Во пресрет на објавувањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе во Стразбур, во земјава доаѓа и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Упатените велат дека совпаѓањето на двете работи не е случајно, оти гломазната европска дипломатија не функционира на принципот на случајност. Напротив, тоа што овојпат Ештон реши да не ја заобиколи Македонија во нејзината турнеја, е само сигнал дека таа сака да пренесе одредена порака, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.
Ештон ќе оствари средби со македонскиот државен врв и лидерите на поголемите политички партии. Главната порака би била што поскоро решавање на спорот за името со Грција, како дел од заложбите на Унијата за европските перспективи на земјите од Западен Балкан, вели Маричиќ.
„Мислам дека тоа е врзано со извештајот што следува и веројатно со оние најавени поместувања во однос на преговорите во однос на спорот за името. Свесни сме дека деновиве се објавуваа разни предлози коишто биле на маса и коишто се разгледуваат, така што мое мислење е дека сето тоа е врзано со тој процес на придвижување на Западниот Балкан на патот кон ЕУ.“
Комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, попладнево ќе го објави Специјалниот извештај за Македонија, од кој зависи дали во јуни земјава ќе добие датум за преговори. Маричиќ очекува извештајот да ја констатира фактичката состојба во земјава, без притоа да се впушти во давање оценки.
„Ќе се држат до онаа нивна најава во декември, односно до задачата на Европскиот совет, а тоа е да се ценат пред се три работи: остварувањата од политичкиот дијалог од високо ниво, сакате да ги земете изборите, или законот за медиуми, односно прекинувањето на дијалогот со медиумите, случувањата од 24 декември во Собранието, вториот дел кој ќе се земе предвид секако е првомартовскиот договор којшто Филе го постигна со политичките лидери, третиот елемент би требало да бидат добрососедските односи.“
Вчера овој извештај за Македонија беше усвоен на Колеџот за комесари на Европската комисија, додека за 22 овој месец во Луксембург се закажани состаноцина Советот за министри за надворешни работи и на Советот за општи работи на ЕУ, каде што првапат шефовите на дипломатиите на 27 те земји членки на Унијата ќе разговараат за можноста Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство на јунскиот самит на Европскиот совет.
Ештон, пак, во земјава доаѓа во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Таа најави дека патува за да го засили ангажманот на Европската Унија за европските перспективи на земјите од регионот и да ги охрабри лидерите во регионот да продолжат со процесот на реформи и промовирање на добрососедските односи.
Мислам дека тоа е врзано со извештајот што следува и веројатно со оние најавени поместувања во однос на преговорите во однос на спорот за името. Свесни сме дека деновиве се објавуваа разни предлози коишто биле на маса и коишто се разгледуваат, така што мое мислење е дека сето тоа е врзано со тој процес на придвижување на Западниот Балкан на патот кон ЕУ.Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.