Ситуацијата со изворите на приходите и расходите на политичките партии ја отсликува заклучокот на Групата држави против корупцијата ГРЕКО, во чиј најнов извештај се вели дека од 6 препораки, една е задоволително имплементирана, 3 се делумно и 2 не се имплементирани. Извештајот ја анализира состојбата во 49 држави.
Заклучоците на ГРЕКО се дека има потреба од активности со цел подобрување на финансиската дисциплина на партиите, работа на подобрување на обрасците на извештаите кои ќе овозможат целосен увид во финансиите на партиите, обуки во поглед на водењето финансиски извештаи, потреба од натамошно јакнење на Државниот завод за ревизија, како водечко супервизиско тело и воспоставување поголема соработка меѓу институциите.
Анета Арнаудова, претставникот на македонската делегација која учествуваше на седницата на ГРЕКО на која беше усвоен извештајот пред неколку месеци резимира дека Македонија, со воведување на последните измени во Изборниот закон и во Законот за финансирање на политичките партии е во процес на исполнување на препораките на ГРЕКО.
„Останува да се исполни препораката во поглед на проширување на финансискиот референтен период, да се преиспита улогата на приватните фондации и ентитети. Во поглед на системот на санкции, пожелно е да се воведе административната санкција за губење на јавните финансии како извор на приходи за политичката партија.“
Во извештајот, ГРЕКО ја третира и усогласеноста на инкриминациите. Во овој поглед, оценето е дека Македонија на задоволителен начин исполнила шест од вкупно 7 препораки. За реализација на препораките, рокот кој е даден од ГРЕКО е 30 септември 2013 година.
„За реализација на препораките се извршени измени на Кривичниот законик, измени на Изборниот законик, измени на Законот за финансирање на политичките партии и беа спроведени обуки од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители за кривични дела од областа на корупцијата“, изјави министерот за правда Блерим Беџети.
Инаку и според невладините организации, извештаите што ги доставија политичките партии покажуваат дека тие не ја отсликуваат реалната состојба со изворите на приходите и расходите. Ова, според Транспарентност Македонија, покажува дека финансирањето на кампањите на политичките партии во голем дел се одвива по нерегуларни канали.
„Преку исплати во кеш кои никаде не се евидентираат, надвор од платниот промет на државата и навистина на овој начин оние кои треба да ја креираат македонската политика и да овозможат имплементирање на македонските закони се директни учесници во активности за кои се одговара кривично“, изјаби Ана Јаневска Делова од Транспарентност Македонија.
Останува да се исполни препораката во поглед на проширување на финансискиот референтен период, да се преиспита улогата на приватните фондации и ентитети. Во поглед на системот на санкции, пожелно е да се воведе административната санкција за губење на јавните финансии како извор на приходи за политичката партија.Анета Арнаудова, претставник на македонската делегација во ГРЕКО.
Заклучоците на ГРЕКО се дека има потреба од активности со цел подобрување на финансиската дисциплина на партиите, работа на подобрување на обрасците на извештаите кои ќе овозможат целосен увид во финансиите на партиите, обуки во поглед на водењето финансиски извештаи, потреба од натамошно јакнење на Државниот завод за ревизија, како водечко супервизиско тело и воспоставување поголема соработка меѓу институциите.
Анета Арнаудова, претставникот на македонската делегација која учествуваше на седницата на ГРЕКО на која беше усвоен извештајот пред неколку месеци резимира дека Македонија, со воведување на последните измени во Изборниот закон и во Законот за финансирање на политичките партии е во процес на исполнување на препораките на ГРЕКО.
За реализација на препораките се извршени измени на Кривичниот законик, измени на Изборниот законик, измени на Законот за финансирање на политичките партии и беа спроведени обуки од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители за кривични дела од областа на корупцијата.Блерим Беџети, министер за правда.