Ештон им честиташе на двете делегации предводени од премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи за покажаната храброст.
„Преговорите завршија. Текстот е парафиран од двајцата премиери. Сакам да им честитам за нивната решеност во изминативе неколку месеци и за нивната храброст. Многу е важно што е постигнат чекор напред кон Европа за двете страни“ изјави Ештон.
Премиерот Ивица Дачиќ изјави дека тој го парафирал текстот на договорот за чие прифаќање или неприфаќање ќе се изјаснува владата и парламентот на Србија.
Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека парафираниот договор гарнатира признавање на Косово, на неговиот меѓународен субјективитет и територијален интегритет. Тачи оцени дека станува збор за историски договор кој нуди рака на помирување меѓу србите и албанците.
Договорот би требало да ги нормализира односите меѓу Србија и Косово и да го расчисти патот на Белград за добивање датум за преговори со Европската унија.
Договорот исто така ќе биде потврда и во исправноста на таканаречената „мека моќ“ на Европската унија при решавањето на споровите, што е од големо значење за нејзиниот углед на светската сцена.
Договорот меѓу двете страни нема да значи и директно српско признавање на косовската независност. Сепак, аналитичарите сметаат дека тој ќе биде почеток на помирувањето по балканските војни во деведесетите години од минатиот век.
Тоа исто така ќе биде потврда и во исправноста на таканаречената „мека моќ“ на Европската унија при решавањето на споровите, што е од големо значење за нејзиниот углед на светската сцена.
Хашим Тачи беше командат на ОНА, а Ивица Дачиќ воен портапорол на претседателот Слободан Милошевиќ, кој во 2006 година почина во затвор во Хаг каде што му се судеше за злосторства против човештвото.
Главното прашање на преговорите беше колкава автономија Приштина е подготвена да му отстапи на српското малцинство на северот на Косово.
Србија де факто ја држи контролата врз Србите кои живеат таму во изолирани енклави и кои не ги признаваат косовските власти.
Во договорот се предвидува српските општини да имаат голема автономија врз здравството и образованието во замена за белградско признавање на приштинската власт на северот на Косово.
Хашим Тачи беше командат на ОНА, а Ивица Дачиќ воен портапорол на претседателот Слободан Милошевиќ, кој во 2006 година почина во затвор во Хаг каде што му се судеше за злосторства против човештвото.
Косовската безбедност е гарантирана од околу 5 илјади НАТО војници и меѓународната заедница се надева дека смирувањето на етничките тензии, зачнато од договорот меѓу Белград и Приштина, ќе значи и целосен пресврт кон мир во регионот.
Тоа води и до датум за почеток на преговорите на Белград со Брисел што ќе ги обнови врските на Србија со Западот.
На Косово, пак, затоплувањето на односите со Србија ќе му помогне во поддршка на својата позиција и во заздравување на економијата. Пошироко, договорот ќе доведе до подобрување на регионалната хармонија.
Словенија е во Европската унија, Хрватска влегува во јуни, а аналитичарите предвидуваат дека нормализацијата меѓу Белград и Приштина ќе помогне Брисел да ги сврти своите напори за решавање на проблемите во длабоко поделената Босна и со долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција.
Како и да е, и во Србија и на Косово има противници на договорот и тие веќе ја изразија нивната лутина и скептицизам. Косовското опозицско „Самоопределување“ најави масовни протести.
Потпретседателот на ова движење Шпенд Ахмети за „Њујорк тајмс“ изјави дека со договорот повеќе ќе се зајаканат отколку што ќе се надминат етничките поделби. Според него, со давање поширока автономија на Србите, Косово всушност станува „нова Босна“.