но не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред. Ова е единствениот начин кон напредок на патот кон Европската унија. ЕУ сака да ве види како дел од Унијата, но интеграцијата мора да почне од дома.“
Таа додаде дека добрососедските односи се од круцијална важност и дека мора да се продолжи дијалогот со соседите и заедно да се бараат решенија и да се постигнат конкретни договори. Ештон испрати силна порака до сите политички фактори во земјава дека европерспективата е реална и остварлива, но за да се случи тоа неопходна е целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, конструктивен и инклузивен политички дијалог како и инклузивен дијалог со медиумите и граѓанскиот сектор.
„Европската унија внимателно ја следи имплементацијата на договорот постигнат на 1 март меѓу двете политички партии, посебно во однос на анкетната комисија и меѓупартискиот меморандум за разбирање и продолжувањето на дијалогот со новинарите.“
Ештон во текот на денот имаше одвоени средби со Ѓорѓе Иванов, со премиерот на државата Никола Груевски, и со лидерите на СДСМ и ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.
Во писменото соопштение од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов по средбата со Ештон е наведено дека тој ги поздравува оценките од Извештајот истакнувајќи дека Македонија заслужува да добие позитивна одлука на јунскиот Совет.
Во владиното соопштение е наведено дека премиерот Никола Груевски и Ештон рговарале за евроитеграциските реформи, за значењето на Пристапниот дијалог на високо ниво, а Груевски меѓу другото ја истакнал посветеноста на земјата за негување на добрососедските односи и за изнаоѓање заемно прифатливо решение со Грција за наметнатиот спор околу името кој се води под покровителство на Обединетите нации.
Ахмети по средбата со Ештон се сретнал и со американскиот амбасадор Пол Волерс и на новинарско прашање дали преку колумната „Време е за НАТО“ врши притисок врз премиерот Груевски, изјавил дека тоа е став на една голема партија во владата која е преставник на голема етничка заедница.
„Не е притисок врз Груевски тоа што сметам дека навистина е време за НАТО. Но, сега навистина е дојдено времето да ги зближиме ставовите. Постои голем интерес кај нашите пријатели од меѓународната заедница да се реши спорот за името. Многу е важно да се релаксираат односите со соседите и со земјите од Балканот. Интеграцијата во НАТО ги отвора и вратите на ЕУ. ДУИ има право да понуди своја опција, да понуди своја платформа за тековните случувања. Нашите ставови се различни од ставовите на другите политички партии, но ДУИ е голема партија во Владата, претставник на голема етничка заедница“, изјави Ахмети.
Ги охрабрувам двете страни целосно да ги искористат напорите направени од медјаторот Метју Нимиц. Свесна сум дека ова може да биде тешко, но не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред. Ова е единствениот начин кон напредок на патот кон Европската Унија. ЕУ сака да ве види како дел од Унијата, но интеграцијата мора да почне од дома.Кетрин Ештон, висок претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ.
„Задоволна сум да видам дека процесот под покровителство на ОН во врска со прашањето за името доби нова сила. Ги охрабрувам двете страни целосно да ги искористат напорите направени од медјаторот Метју Нимиц. Свесна сум дека ова може да биде тешко, но не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред. Ова е единствениот начин кон напредок на патот кон Европската унија. ЕУ сака да ве види како дел од Унијата, но интеграцијата мора да почне од дома.“
Таа додаде дека добрососедските односи се од круцијална важност и дека мора да се продолжи дијалогот со соседите и заедно да се бараат решенија и да се постигнат конкретни договори. Ештон испрати силна порака до сите политички фактори во земјава дека европерспективата е реална и остварлива, но за да се случи тоа неопходна е целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор, конструктивен и инклузивен политички дијалог како и инклузивен дијалог со медиумите и граѓанскиот сектор.
Европската унија внимателно ја следи имплементацијата на договорот постигнат на 1 март меѓу двете политички партии, посебно во однос на анкетната комисија и меѓупартискиот меморандум за разбирање и продолжувањето на дијалогот со новинарите.Кетрин Ештон, висок претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ.