На планот на измените на изборните правила ништо суштинско ново. Во сличен тон се продолжува со препирките меѓу партиите од власта и од опозицијата како и минатата година кога се договараше прецизна законска рамка за фер избори. Измените на изборниот законик кои министерството за правда ги изработи со работна група, според зборовите на министерот Блерим Беџети повеќе се однесуваат на локалните избори.
Опозициската партија СДСМ, пак, отворено ја предупредува јавноста дека предлогот што работната група го добила воопшто не ги задоволува потребите за измени.
Беџети тврди дека во можниот оптимум препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатени.
„Се опфатени препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на локалните избори. Работната група во Министерството за правда, каде што се вклучени и претставници од парламентарните политички партии ќе продолжи и во делот на другите препораки за парламентарните и претседателските избори.“
Со измените се дефинира дека во периодот на изборната кампања функционерите од извршната власт кои ќе бидат изборни кандидати своите задачи ќе ги вршат технички. Во делот на финансирањето на кампањата партиите покрај жиро сметката ќе треба да регистрираат и единствен матичен број.
Рената Десковска, која во работната група ја претставува опозициската СДСМ, вели дека владата нема искрена волја за јасна и прецизна рамка и оти најголемиот дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се земени предвид. Таа објаснува дека со предлог законот не се прецизира како ќе се справи изборниот законик со сите двосмислености на изборниот процес.
„Имате препорака дека обвинувањето за заплашување на гласачите треба да се истражи што е можно поскоро, дека мора да се создаде правна рамка што ќе спречи можни заплашувања на избирачите, понатаму да се прецизира правната рамка за финансирање на изборни кампањи, дека постојните одредби се дискриминаторски и неправедно им даваат предност на покрупните субјекти. Конкретно оваа препорака за финсисрањето е апсолутно игнорирана, значи ние гледавме 14 најбитни препораки коишто не се адресирани.“
Пред предвремените парламентарни избори изборниот законик беше усвоен без подршка на опозицијата, бидејќи не беа прифатени нивните барања. Меѓународната заедница бара изборните правила да се носат со консензус.
„Интересно е и тоа што дел од овие препораки на ОБСЕ се адресираат на тие измени што беа направени минатата година“, оценува Десковска.
Владата на седница веќе ги подржа измените во изборниот законик по што се очекува деновите да се најдат на дневен ред во Собранието.
Се опфатени препораките на ОБСЕ - ОДХР во делот на локалните избори. Работната група во Министерството за правда, каде што се вклучени и претставници од парламентарните политички партии ќе продолжи и во делот на другите препораки за парламентарните и претседателските избори.Блерим Беџети, Министер за правда.
Опозициската партија СДСМ, пак, отворено ја предупредува јавноста дека предлогот што работната група го добила воопшто не ги задоволува потребите за измени.
Беџети тврди дека во можниот оптимум препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатени.
„Се опфатени препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на локалните избори. Работната група во Министерството за правда, каде што се вклучени и претставници од парламентарните политички партии ќе продолжи и во делот на другите препораки за парламентарните и претседателските избори.“
Имате препорака дека обвинувањето за заплашување на гласачите треба да се истражи што е можно поскоро, дека мора да се создаде правна рамка што ќе спречи можни заплашувања на избирачите, понатаму да се прецизира правната рамка за финансирање на изборни кампањи, дека постојните одредби се дискриминаторски и неправедно им даваат предност на покрупните субјекти.Рената Десковска, универзитетски професор и претставник на СДСМ во работната група за изборниот законик.