Владините коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ воопшто немаат разлики во ставовите кога се работи за евроинтеграциите и за решавањето на спорот за името, вели Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети во контекст на посетата на Ахмети на САД. Му го поставивме ова прашање на Груби имајќи ја предвид неодамнешната колумна на Ахмети во скопски Дневник во која тој повикува на храброст и одлучност „за да се направи сè што е наша одговорност за да ја остраниме секоја пречка за да бидеме таму каде што треба да бидеме - во Северноатлантскиот сојуз“. Ахмети завршува дека за ДУИ, оваа одлука не може да има алтернатива.
Груби вели дека приоритет на секоја политичка партија во Македонија, а не само на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, е зачленување во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
„Затоа сметам дека воопшто нема разлика во ставовите помеѓу сите овие чинители во политиката во Република Македонија, а особено меѓу коалициските партнери, значи ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Заедничка приоритетна цел ни е што е можно поскоро да станеме полноправен член на НАТО што ќе ни обезбеди секако стабилен мир, сигурност, како и отворање на економска перспектива со донесување на странски директни инвестиции.
РСЕ: Но, имате ли разлики како да се стигне до таа цел – членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ?
„Не верувам дека имаме разлики. Сметам дека имаме заеднички став и тоа е прокламирано и од страна на премиерот и од страна на господинот Али Ахмети, но и од страна на опозициските лидери, дека сите заеднички се залагаме да се решат кои било спорови што стојат меѓу нас и членството во НАТО и во ЕУ“, вели Груби.
Во изминатиов период беше забележана засилена дипломатска активност во насока на решавање на спорот за името и откочување на македонските евроинтеграции. Изминатиов месец земјава ја посетија шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Ештон порача дека клучот за влез на Македонија во Унијата е решавање на спорот за името без одложување, а Филе ги праша македонските пратеници до кога планираат да чекаат пред вратите на ЕУ. Македонскиот и грчкиот преговарач на почетокот на минатиот месец се сретнаа со посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц кој рече дека се разговарало за конкретни предлози.
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека ставот на ДУИ е константен, но не верува дека посетата на Ахмети на САД може да донесе поместување во решавањето на спорот за името, затоа што проблемот најмногу е во Грција.
„Суштинско поместување во решавање на проблемот со името е можно само поактивно се вклучат Вашингтон и Брисел, односно Берлин или Германија пред сè, и се направи обид да се притисне малку и Грција.“
Божиновски вели дека последните предлози на Нимиц се добра основа за преговори, но оти меѓународната заедница мора да помогне со притисок кон Грција.
Во меѓувреме, додека Ахмети е во посета на САД, грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос оваа недела во Атина ќе се сретне со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.
Не верувам дека имаме разлики. Сметам дека имаме заеднички став и тоа е прокламирано и од страна на премиерот и од страна на господинот Али Ахмети, но и од страна на опозициските лидери, дека сите заеднички се залагаме да се решат кои било спорови што стојат меѓу нас и членството во НАТО и во ЕУ.Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Груби вели дека приоритет на секоја политичка партија во Македонија, а не само на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, е зачленување во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
„Затоа сметам дека воопшто нема разлика во ставовите помеѓу сите овие чинители во политиката во Република Македонија, а особено меѓу коалициските партнери, значи ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Заедничка приоритетна цел ни е што е можно поскоро да станеме полноправен член на НАТО што ќе ни обезбеди секако стабилен мир, сигурност, како и отворање на економска перспектива со донесување на странски директни инвестиции.
Суштинско поместување во решавање на проблемот со името е можно само поактивно се вклучат Вашингтон и Брисел, односно Берлин или Германија пред сè, и се направи обид да се притисне малку и Грција.Владимир Божиновски, политички аналитичар.