Достапни линкови

Институциите затворени за јавни информации


Илустрација.
Илустрација.

Државните институции недоследно го почитуваат законот за слободен пристап до информации од јавен каратер. Тие стануваат се позатворени и понедостапни за новинарите, а оттука и за јавноста.

Институциите се помалку споделуваат суштински информации со јавноста, стануваат се позатворени и понедостапни за новинарите, а оттука и за јавноста. Ваквиот заклучок може да се изведе од жалбите и поплаките на новинарите како и од глобалното истражување на Меѓународното партнерство за буџет, според кое Македонија се најде на 68 место од 100 земји рангирани според индексот на буџетска отвореност за 2012 година.
Институциите откако ќе го добијат барањето треба веднаш, а најмалку во рок од 30 дена да го достават одговорот на информацијата која сте им ја побарале, меѓутоа за жал, намерно или ненамерно најголем дел од институциите го чекаат тој последен ден за да ја достават информацијата која сте ја побарале.
Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.

Со вредност на индексот за буџетска отвореност од 35 поени, земјава беше рангирана во претпоследната група земји што обезбедуваат минимални информации за буџетските документи и буџетскиот процес.

На Македонија во претпоследна група друштво и прават Ангола, Либан, Сиера Леоне а од европските земји Србија.
Сабина Факиќ и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации
Сабина Факиќ и Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации

Претседателот на синдикатот на новинари Тамара Чаусидис вели дека живееме во општество кое секојдневно се повеќе се затвара.

„Јас се сеќавам дека на почетокот од тој дијалог со ЗНМ, една од точките беше да се побара дневниот ред на седниците на Владата да биде јавен. Не се сеќавам тој некогаш да бил објавен, на времето тоа беше редовна пракса, секогаш се знаеше дневен ред на влада, тоа не е државна тајна. “

Новинарката Ида Протуѓер преку својот пример укажува дека за да се зголеми транспарентноста на институциите пред се е потребна политичка волја.
Буџетите до 2008-та беа на една стара страница на Министерството за финансии и таа повеќе ја нема, немате податоци ако сакате да знаете за буџетот од 2007-ма. Се обратив пред 2-3 месеци во Министерството за финансии, немам одговор и едноставно и ние се обесхрабруваме.
Ида Протуѓер, новинарка.

„Буџетите до 2008 беа на една стара страница на Министерството за финансии и таа повеќе ја нема, немате податоци ако сакате да знаете за буџетот од 2007. Се обратив пред 2-3 месеци во Министерството за финансии, немам одговор и едноставно и ние се обесхрабруваме. “

Невладината организација Центар за граѓански комуникации спроведе истражување за примената на законот за слободен пристап до јавни информации кој постои веќе 7 години. Резултатите укажуваат дека државните институции недоследно го почитуваат законот.

„Институциите откако ќе го добијат барањето треба веднаш, а најмалку во рок од 30 дена да го достават одговорот на информацијата која сте им ја побарале, меѓутоа за жал, намерно или ненамерно најголем дел од институциите го чекаат тој последен ден за да ја достават информацијата која сте ја побарале“, вели Сабина Фаќиќ од Центарот за граѓански комуникации.
Работите ќе се подобрат ќе има олеснување со новата веб страница, а и со работилниците кои ги организира комисијата со цел едукација на кадарот со напомена дека законот е нивно задолжение во установата.
Катерина Диневска, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Токму таквата состојба влијае дестимулативно врз новинарите и се оддржува неповолна клима во која овој закон не се користи како корисна алатка за медиумите.

Од друга страна, пак, новинарите не го користат доволно правото за пристап до информации и право на жалба до Државната комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

По спроведената анкета од 2012 се покажало дека само 50 отсто од новинарите во земјава ги знаат своите права за барање на информации, а на дури 56 проценти јавноста не им верува.

Претставникот на комисијата Катерина Диневска, на реакциите дека институциите не го практикуваат доследно законот уверува дека проблемот ќе се реши.

„Работите ќе се подобрат ќе има олеснување со новата веб страница, а и со работилниците кои ги организира комисијата со цел едукација на кадарот со напомена дека законот е нивно задолжение во установата.“

Еден од уредниците во „Вест“ Горан Трпеновски вели дека јалови се обиди за притисок врз институциите за добивање на информации затоа што потоа тие нема да може да стигнат до јавноста.

„Што ако ги користиме инструментите и ако сме креативни како новинари, кога потоа немаме каде да ги објавиме фактите.“

Покрај политичката волја, за зголемување на транспарентноста за институциите потребни се измени во законот за пристап до јавни информации како и ажурност и доследно почитување на законските решенија според кои институциите се должни да достават информации за нивната работа и за потрошените народни пари.

Центарот за граѓански комуникации предлага кратење на рокот од 30 календарски денови, на 15 работни денови, „активна транспарентност“, поголема вклученост и користење на алатката за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и поголеми надлежности на Комисијата за слободен пристап до информациите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG