Достапни линкови

Партиските сметки во „сива“ зона


На последните парламентарни избори финансискиот извештај за ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика од 3, 5 милиони евра меѓу расходите и приходите, ниту една институција досега не го отвори овој случај. Оваа финансиска дупка, според прeмиерот Никола Груевски, е долг кон одредени правни лица кој ќе се регулира.

Финансирањето на партиите е тема за која отворено и гласно се зборува во развиените демократски општества. Но и покрај обидот процесот да биде транспарентен, кај нас се чини дека тоа не оди лесно. Партиите меѓусебно се обвинуваат за нелегално финансирање, невладиниот сектор констатира немање политичка волја за ефикасна контрола над финансирањето во политиката, надлежните институции одбегнуваат да зборуваат за можните злоупопотреби во оваа област.
Ништо не сме престапиле, ниту на едно место, ниту во една институција, ниту еден рок не сме пробиле за да доставиме наши извештаи и сме едни можеби единствени што на веб страницата на партијата ги има овие информации јавно ставени, достапни.
Андреј Петров, СДСМ.

Ако државниот ревизор во соседна Бугарија утврди неправилности во финансиското работење на одредена политичка партија, истиот може да изрече забрана за учество на следните избори на таа партија. И во соседна Србија, Антикорупциската комисија има поголеми надлежности од поднесување иницијативи до органите на прогонот.

Надлежните без надлежности

Не е до нас како субјект и до субјектите работата за јавноста на донаторите, тоа е повеќе барање на донаторите да бидат анонимни за општата јавност, иако за органите кои вршат ревизија, односно контрола се достапни податоците, тие ги знаат. Знаете дека милјето кај нас се уште е такво, рамката односно нивото на демократијата е таква што луѓето викаат –при секоја смена на власт на удар се тие што се донатори.
Талат Џафери, ДУИ.
Кај нас, контролата на надлежните институции се сведува на поднесување иницијативи за евентуално кривично гонење до Јавното обвинителство. Тоа пак врз основа на доказите кои ќе ги собере истражниот судија утврдува дали ќе биде покренато обвинение, а доколку и тоа се случи, последниот збор во однос на евентуалните санкции го има Судот. И тогаш овој круг се затвора.

Но, во досегашната македонска практика единствениот случај кој добил судска разрешница, а кој се однесува на злоупотреби во врска со финансиското работење на партиите е случајот „Кампања“ на Љубе Бошкоски, кој заврши во затвор.

Партиите нерасположени да зборуваат за тоа како се финансираат

Финансирањето во политиката е тема за која се најмалку расположени да зборуваат партиите. Ако ги прашате поголемите политички партии во земјава како се финансираат, ќе ви кажат дека се е во согласност со законот за финансирање на партиите и дека секогаш навремено ги поднесуваат годишните извештаи за нивното финансиско работење до надлежните органи.

„Ништо не сме престапиле, ниту на едно место, ниту во една институција, ниту еден рок не сме пробиле за да доставиме наши извештаи и сме едни можеби единствени што на веб страницата на партијата ги има овие информации јавно ставени, достапни“, вели генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Ќе постапиме само по законот, тоа ќе си го одредат правниците, сметководителите. Ќе одговарам ако сум го прекршил законот, ако не сум го прекршил законот нема што да одговарам.
Никола Груевски, премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Според законот за финансирање на партиите, покрај јавните извори на финансирање, односно средствата кои се издвојуваат од Буџетот, партијата има и приватни извори на финансирање, а тука спаѓаат чланарината, донациите, легатите, продажбата на промотивен и пропаганден материјал и сопствени приходи во согласност со овој закон. За разлика од порано кога на секои три месеци партиите доставуваа финансиски извештаи, сега тоа го прават еднаш годишно. Од минатата година, партиите имаат обврска за поднесат и посебни финансиски извештаи за приливите на нивните сметки отворени за изборниот циклус. Според последните измени и дополнувања на законот за финансирање на политичките партии, тие се должни на својата официјална веб страница да ги објават имињата на донаторите на партијата, но таквата одредба не се почитува.
Таму каде што гледаме објавени информации за донори, никој не ги проверува понатаму сосотјбите за илегалното финансирање за тие такви лица кои што даваат донации, а имаше состојби дека се нотирани донаци од правни лица коишто се во сопственост на државата, односно се финансираат од буџетот. Не можат да се даваат донации од буџетски средства, тоа е апсолутно забранео со закон.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешнал - Македонија.

„Не е до нас како субјект и до субјектите работата за јавноста на донаторите, тоа е повеќе барање на донаторите да бидат анонимни за општата јавност, иако за органите кои вршат ревизија, односно контрола се достапни податоците, тие ги знаат. Знаете дека милјето кај нас се уште е такво, рамката односно нивото на демократијата е таква што луѓето викаат – при секоја смена на власт на удар се тие што се донатори“, вели Талат Џафери од Демократската унија за интеграција.

Иако на последните парламентарни избори финансискиот извештај за ВМРО-ДПМНЕ покажа разлика од 3, 5 милиони евра меѓу расходите и приходите, ниту една институција досега не го отвори овој случај. Оваа финансиска дупка, според прeмиерот Никола Груевски, е долг кон одредени правни лица кој ќе се регулира. Премиерот тврди дека тоа ќе биде направено во согласност со законските прописи, и дека е подготвен да одговара ако нешто излегло од рамките на законите.
Тоа се во прашање генерални секретари, водачи на изборни штабови, потпретседатели на партии, претседатели на партии и нема кој друг да се апси по тие основи и нема кој друг да се контролира по тие основи, тие се луѓе кои одговараат и пред законот, па според тоа ако имате ситуација во која само опозиционерите се под лупа, јасно ви е дека за тоа треба политичка волја која недостасува.
Сашо Орданоски, аналитичар и антикорупционер.

„Ќе постапиме само по законот, тоа ќе си го одредат правниците, сметководителите. Ќе одговарам ако сум го прекршил законот, ако не сум го прекршил законот нема што да одговарам.“

Инаку во годишниот извештај за финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ за 2011 година, заведени се триста донатори, меѓу кои и директори на јавни претпријатија и нивни претходници, раководители во министерства, пратеници, советници во општини итн.

Финансирањето во политиката е сива зона

Неодамна меѓународната организација Транспаренси Интернешнал изрази сомневање дека надлежните институции кои треба да го контролираат процесот на финансирање на партиите погрешно ги толкуваат законите и ја применуваат практиката на селективност. Според претседателката на оваа организација Слаѓана Тасева, финансирањето во политиката е сива зона во која неофицијално се вртат големи суми нелегални пари.
Според досегашните постапки и однесувања и делата кои се покренати, односно постапкит екои се покренати не ни даваат доем дека транспарентно работи оваа комисија и дека нема селективен пристап кон сите овие збиднувања кои се поврзани со конкретни кривични појави, конкретни кривични дела, кривично однесување, организиран криминал.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

„Таму каде што гледаме објавени информации за донори, никој не ги проверува понатаму состојбите за илегалното финансирање за тие такви лица кои што даваат донации, а имаше состојби дека се нотирани донаци од правни лица коишто се во сопственост на државата, односно се финансираат од буџетот. Не можат да се даваат донации од буџетски средства, тоа е апсолутно забрането со закон.“

Еден од главните извори на корупција и криминал во Македонија се политичките партии, вели аналитичарот и поранешен претседател на Транспарентност Македонија, Сашо Орданоски. Финансирањето на партиите е секогаш врзано за највисоките раководства во партиите, вели тој.

„Тоа се во прашање генерални секретари, водачи на изборни штабови, потпретседатели на партии, претседатели на партии и нема кој друг да се апси по тие основи и нема кој друг да се контролира по тие основи, тие се луѓе кои одговараат и пред законот, па според тоа ако имате ситуација во која само опозиционерите се под лупа, јасно ви е дека за тоа треба политичка волја која недостасува.“
Нашата надлежност завршува со тоа, со поднесување на иницијатива, оттука натаму значи Јавниот обвинител цени дали е таа издржана или не, тој си ги има на убид значи сите потребни работи, си има оперативни мерки за да истражува .Ние значи немаме, нема ни селективно работење, државната комисија е независно тело које работи согласно законите и секој оној кој ќе се огреши пред нашите закони ќе одговара, нема селективност и нема компромис со корупцијата.
Љубинка Корабоска, Државна комисија за спречување на корупција.

Првичните заклучоци од анализата на Транспаренси Интернешнал покажале дека извештаите од Државниот завод за ревизија за изборното финансирање не се во согласност со законите, дека ревизорите пропуштиле да ја остварат својата функција на надзор и контрола и оти не ги спровеле постапките кои би довеле до повикување на одговорност и санкционирање на одговорите во изборните кампањи. Од Транспаренси велат дека ако на ова се додаде и однесувањето на Јавното обвинителство кое во изборната кампања не препозна соодветна одредба од кривичниот законик за поведување на постапка во врска со списоците на лица кои под закана или врз основа на дадено ветување ветиле дека ќе гласаат за определена политичка партија, имаат простор за сомневање во системот на проверка и контрола.

Државните тела селективни?

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе три постапки кои се однесуваат на кривично гонење на СДСМ, на управителот на А1 телевизија и на Плус продукција, за неправилности во извештаите. Иницијативите се поднесени до Јавното обвинителство, а постапките се во тек. За експертите е симптоматично постапувањето само за овие случаи.

„Според досегашните постапки и однесувања и делата кои се покренати, односно постапките кои се покренати не ни даваат впечаток дека транспарентно работи оваа комисија и дека нема селективен пристап кон сите овие збиднувања кои се поврзани со конкретни кривични појави, конкретни кривични дела, кривично однесување, организиран криминал“, вели професор Осман Кадриу.

Од Државната комисија за спречување на корупцијата велат дека постапуваат во согласност со законските надлежности. Претседателката Љубинка Корабоска ги отфрла обвинувањата во јавноста дека комисијата на чиешто чело е, работи селективно.

„Нашата надлежност завршува со тоа, со поднесување на иницијатива, оттука натаму значи Јавниот обвинител цени дали е таа издржана или не, тој си ги има на увид значи сите потребни работи, си има оперативни мерки за да истражува. Ние значи немаме, нема ни селективно работење, државната комисија е независно тело које работи согласно законите и секој оној кој ќе се огреши пред нашите закони ќе одговара, нема селективност и нема компромис со корупцијата.“

Социјалдемократскиот сојуз, пак, е уверен дека Антикорупциската комисија е партиско тело, односно уште еден инструмент на власта.

„Нивните закони се без никаква тежина и без правна тежина. Тоа е значи политички инструмент на власта во борба со опозицијата, уште едено тело што треба да ја напаѓа опозицијата.“

Демократската унија за интеграција не се сомнева во стручноста и професионалноста на органите за контрола на финансиското работење на партиите.

„Констатаците се дека нема значителни отспапки од она што е постапка, процедура, состојба најдена стварна“, изјави Џафери.

Законот дозволува партиите да имаат „чисти“ извештаи

Во досегашните извештаи за финансиското работење на партиите Државниот завод за ревизија не забележал поголеми пропусти, освен како што посочуваат системски слабости кои им овозможуваат на партиите да презентираат таканаречени „чисти“ извештаи. Директорката на заводот Тања Таневска неодамна изјави дека не може да се зборува за прекршувања на законот кога од друга страна постојат недоречености во истиот.

Аналитичарите велат дека искуството покажува дека имало случаи кога надлежниот орган за контрола констатирал неправилности во трошењето пари на партиите, но санкциите секогаш изостанувале.

„Ние сме имале порано случај Државниот завод за ревизија да констатира дека од јавни претпријатија се трошени пари за кампањи, преку купување на големи количина на маички, преку плаќање на бензин за автобуси, преку различни трошоци кои не се во доменот на работата на тие претпријатија. Значи посоти можност ако постои волја. Не се спроведе ниту еднаш заради познати причини –поголема политичазција на институциите, силна контрола од страна на политиката, застрашувања со губење на позиции или работни места“,
вели Тасева.

Според невладините организации, извештаите што ги доставија политичките партии покажуваат дека тие не ја отсликуваат реалната состојба со изворите на приходите и расходите. Ова, според Транспарентност Македонија, покажува дека финансирањето на кампањите на политичките партии во голем дел се одвива по нерегуларни канали. Ордановски посочува дека во земјава не постои законски проблем за тоа како да се информира јавноста за финансиското работење на партиите. Проблемот според него е недостигот на политичка волја и нефункционирање на органите на прогон.

„Нема да профункционираат ниту органите за прогон, нема да профункционираат ниту независните регулаторни тела, нема да се сменат, наметната е атмосфера во која се може да се прави, само кон опозициските и кон независни, ако такви има уште, инстанци во општеството, Се што е поврзано со власта стигнува до најниските нивоа кадешто се наоѓаат само жртвени јагниња.“

Контрола и санкции за справување со корупцијата во политиката

Контролата на финансирањето на политичките партии се смета за темел на антикорупциската политика во секоја земја. Во Македонија оваа област се уредува со Законот за избори и Законот за финансирање на политичките партии. Санкциите пак се пропишани во Кривичниот законик. Во усогласувањето на нашето со европското законодавство помага ГРЕКО, односно групата земји за борба против корпуцијата. Во поглед на финансирањето на партиите, ГРЕКО наведе шест препораки за Македонија. Три месеци по објавувањето на извештајот на ова тело, Владата ги усвои забелешките во извештајот. Иако од Транспаренси Интернешнал се сомневаат дека тоа беше направено поради неповолните оценки во однос на Државниот завод за ревизија, надлежните тврдат дека од шестте препораки на ГРЕКО кои се однесуваат на финансирањето на парттите, една е целосно, три се делумно имплементирани, а само две се неимплементирани.

„Уште од самиот почеток беа повикани сите претставници од парламентарните политички партии кои дале придносе и зеле активно учество во работната група. Тоа не е дека го криеме, туку очекуваме да имаме конечна верзија согласно законите и Уставот“, рече министерот за правда Блерим Беџети.

Претставничката на Македонија за ГРЕКО, Анета Арнаудова вели дека заклучоците на оваа група во правец на целосно спроведување на препораките се движат во следните сегменти.

„Останува да се исполни препораката во поглед на проширување на финансискиот референтен период, значи да се прошири периодот пред почетокот на изборната кампања и по завршување на изборите. Понатаму останува да се преиспита улогата на приватните фондации и ентитети во поглед на постоење на финансиски сметки во збирната, консолидираната сметка на политичките партии. Останува уште делумно да се имплементира делот на зајакнување на меѓуресорската соработка, транспарентноста на сметките на партиите. Во делот на капацитетите на Државниот завод за ревизија да се зголеми соработката меѓу институциите и во поглед на системот на санкции, пожелно е да се воведе административната санкција за губење на јавните финансии како извор на приходи за политичката партија“, рече Арнаудова.

За да се реализираат препораките на ГРЕКО досега беа извршени измени на Кривичниот законик, измени на Изборниот законик, измени на законот за финансирање на политичките партии, а беа спроведени и обуки од страна на Академијата на судии и јавни обвинители за кривични дела од областа на корупцијата.

Упатените во оваа област порачуваат дека неефикасната контрола над политичкото финансирање овозможува создавање на спреги и влијанија кои дополнително го засилуваат впечатокот на апсолутизам, наместо демократија и владеење на правото. Аналитичарите велат дека најважно е да постои ефикасен систем на контрола којшто функционира и којшто придонесува за намалување на сите видови корупција поврзани со политиката.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG