Предлогот на Транспарентност Македонија и фондацијата Отворено општество, политичките партии кои нема да поднесат финансиски извештај за својата работа да немаат право двапати по ред да учествуваат на избори, за опозицијата е добар и прифатлив.
Од Социјалдемократскиот сојуз велат дека тоа е законска обврска на секоја партија и дека тие ја почитуваат истата. Генералниот секретар на партијата Андреј Петров вели дека би било добро кога контролниот механизам кој ќе го следи финасиското работење на партиите во иднина да се централизира.
„Можеби треба да се размисли сето тоа да се централизира во една институција како што тие предлагаат, за да сите оние активности кои ќе ги следат, кои ќе ги санкционираат, ќе ги контролираат политичките партии бидат на едно место, да се знае кој е точно оној што е одговорен, вака гледате имаа институции, комисии кои партиски ги злоупотребуваат.“
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега немаат став за ова прашање и оти партијата се уште не расправала за ваквиот предлог.
Нивниот коалициски партнер, Демократската унија за интеграции, пак, останува воздржана во однос на оправданоста за ваквата идеја. Според Талат Џафери од оваа партија, предлогот не смее да се разгледува поединечно зашто автоматски повлекува измени во постојниот закон за финансирање на
политичките партии и во Уставот.
„Уставот дава право на политичко организирање на граѓаните во политички партии кои имаат право да учествуваат во изборниот процес и не можете со друг пропис да го исклучите овој пропис, значи има низа на прописи кои треба да се разгледаат корпусно за да може да се види во каква смисла ќе се вклопи оваа идеја“, изјави Џафери.
Дел од политичките претставници велат дека законот кој предвидува и до пет години затворска казна за неподнесување финансисики извештаи не смее да се применува селективно и дека во одлуката на партиите да не поднесат извештај голема улога игра партизираноста на институциите.
Инаку, според годишниот извештај на Транспарентност Македонија, над 50 насто од политичките партии молчат и не сакаат да даваат информации на кој начин располагаат со парите.
Антикорупциската комисија неодамна најави кривична пријава против СДСМ за нерегуларности и незаконитост во финансиските извештаи за предвремените избори. За наводите дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања потрошила повеќе пари од оние што ги пријавиле, се уште во Антикорупциска не е стигнато на ред да се утврдува дали има сомнеж за корупција.
Можеби треба да се размисли сето тоа да се централизира во една институција како што тие предлагаат, за да сите оние активности кои ќе ги следат, кои ќе ги санкционираат, ќе ги контролираат политичките партии бидат на едно место, да се знае кој е точно оној што е одговорен, вака гледате имаа институции, комисии кои партиски ги злоупотребуваат.Андреј Петров, СДСМ.
„Можеби треба да се размисли сето тоа да се централизира во една институција како што тие предлагаат, за да сите оние активности кои ќе ги следат, кои ќе ги санкционираат, ќе ги контролираат политичките партии бидат на едно место, да се знае кој е точно оној што е одговорен, вака гледате имаа институции, комисии кои партиски ги злоупотребуваат.“
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега немаат став за ова прашање и оти партијата се уште не расправала за ваквиот предлог.
Нивниот коалициски партнер, Демократската унија за интеграции, пак, останува воздржана во однос на оправданоста за ваквата идеја. Според Талат Џафери од оваа партија, предлогот не смее да се разгледува поединечно зашто автоматски повлекува измени во постојниот закон за финансирање на
Уставот дава право на политичко организирање на граѓаните во политички партии кои имаат право да учествуваат во изборниот процес, и не можете со друг пропис да го исклучите овој пропис, значи има низа на прописи кои треба да се разгледаат корпусно за да може да се види во каква смисла ќе се вклопи оваа идеја.Талат Џафери, ДУИ.