Достапни линкови

Филе - Напредок во реформите, но не и во политичкиот дијалог


Напредок во реформите во областите што ги покрива извештајот, прогрес во добрососедските односи, но истовремена загриженост од нецелосното спроведување на договорот од 1 март, изрази еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Напредок во реформите во областите што ги покрива извештајот, прогрес во добрососедските односи, но истовремена загриженост од нецелосното спроведување на договорот од 1 март, изрази еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес-конференција на која беше објавен пролетниот извештај за напредокот на Македонија.
Постигнат е напредок во текот на последните шест месеци. Предизвикот сега е да се одржи таа состојба, за целосно да се искористат постоечките можности. За таа цел политичкиот договор од 1 март треба да биде целосно имплементиран, вклучително и формирањето на Комисијата за истражување, како и постигнување на меѓу-партиски Меморандумот за разбирање.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување. .

„Постигнат е напредок во текот на последните шест месеци. Предизвикот сега е да се одржи таа состојба, за целосно да се искористат постоечките можности. За таа цел политичкиот договор од 1 март треба да биде целосно имплементиран, вклучително и формирањето на Комисијата за истражување, како и постигнување на меѓупартиски Меморандум за разбирање за исполнување на стратешката цел на земјата, односно членство во ЕУ, а потребен е и чекор напред и продолжување на дијалогот со новинарите", рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Комисијата го поздравува продолжувањето на напорите за спроведување на реформите и покрај неодамнешните политички тензии, и ја нагласува потребата од зачувување на политичкиот дијалог со цел ефектите од политичката криза да бидат целосно надминати.

Односите со соседите се добри, а се преземени и натамошни чекори во билатералните односи со Бугарија и Грција. Формалните разговори за „прашањето за
Во нашиот последен извештај за напредокот на Македонија го споменавме прогресот во нејзините односи со Бугарија и Грција. Јас веќе дадов неколку изјави во последните месеци дека постои потреба да се посвети уште поголемо внимание на добрососедските односи и на отворените билатерални прашања.
Штефан Филе, еврокомесар за проширување.
името“, исто така се добија нов импулс во изминатиот период, рече Филе.

Запрашан дали смета дека забрзувањето на пристапувањето на Македонија во Унијата би носи ризик од сериозни билатерални прашањкои би можеле да се претворат во територијални барања или барања за малцински права, еврокомесарот одговори дека критериумите за отворање на преговорите се јасни за сите земји аспиранти и не постои никакво забрзување на процесот.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Во нашиот последен извештај за напредокот на Македонија го споменавме прогресот во нејзините односи со Бугарија и Грција. Јас веќе дадов неколку изјави во последните месеци дека постои потреба да се посвети уште поголемо внимание на добрососедските односи и на отворените билатерални прашања. Всушност ова е еден од трите приоритети на проширувањето на Унијата, да се справи со таквите прашања годинава.
Земјите членки на ЕУ ставија јасно на знаење дека процесот на проширување не треба да биде процес на увезување на отворени спорови во Европската унија.“

„Да, но...“, беше одговорот на прашањето дали сега Македонија е поподготвена за добивање датум за преговори во однос на минатата година, појаснувајќи дека иако има напредок во голем дел од реформите, постојат уште задачи, особено во однос на исполнувањето на договорот од 1 март.

За 22 овој месец во Луксембург се закажани состаноцина Советот за министри за надворешни работи и на Советот за општи работи на ЕУ, каде што првапат шефовите на дипломатиите на 27 те земји членки на Унијата ќе разговараат за можноста Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство на јунскиот самит на Европскиот совет.

Инаку денеска во земјава пристигна и високиот комесар за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во моментот таа одржува средби со македонскиот државен врв. Претходно најави дека патува за да го засили ангажманот на Европската Унија за европските перспективи на земјите од регионот и да ги охрабри лидерите во регионот да продолжат со процесот на реформи и промовирање на добрососедските односи.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG