Достапни линкови

Нимиц со нови предлози за името


Според Нимиц, станува збор за ново мислење од негова страна и изрази надеж дека двете страни ќе пронајдат позитивни елементи.

Во Њујорк завршија дводневните разговори за разликите околу името меѓу пратеникот на ОН Метју Нимиц и петставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Нимиц најпрвин се сретна одвоено па потоа денеска и заедно со Јолевски и Василакис.

На прес-конференција по средбата, амбасадорот Нимиц изјави дека се разговарало за конкретни предлози, кои очекува двајцата посредници да ги пренесат на своите Влади во Скопје и Атина.

Според Нимиц, станува збор за ново мислење од негова страна и изрази надеж дека двете страни ќе пронајдат позитивни елементи.

- "Ги замолив амбасадорите Јолевски и Василакис да ги пренесат на своите Влади. Предлозите се конкретни и се надевам дека двете страни ќе се посветат на изнаоѓање решенија".

изјави Нимиц.

Тој изјави и дека за овие разговори владее голем интерес во ОН, наведувајќи дека потсекретарот на ОН Џефри Фелдсман присуствувал на разговрите, што е прв пат досега.

-" Во текот на разговорите не посети потсекретарот Џефри Фелдсман да го изнесе и неговото гледање на разговорите и да ги увери сите дека и генералниот секретар Бан ки Мун е лично заинтересиран за ова прашање и оти се надеваме дека ќе биде изнајдено решение,

изјави Нимиц наведувајќи и дека многу европски земји и САД се заинтересирани за текот на разговорите. Оваа изјава тој ја даде во контекст на прашањето дали очекува разговорите да влијаат врз ЕУ за да донесе одлука за отворање пристапни преговори со Македонија.

Нимиц најави дека следната средба може да се очекува за околу два месеца без да прецизира дали таа ќе биде во Њујорк, во Македонија и Грција или на локација во Европа, јави МИА.
XS
SM
MD
LG