Дијалогот е клучен и владата мора да покаже добра волја и да најде начин тој дијалог и да го обнови порача евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав уверен дека за тоа постојат многу можности.
„Клучен е дијалогот. Владата мора да изнајде начин како да го обнови дијалогот со новинарите. Треба да има консултации со новинарите за сè што е дефинирано во предлог-законот за медиумите, како што тоа беше случај кога Здружението на новинарите и владата преговараа за декриминализација на клеветата. Тоа беше добар пример и сигурен сум дека ако двете страни напредуваат на ист начин, тоа ќе помогне за воспоставување на дијалогот и во други области“, рече евроамбасадорот Аиво Орав.
Дијалогот застана по настаните од 24 декември кога новинарите беа исфрлени од собраниската галерија. Управниот одбор на ЗНМ донесе одлука за нивното прекинување и таа се уште е на сила се додека не се остранат причините за прекинот, велат од ЗНМ.
Тоа значи дека настаните од 24 декември кога новинарите беа исфрлени од собраниската галерија мора да се расчистат и да се утврди одговорноста за нив, вели претседателот на здружението, Насер Селмани. За ваквата одлука беше известена и владата.
Министерката за евроинтеграции, Теута Арифи на ваквото известување реагираше со порака дека дијалогот треба да продолжи и од нејзиниот кабинет и денеска велат дека таквата подготвеност останува.
Професорот Осман Кадриу вели дека владата во сегашнава ситуација треба да биде иницијатор на политичкиот дијалог воопшто и преку него да се дојде до решение и за повтороно воспоставување и на односите на релација влада – Здружение на новинари. Во тие рамки треба да се прифати предлогот на новинарите да се расветли случајот и евентуално да се утврди некаква одговорност и тоа да стане дел од натамошнотот продолжување на разговорите на релација новинари влада, вели Кадриу.
„Во тој политички дијалог треба да биде инволвирано и интегрирано прашањето на случувањата од 24 декември. Сметам дека барањето на новинарите и предлогот на новинарите тоа прашање да биде поставено на дневен ред на политичкиот дијалог, држи место и е предметно“, појаснува Кадриу.
Клучен е дијалогот. Владата мора да изнајде начин како да го обнови дијалогот со новинарите.Аиво Орав, евромабасадор во Скопје.
„Клучен е дијалогот. Владата мора да изнајде начин како да го обнови дијалогот со новинарите. Треба да има консултации со новинарите за сè што е дефинирано во предлог-законот за медиумите, како што тоа беше случај кога Здружението на новинарите и владата преговараа за декриминализација на клеветата. Тоа беше добар пример и сигурен сум дека ако двете страни напредуваат на ист начин, тоа ќе помогне за воспоставување на дијалогот и во други области“, рече евроамбасадорот Аиво Орав.
Дијалогот застана по настаните од 24 декември кога новинарите беа исфрлени од собраниската галерија. Управниот одбор на ЗНМ донесе одлука за нивното прекинување и таа се уште е на сила се додека не се остранат причините за прекинот, велат од ЗНМ.
Тоа значи дека настаните од 24 декември кога новинарите беа исфрлени од собраниската галерија мора да се расчистат и да се утврди одговорноста за нив, вели претседателот на здружението, Насер Селмани. За ваквата одлука беше известена и владата.
Во тој политички дијалог треба да биде инволвирано и интегрирано прашањето на случувањата од 24 декември. Сметам дека барањето на новинарите и предлогот на новинарите тоа прашање да биде поставено на дневен ред на политичкиот дијалог, држи место и е предметно.Осман Кадриу, универзитетски професор.