Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на сведочењето во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ги охрабри Македонија и Грција конечно да најдат решение во спорот за името.
„Ние сме подготвени да почнеме пристапни преговори веднаш откако ќе биде најдено решение за прашањето за името. Јас ги охрабрувам сите инволвирани страни да дадат се од себе за да најдат решение за тоа прашање. Според мое мислење, тоа не е невозможно. Решението е на дофат доколку постои добра политичка волја“, изјави Расмусен кој во Комитетот зборуваше и за другите кандидати за членки на НАТО.
Потенцирајќи го напредокот на Црна Гора, тој сепак рече дека таа земја треба уште да работи за да ја постигне целта.
„Црна Гора направи значителен прогрес. Затоа ние и одобривме, она што го нарекуваме, Акционен план за членство. Тие во оваа фаза не ги исполнуваат сите неопходни критериуми, но јас сум импресиониран од она што го постигнаа досега.“
Што се однесува до Босна и Херцеговина, генералниот секретар на НАТО Расмусен оцени дека Алијансата има волја на таа земја да и додели Акционен план за членство доколку ги спроведе неопходните реформи, особено во врска со воениот имот.
„Отидов во Босна во февруари годинава. Имав средби со политичките лидери. Тие ми ветија дека ќе го спроведат политичкиот договор постигнат во минатата година. Но, досега, за жал, не видов никаков напредок.“
Расмусен претходно на редовната месечна прес-конференција во Брисел го поздрави, како што оцени, историскиот договор меѓу Белград и Приштина со очекување тој да биде спроведен што е можно побрзо.
Според него, посветеноста на НАТО за поддршка на имплементацијата на договорот останува клучен елемент за успех што ќе придонесе за подобрување на безбедносната ситуација на северот на Косово.
„Договорот претставува голем чекор напред за регионалниот мир и безбедноста и би требало да даде нов момент во нашата заедничка визија, евроатлантска интеграција на Западен Балкан.“
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен зборуваше и за можната соработка со Русија врз системот за противракетна одбрана во Европа, а исто така ја повика меѓународната заедница да ги забрза напорите за изнаоѓање политичко решение на кризата во Сирија.
Тој оцени дека Алијансата е длабоко загрижена поради можната употреба на хемиско оружје, хуманитарната катастрофа и ризикот од прелевање на сиријскиот конфликт во регионот.

Ние сме подготвени да почнеме пристапни преговори веднаш откако ќе биде најдено решение за прашањето за името. Јас ги охрабрувам сите инволвирани страни да дадат се од себе за да најдат решение за тоа прашање. Според мое мислење, тоа не е невозможно. Решението е на дофат доколку постои добра политичка волја.Андерс Фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.