Од коментари, преку политички преписки до упади во приватноста – професионалноста на македонските медиуми е ставена во фокусот на јавноста, посебно откако се официјализираше извештајот на меѓународната Репортери без граници, каде се забележува видно драстичен пад на слободата на јавните гласила во земјава. Падот за 22 места значи дека функциите кои медиумите ги имаат во секое демократско општество, во Македонија се неисполнети или дефицитарни.
„Задачите, улогата на медиумите е да овозможат јавноста да се артикулира самата себе си, одделните, па и спротивните интереси кои постојат меѓу одделните групи и воопшто во јавноста да дојдат до израз, од една страна, од друга страна медиумите имаат незаменлива улога да бидат куче-чувар, најдоброто што досега е создадено во однос на власта, да ја контролираат власта и на тој начин да ја информираат јавноста“, вели комуникологот Климе Бабунски.
Кога во ваквата конфигурација недостасува цврстина и недостига професионалност, тогаш јасно е дека понудата не може да одговори на зададените задачи, додава Бабунски.
„Кога недостасува таквата понуда имаме наместо граѓани, наместо јавност, крајно пасивизирани гледачи, слушатели, читатели, ако на сето тоа се додаде и софистицираната пропаганда од страна на власта, значи извртувањето, манипулациите, спиновите, тогаш навистина е невозможно дека ќе имаме активна и критичка јавност“, вели Бабунски.
Претставници на меѓународната заедница исто така изразија загриженост за влошената слобода на медиумите во земјава. Евроамбасадорот Аиво Орав во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Европската унија ја следи состојбата. Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет во неделното интервју ги охрабри новинарите и здруженијата да го рестартираат дијалогот со надлежните институции, откако истиот беше прекинат по декемврискиот инцидент во собранието.
Странците се загрижени, слободата е загрозена, а според упатените, се зголемува ризикот за пасивизирање на публиката. Останува прашањето што се случи со професионалните стандарди? Неблагодарно би било да се констатира дека во Македонија нема образовни институции за новинари или дека недостигаат обуки. Освен новинарските студии на државниот универзитет Свети Кирил и Методиј, постои и приватна високообразовна институција за новинарство и односи со јавноста.
Програмскиот координатор на Македонскиот институт за медиуми Петрит Сарачини вели дека и покрај можностите, во редакциите сепак се вработуваат необразовани кадри. Со него разговараме околу неискуството, но и кршењето на стандардите во интерес на спонзорите.
„Тука би се надоврзал на недостатокот на обуката внатре во редакциите, веројатно поради тешките материјални, финансиски, економски услови во кои вирее новинарството денес, не само кај нас, туку и во светот. Сè помалку ресурси има во редакциите за да се работи на доградба на капацитетите на они кои ете не поминале низ формално новинарство, но имаат некаков талент. Целиот разговор со Сарачини погледнете го во видеото.
Дали би било погрешно да се заклучи дека новинарите лебот не го вадат од публиката туку од центрите на моќ? Според неофицијални проценки, во текот на минатата година се забележани 30 проценти пад на огласувачките буџети во македонските медиуми.
Покрај интернетот, страдаат профитите на традиционалните медиуми, забележува универзитетскиот професор Зоран Ивановски. Според него, новинарите се соочени со состојба кога постојано опаѓа цената на трудот.
„Таквата ситуација предизвикува потреба да се бара спонзорство што го баравте на другата страна, тоа е секогаш најлесно таму каде што се буџетски средства или политички интереси, крупен капитал и оттука претпоставувам дека тоа директно влијае на денешните состојби во Македонија.“
Општата економска состојба секако има свое влијание, смета Ивановски.
„Оваа загрозена економска егзистенција претпоставувам дека драматично влијае и на состојбите во нашето новинарство и напуштањето на оној курс кој сите го очекуваме, а тоа е висок професионализам.“
Новинарството не е најплатена професија во светот. Се шпекулира дека во многу редакции во Македонија платите се во опсегот од десет до осумнаесет илјади денари месечно и дека неретко хонорарци под договор на дело, со примања и од по три до четири илјади денари месечно, покриваат настани, отвораат вести па дури и пишуваат за насловни страници. Ако ваквите шпекулации за новинарските примања се точни, се поставува прашањето каков професионализам и мотивација може да се очекува од вршител на интелектуална работа од која дневно заработува доволно за пакло цигари?
Правниот експерт Драге Јовановски вели дека проблемот почнува во Законот за работни односи.
„Нашиот законодавец не знае да направи разлика на типично и атипично работно место. Дали на такви работни места кои се специфични за новинари треба да се заснова работен однос на определено време, иако работата и работните задачи траат цела година. Таа разлика мора да се направи. Од тие причини новинарите во Македонија пикнати во глувчешка дупка не смеат ништо да кажат, затоа што се врзани до договорот за вработување.“
Во поглед на платите, законски не се прави категоризација на минималните примања за одредени занимања, објаснува Јовановски.
„Со оглед на тоа дека не се утврдува колку е работното време и со оглед на тоа дека ниско е утврдена најниската цена на трудот од 8.000, зошто и новинарот да не влезе во тоа, затоа што законот не кажува за кого е тоа, за кој труд, дали е тоа цена за коефициент 1 - за најпростиот труд или за најсложениот. Според тоа работодавачот може да му дава и 2-3.000 и да каже па тој работи 1-2 саати во текот на денот.“
Како реагираат граѓаните на состојбата во медиумите? Повеќето од анкетираните во рубриката „Хајд Парк“ велат дека не им веруваат на медиумите:
Дали работата е влошена во последниве година дена или станува збор за постепено опаѓање на граѓанската доверба во јавните гласила? За споредба проследете ги одговорите на анкетираните за истата рубрика во 2010 година.
Пад на довербата се забележува и во последното достапно емпириско истражување на оваа тема, кое пред три години го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка со 1.300 испитаници. Бројките покажуваат дека довербата во медиумите од 53,6 отсто во 2008 се стопила на 40,4 отсто во 2010 година.
Во услови на политичка криза и пред претстојните парламентарни избори, се поставуваат неколку прашања: Дали во ваква ситуација професионализмот на медиумите е загрозен поради политичките влијанија? Дали со известувањето се придонесува кон поделби наместо да се спротивставуваат ставовите на соговорниците и како ќе се снајде седмата сила во поглед на претстојните избори? На овие теми проследете го разговорот со Џабир Дерала, претседател на невладината организација „Цивил“.
РСЕ: Дали медиумите придонесуваат кон зголемување на поделбите, било на политичка или на етничка основа?
„За жал македонските медиуми се можеби главните виновници, условно кажано, што во Македонија владее општа атмосфера на нетрпеливост, на поделби, на предрасуди и стереотипи, прогонство или проколнувања, ако сакате, на се што е различно од она што одредена група смета дека треба да биде во рамки на некое секојдневие или нивни вредности.“
Загриженост за состојбата во македонската медиумска сфера изразија неколку меѓународни организации. Освен „Репортери без граници“, со забелешки и ниско рангирање излегоа и меѓународната „Ирекс“ и „Фридом Хаус“.
Задачите, улогата на медиумите е да овозможат јавноста да се артикулира самата себе си, одделните, па и спротивните интереси кои постојат меѓу одделните групи и воопшто во јавноста да дојдат до израз, од една страна, од друга страна медиумите имаат незаменлива улога да бидат куче-чувар, најдоброто што досега е создадено во однос на власта, да ја контролираат власта и на тој начин да ја информираат јавностаКлиме Бабунски, комуниколог.
„Задачите, улогата на медиумите е да овозможат јавноста да се артикулира самата себе си, одделните, па и спротивните интереси кои постојат меѓу одделните групи и воопшто во јавноста да дојдат до израз, од една страна, од друга страна медиумите имаат незаменлива улога да бидат куче-чувар, најдоброто што досега е создадено во однос на власта, да ја контролираат власта и на тој начин да ја информираат јавноста“, вели комуникологот Климе Бабунски.
Кога во ваквата конфигурација недостасува цврстина и недостига професионалност, тогаш јасно е дека понудата не може да одговори на зададените задачи, додава Бабунски.
„Кога недостасува таквата понуда имаме наместо граѓани, наместо јавност, крајно пасивизирани гледачи, слушатели, читатели, ако на сето тоа се додаде и софистицираната пропаганда од страна на власта, значи извртувањето, манипулациите, спиновите, тогаш навистина е невозможно дека ќе имаме активна и критичка јавност“, вели Бабунски.
Претставници на меѓународната заедница исто така изразија загриженост за влошената слобода на медиумите во земјава. Евроамбасадорот Аиво Орав во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Европската унија ја следи состојбата. Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет во неделното интервју ги охрабри новинарите и здруженијата да го рестартираат дијалогот со надлежните институции, откако истиот беше прекинат по декемврискиот инцидент во собранието.
Странците се загрижени, слободата е загрозена, а според упатените, се зголемува ризикот за пасивизирање на публиката. Останува прашањето што се случи со професионалните стандарди? Неблагодарно би било да се констатира дека во Македонија нема образовни институции за новинари или дека недостигаат обуки. Освен новинарските студии на државниот универзитет Свети Кирил и Методиј, постои и приватна високообразовна институција за новинарство и односи со јавноста.
Програмскиот координатор на Македонскиот институт за медиуми Петрит Сарачини вели дека и покрај можностите, во редакциите сепак се вработуваат необразовани кадри. Со него разговараме околу неискуството, но и кршењето на стандардите во интерес на спонзорите.
„Тука би се надоврзал на недостатокот на обуката внатре во редакциите, веројатно поради тешките материјални, финансиски, економски услови во кои вирее новинарството денес, не само кај нас, туку и во светот. Сè помалку ресурси има во редакциите за да се работи на доградба на капацитетите на они кои ете не поминале низ формално новинарство, но имаат некаков талент. Целиот разговор со Сарачини погледнете го во видеото.
Дали би било погрешно да се заклучи дека новинарите лебот не го вадат од публиката туку од центрите на моќ? Според неофицијални проценки, во текот на минатата година се забележани 30 проценти пад на огласувачките буџети во македонските медиуми.
Нашиот законодавец не знае да направи разлика на типично и атипично работно место. Дали на такви работни места кои се специфични за новинари треба да се заснова работен однос на определено време, иако работата и работните задачи траат цела година. Таа разлика мора да се направи. Од тие причини новинарите во Македонија пикнати во глувчешка дупка не смеат ништо да кажат, затоа што се врзани до договорот за вработување.Драге Јовановски, долгогодишен синдикалец.