Достапни линкови

Закон за (цензура на) медиуми


Темата за носење закон за медиуми во едно општество во кое слободата на изразување е кревка создава голем страв, страв од цензура, страв од контрола од страна на власта и злоупотреба на новинарски труд во политички цели.

Ни ѕирка ни проѕирка, никој не го видел, ама секој се плаши од него, што е тоа? Новиот закон за медиуми. Мала шега, со надеж дека таа не задира во нечие здравје или морал затоа што тоа е една од забраните кои што со себе ги носи новиот владин предлог-закон за медиуми.
Згрижени сме за лошата состојба со слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Видете го извештајот на ОБСЕ за медиумското покривање на локалните избор и извештајот на Репортери без граници и јасно ќе ви биде во каква состојба сме. Жалиме што Владата од позиција на моќ ги користи сите средства кои им се на располагање да ги контролира медиумите. Преку медиумите што ја поддржуваат се пресметува и ги дискредитира сите оние што имаат поинакви ставови од Владата. Потребен е нов почеток со кој секој од нас, новинарите, медиумите и Владата ќе го преиспитаме нашето однесување и ќе се соочиме со нашата одговорност.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

Темата за носење закон за медиуми во едно општество во кое слободата на изразување е кревка создава голем страв, страв од цензура, страв од контрола од страна на власта и злоупотреба на новинарски труд во политички цели. Според власта, со овој закон ќе се подобри ситуацијата во медиумската сфера, ќе се добие независно новинарство надвор од рацете на моќниците, но тоа е став со кој не се согласуваат ниту новинарите, ниту аналитичарите.

Според голем дел од новинарите, кои го бојкотираа неговото прво претставување, затоа што не сакаат, како што велат, да бидат дел од лажирање на дебатата, овој закон е ковчегот во кој ќе се погребе и онака мртвото новинарство.
Мислам, дека тие сакаат да партиципираат, од нив голем број, надвор од ЗНМ биле присутни на состаноци, сме дискутирале, имале и фантастични предлози, тие се составени, но сето тоа го бараат да биде на неформален начин.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација.

Овој предлог закон кој конечно е објавен и достапен за очите на јавноста се подготвуваше зад затворени врати со години. Закон кој има за цел да ја одреди иднината на македонските медиуми во следните неколку години е создаден без консултација со оние на кои се однесува – медиумите. Предлог законот до доаѓањето на еврокомесарот Штефан Филе не беше даден на увид на медиумската јавност, но и покрај тоа Министерството за информатичко општество повика на јавна расправа за предлог кој дотогаш никој надвор од институциите не го видел. Јавна расправа која во пет до дванаесет ќе укаже на навидум квалитетна соработка и дијалог на новинарите со владата.

Законот кој со месеци се држеше во тајност, преку ноќ се најде и на интернет страницата на ресорното министерство. Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани го поздрави конечното објавувањето на законот и ветувањето на владата, како што вели, дека нема да се брза со негово донесување. Тој изјави дека слободата на изразувањето останува сериозен предизвик во процесот на евро-интеграцијата на Македонија.

„Згрижени сме за лошата состојба со слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Видете го извештајот на ОБСЕ за медиумското покривање на локалните избор и извештајот на Репортери без граници и јасно ќе ви биде во каква состојба сме. Жалиме што Владата од позиција на моќ ги користи сите средства кои им се на располагање да ги контролира медиумите. Преку медиумите што ја поддржуваат се пресметува и ги дискредитира сите оние што имаат поинакви ставови од Владата. Потребен е нов почеток со кој секој од нас, новинарите, медиумите и Владата ќе го преиспитаме нашето однесување и ќе се соочиме со нашата одговорност“, рече Селмани.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски првично со игнорирање реагираше на четири медиумски асоцијации кои го искажаа револтот со бојкот на јавната расправа, како и на нивното барање за пролонгирање на дебатата за неколку месеци.

„Мислам, дека тие сакаат да партиципираат, од нив голем број, надвор од ЗНМ биле присутни на состаноци, сме дискутирале, имале и фантастични предлози, тие се составени, но сето тоа го бараат да биде на неформален начин“, изјави Ивановски за Телма телевизија.

Тој ги повика сите заинтересирани страни да го погледнат Нацрт-законот за медиуми на веб-страната www.ener.gov.mk и да остават свои коментари.
Новинарите ja бојкотираа дебата за Законот за медиуми
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:42 0:00
Претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис вели дека во изминатава година и половина бара да се симне третманот на тајност во конципирањето на овој закон со став дека дури и да се предложи најдобар закон на светот тој нема да има легитимитет затоа што се пишува, не само во отсуство, туку и зад грбот на целата медиумска заедница. Таа додава дека се покажа оти предлогот не е ниту добар, ниту има легитимитет.
Да носите закон на сила, со одредби кои навлегуваат во слободата на изразувањето и oтвoраaт, ама она прилично широко отвораат врата за цензура со порака дека кој сака може да го коментира на веб страната на министерството, не е ништо друго туку навреда и израз на една неизмерна ароганција и цинизам што владата во континуитет ги манифестира кон медиумите. Оттаму е беспредметно воопшто да се навлегува во поединечни законски предлози, овој закон таков што е има амбиција да биде сандак во кој ќе се погреба и онака мртвото новинарство во оваа земја.
Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

„Да носите закон на сила, со одредби кои навлегуваат во слободата на изразувањето и oтвoраaт, ама она прилично широко отвораат врата за цензура со порака дека кој сака може да го коментира на веб страната на министерството, не е ништо друго туку навреда и израз на една неизмерна ароганција и цинизам што владата во континуитет ги манифестира кон медиумите. Оттаму е беспредметно воопшто да се навлегува во поединечни законски предлози, овој закон таков што е има амбиција да биде сандак во кој ќе се погреба и онака мртвото новинарство во оваа земја.“

Со законот се предвидуваат многу промени и обврски во структурата на медиумите. Со него се предвидени регулирање на правата и обврските на новинарите, уредниците, редакциите и сопствениците на медиумите, ги регулира радиодифузерите и издавање на дозволи за радио и телевизиско емитување, работата на јавниот сервис – МРТ и многу други основи во медиумите. Со него се предвидува оформување на Агенција за медиуми и аудиовизуелни медиумски услови, која ќе има огромни овластувања и всушност ќе биде надлежен орган кои се предмет на законот.
Ние и онака сме лимитирани во однос на изворите и давањето на информациите, затоа што сме сведоци на тоа дека се поретко имаме официјална изјава. Не се сеќавам кога последен пат сум добила официјален документ и официјално и неофицијално за некоја сторија. Ова сега само е ставено во една законска рамка на којашто тие за жал ќе можат да се повикуваат и тука мислам дека треба да направиме сериозни забелешки затоа што новинарот без адекватен извор ја нема ниту информацијата, ниту пак информацијата има тежина.
Снежана Лупевска, новинарка.

Но да почнеме со ред, главниот проблем во законот е членот 4 со кој се ограничува слободата на изразување, иако цензурата е со Устав забранета.

„Слободата на медиумите може да биде ограничена само кога и доколку тоа е нужно заради заштита на националната безбедност, територијалниот интегритет или јавниот ред и мир, спречување немири и казниви дела, заштита на здравјето или моралот, заштита на угледот или на правата на другите, спречување за откривање на доверливи информации или заради зачувување на авторитетот и независноста на судската власт“, предвидува законот.

Токму овој дел од членот во предлог-законот на голема врата покрај цензурата влегува и автоцензурата затоа што остава можност да произволно толкување што точно значи заштита на нечие здравје и морал, заштита на интегритет, углед, независност и авторитет на судска власт. Ова може да се протолкува и како забрана за коментирање на која било судска одлука колку и да е таа законски спорна. Се наметнува и прашањето по кои критериуми ќе постапува судската власт во ситуација кога некој ќе тужи дека му е нанесена штета со објавување на некоја содржина, ако досегашната пракса покажала дека угледот и психичкото здравје на политичарите додека се на власт чинат и неколку десетици илјади евра.
Практично им се мачкаат очи на новинарите дека ќе можат да бидат фриленсери, а во пракса таков статус не може да се добие и слободен новинар, вие сте невработен новинар, односно по новиот закон - бивш новинар. Дека ова не е случајно потврдува и обидот на власта, ако се сеќавате, по затворањето на А1 телевизија и весниците на Велија Рамковски, новинарите кои останаа без работа, да ги прогласуваат за поранешни или бивши новинари. Станува збор за пракса која веќе е присутна во Белорусија и токму на тој начин, според кажувањето на колегите од Белорусија, власта се ослободува од критичките новинари и луѓето со интегритет.
Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

Широки можности за толкувања на спорните членови во законот ќе влијаат негативно врз медиумите, особено врз истражувачкото новинарство, вели Снежана Лупевска, долгогодишен новинар, уредник во Канал 5 Телевизија и основач на телевизиската продукција Код која се занимава со истражувачки стории.

„Ние и онака сме лимитирани во однос на изворите и давањето на информациите, затоа што сме сведоци на тоа дека се поретко имаме официјална изјава. Не се сеќавам кога последен пат сум добила официјален документ и официјално и неофицијално за некоја сторија. Ова сега само е ставено во една законска рамка на којашто тие за жал ќе можат да се повикуваат и тука мислам дека треба да направиме сериозни забелешки затоа што новинарот без адекватен извор ја нема ниту информацијата, ниту пак информацијата има тежина.“

Таа додава дека со членот 4 може само полесно да се замолчат новинарите кои се занимаваат со истражувачки стории.

„Сега уште полесно можат да не замолчат и да речат - да задира. Сите тие стории задираат во интегритетот на судството, меѓутоа сега прашањето е што е интегритет на судството. И сега ќе почнеме да дефинираме што е што. Не смееме да дозволиме со такви назнаки, не знаејќи што сè тие можат да дефинираат под интегритет, да нè замолчуваат.“
Видете ние го донесовме и законот за декриминализација па не видовме дека нешто значително се промени. Напротив. Нема реална и нема искрена политичка волја, нешто суштински да се промени во амбиентот на слободата на медиумите. Така што може да очекуваме? Владата не може нас да ни гарантира, има уште еден куп институции за кои владата треба да ги остави да работат независно, тука се судовите, тука се телата, советот за радиодифиузија, односно според новиот предлог-закон, агенцијата за медиуми и тн.
Сашка Цветковска, новинарка.

Улогата на цензор или медиумска полиција ќе ја има Агенцијата за медиуми која ќе пали и гаси. Во членот 32, што ги уредува надлежностите на Агенцијата, е наведено дека „Агенцијата се грижи за обезбедување на слободата на изразување и слободата на медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги и презема мерки во согласност со овој закон во случаите кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или на прописите донесени врз основа на него и условите и обврските од дозволите“.
Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.
Претседателката на ССНМ Тамара Чаусидис.

Па оттука ќе може да се заклучи дека Агенцијата ќе има задача да утврдува дали некоја вест повредила нечие здравје, морал или углед. Таа ќе одлучува кој он-лајн медиум ќе работи, затоа што, според законот, порталите ќе мора да се регистрираат, без при тоа да е наведено колку тоа ќе ги чини и под кои услови и критериуми ќе треба тоа да го сторат. Покрај директорот, одлучувачки одбор во агенцијата ќе биде совет од седум членови кои ќе имаат плата во вредност од 4 просечни македонски плати односно околу 1.400 евра заедно со надомест за сите патни трошоци. Тие ќе бидат должни најмалку еднаш месечно да одржат седница. Оваа агенција ќе треба да се грижи за слободата на медиумите, но и да поттикнува „саморегулација“ и ќе има моќ да „одзема“ дозволи за емитување и да се грижи за „интересите на граѓаните“.
Значи јас мислам дека додека е оваа влада на власт не треба да се носи никаков закон за медиуми, лично мислам дека немаат никаков демократски капацитет да создадат медиумски простор во кој новинарите ќе можат да работат слободно и објективно.
Слободанка Јовановска, новинарка.

Последното може лесно да биде злоупотребено бидејќи граѓаните немаат пристап до информациите до кои можат да дојдат новинарите, информации кои можат да бидат компромитирачки за властите.

Чаусидис вели дека дури и оние делови кои се навидум пристојни се спорни и покажуваат дека во неговото пишување не се консултирани оние на кои тој закон треба да се однесува, а тоа не е случајно.

„Намерата е да се стават некакви шарени лажалки за новинарите, кои знаеме функционираат во навистина невозможни услови, оние малку што сè уште имаат работен ангажман, значи лажалки што ќе го прикријат горчливиот вкус на законот кој буквално сака да регулира сè и да го сведе новинарството на она што е негова суштествена спротивност – да биде трансмисија на ставовите на центрите на моќ, а новинарите некаков вид на државни службеници.“

Таа додава дека во дефиницијата за новинар во предлог-законот за медиуми се протнува монструозна формулација која се однесува на третиот член каде што е наведено дека новинар е оној кој има траен или времен работен договор новинар или пак е слободен новинар. Лажалката е во формулацијата слободен новинар која делува европски и современо, но е сè само не тоа, затоа што не е дефиниран со посебен член статусот на слободниот новинар или популарно кажано фриленсерот, вели Чаусидис.

„Практично им се мачкаат очи на новинарите дека ќе можат да бидат фриленсери, а во пракса таков статус не може да се добие и слободен новинар, вие сте невработен новинар, односно по новиот закон - бивш новинар. Дека ова не е случајно потврдува и обидот на власта, ако се сеќавате, по затворањето на А1 телевизија и весниците на Велија Рамковски, новинарите кои останаа без работа, да ги прогласуваат за поранешни или бивши новинари. Станува збор за пракса која веќе е присутна во Белорусија и токму на тој начин, според кажувањето на колегите од Белорусија, власта се ослободува од критичките новинари и луѓето со интегритет.“

Селмани вели дека очекува новиот закон да понуди решение и за владините кампањи, кое како обврска произлегува од претпристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија.

„Сериозен пристап треба да имаме и кон реформата на МРТВ. Да ги третирате новинарите како јавни службеници не е пристап кој обезбедува институционална автономија и уредувачка независност на јавниот сервис. Спремни сме да се вклучиме во процесот на донесување на законот со обезбедување на минимум услови. Сакаме конструктивна, широка и суштинска дебата за законот.“

Селмани бара рокот за донесување на законот да се продолжи 3 до 5 месеци за да можат новинарските организации детално да го анализираат и да подготват предлози со кои ќе и се помогне на Владата да го подобри текстот на законот. Во меѓувреме ЗНМ останува на ставот дека прв чекор кој треба да се направи е формирање на анкетната комисија која очекува добро да ја заврши работата околу расчистување на инцидентот со новинарите на 24 декември во Собранието.

Лупевска, пак, смета дека власта ќе го донесе законот со или без новинарите, па затоа е важно да се искористи шансата и новинарите да се вклучат во процесот на негово донесување.

„Јас не велам дека целиот закон не чини. Во одредени делови треба да се направи регулација, сега е време на дигитализација и слично, меѓутоа во деловите каде што ние сме засегнатi, особено Здружението на новинари, треба сериозно да подразмисли како ќе ги вклучи новинарите во дебатите, затоа што од друга страна не сакам само петмина да одлучуваат за сите нас, туку заеднички да одлучуваме. Сметам дека законот ќе го донесат со нас или без нас, меѓутоа најдобро е да се вклучиме и да направиме притисок да ги вклучат нашите забелешки.“

Новинарката Сашка Цветковска од Нова ТВ вели дека хартијата трпи сè, ова е само закон кој може да ја подобри ситуацијата, а може и да ги ограничи правата на новинарите, но во моменталната ситуација не очекува гаранција од владата да спроведе закон кој ќе биде во интерес на медиумската слобода.

„Видете ние го донесовме и законот за декриминализација па не видовме дека нешто значително се промени. Напротив. Нема реална и нема искрена политичка волја, нешто суштински да се промени во амбиентот на слободата на медиумите. Така што може да очекуваме? Владата не може нас да ни гарантира, има уште еден куп институции за кои владата треба да ги остави да работат независно, тука се судовите, тука се телата, советот за радиодифиузија, односно според новиот предлог-закон, агенцијата за медиуми и тн.“

Новинарката Слободанка Јовановска од Утрински весник вели дека во овој момент не треба да се носи никаков закон.

„Значи јас мислам дека додека е оваа влада на власт не треба да се носи никаков закон за медиуми, лично мислам дека немаат никаков демократски капацитет да создадат медиумски простор во кој новинарите ќе можат да работат слободно и објективно.“

Цветковска истакнува дека каков закон и да се донесе, па макар бил и најдобриот напишан на хартија, од него нема да има полза ако не функционира во пракса.

„Значи во стратегијата за проширување која Европската комисија ја објави есенва убаво и експлицитно е напишано и е таргетирано како приоритет дека реформите ќе се вреднуваат врз основа на имплементација на законите, помина она време кога ние можевме да донесеме закони да речеме дека се трудиме се приближуваме, веќе тоа нема да пали. Исто ќе биде и со медиумите, тоа праксата треба да покаже каков е амбиентот, ние можеме и сите закони да светот да ги донесеме и тоа пак да биде бадијала.“

Факт е дека медиумите во Македонија се наоѓаат во лоша ситуација. По одржувањето на локалните избори мониторингот на ОБСЕ/ОДИХР укажа на значителна пристрасност на голем дел од медиумите кон владејачките партии, нудејќи опширно покривање на владините активности во општините и не правејќи разлика меѓу владини активности и партиската кампања.

Еврокомесарот Филе при неговата последна посета на Скопје пред да излезе пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции, инсистираше да се види со претседателот на ЗНМ. Тој изрази сериозна загриженост за состојбата со македонските медиуми не криејќи го разочарувањето од исфрлањето на новинарите и од прекинатиот дијалог со Владата.

„Срамно е што на постигнатиот напредок од лани фрлија сенка изминатите настани. Дијалогот влада-новинари треба да продолжи и новинарите да се вклучат во реформите за тој да продолжи на отворен и транспарентен начин. Ова прашање е навистина важно, тоа треба да биде задача и обврска на сите, особено во земји со млада демократија треба да се брани слободата на изразување затоа што нивото на оваа слобода станува единственото огледало во кој се гледа квалитетот на демократијата“, рече Филе.

Законот што би требало да ја поправи ситуацијата, уште од самиот почеток го следат контроверзии. Се чувствува и притисок од меѓународната заедница, посебно од ЕУ која слободата на медиумите ја става како една од главните пет точки за кои се преговара и се очекува напредок во претпристапниот дијалог. Дел од причините за тоа се и константното влошување на медиумската сцена. Во изминативе неколку години медиумската заедница ја погодија неколку земјотреси, неколку медиуми се затворени - едни од навидум економски причини, други, пак, затоа што сопственикот на медиумите е осуден на затворска казна поради криминал. Само во изминативе четири години Македонија забележа пад од 80 места на листата за слобода на медиуми на светската организација „Репортери без граници“.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG