Достапни линкови

Притисок или охрабрување за името


Лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

ДУИ како владин коалициски партнер прави обид за притисок врз премиерот Никола Груевски да се реши спорот со Грција, но од тој притисок најмногу може да профитира пред своето членство.

ДУИ како владин коалициски партнер прави обид за притисок врз премиерот Никола Груевски да се реши спорот со Грција, но од тој притисок најмногу може да профитира пред своето членство. Ова се заклучоците на дел од експертите по колумната на претседателот на ДУИ Али Ахмети каде што повикува дека сега е дојден моментот да се реши проблемот со името за Македонија да стане членка на НАТО. Ахмети му порачува на Груевски дека не треба да отсуствува храброст да се отстрани секоја пречка за да станеме дел од НАТО, алудирајќи на името.
Познат е ставот на Али Ахмети дека Македонија по секоја цена треба да се избори во НАТО структурите. Тој тоа на своите избирачи скоро секогаш им го ветуваше, нормално е да се очекува дека во овој период сака, па дури и преку притисоци врз својот коалициски партнер Груевски, да се дојде до решение за името.
Благоја Марковски.

Според Благоја Марковски, пораките на Ахмети немаат влијание во процесот на решавање на спорот за името бидејќи клучниот збор го има Груевски. Марковски додава дека направен е обид да се маргинализира прашањето за идентитет во име на определбите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Познат е ставот на Али Ахмети дека Македонија по секоја цена треба да се избори во НАТО структурите. Тој тоа на своите избирачи скоро секогаш им го ветуваше, нормално е да се очекува дека во овој период сака, па дури и преку притисоци врз својот коалициски партнер Груевски, да се дојде до решение за името.“

Земајќи ги предвид и останатите движења кои веќе може да ги видиме во однос на прашањето за името, јас мислам дека е повеќе како охрабрување, отколку како притисок. Но секако и обраќање до неговиот електорат.
Алберт Муслиу.
Исто така може да се каже и дека позициите на ДУИ како владин партнер стануваат многу појасни во пресрет на посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон. Претходно во Македонија беше еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Според најавите, во фокусот на разговорите на Ештон ќе биде политичката ситуација, но прашањето за името сигурно нема да биде изоставено. Ахмети во колумната не појаснува дали ќе инсистира да се реши ова прашање и што ќе биде доколку до јуни тоа не се случи.

Алберт Муслиу колумната на Али Ахмети ја толкува не како притисок туку како создавање амбиент и охрабрување за решавање на спорот со Грција.

„Земајќи ги предвид и останатите движења кои веќе може да ги видиме во однос на прашањето за името, јас мислам дека е повеќе како охрабрување, отколку како притисок. Но секако и обраќање до неговиот електорат“, вели Муслиу.

Инаку експертите се воздржани во врска со пролетниот извештај, но очекуваат дека и покрај острите забелешки за политичкиот амбиент со него ќе се подобрат амбициите на Македонија во пресрет на јуни.

„Тој ќе биде оптоварен и со работата на комисијата, политичкиот дијалог, медиумите и тн. Значи има многу точки, но мислам дека господинот Филе ќе изнајде начин да не ја промовира негативната, туку повеќе да ја држи или статус кво или да промовира некоја позитивна компонента на целиот тој извештај“, вели Муслиу.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG