По 14 часовните разговори шефицата на дипломатијата на Европската унија Кетрин Ештон изрази надеж дека малите разлики би можело да бидат надминати пред министерскиот состанок на Унијата в понеделник.
„Можам со реална увереност да кажам дека несогласувањата се мали и многу плитки. До Советот за општи работи в понеделник кога ќе го поднесам мојот извештај ни останаа уште неколку часа. Се надевам дека до тогаш, двете делагации ќе ги преземат последните неопходни чекори за финализирање на договорот и ќе ги поведат нивните земји во иднината“, изјави Ештон.
Европската унија го поврзува српскиот прогрес за членство во Унијата со подобрување на односите со Косово каде што српското малцинство не ги признава властите во Приштина.
Премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи меѓусебно се обвинија за неуспехот на разговорите.
Тачи изјави дека косовската страна ги прифатила сите предлози на Ештон, што не било направено од српска страна.
Сепак, тој изрази надеж дека се уште има време и оти Белград ќе се предомисли и ќе ги прифати предлозите.
„Важно е да се постигне договор. Тоа е во интерес на целиот регион. Тоа е во интерес на нашите две земји и во интерес на Европската унија“, рече Тачи, додавајќи дека станува збор за 2013 година и оти не може да се размислува како порано.
Ивица Дачиќ ги отфрли наводите на Хашим Тачи дека српската делегација ги отфрлила предлозите на Ештон.
Тој прецизира дека Белград не прифатил само една точка на која инсистирала Приштина, а тоа е двете страни да се поддржуваат за зачленување во меѓународните организации.
Според него, Приштина се обидела да го поврзе прашањето за овластувањата за полицијата на заедницата на српските општини со инсистирањето Србија да го поддржи влегувањето на Косово во меѓународните организации. Тоа, како што рече, всушност претставува признавање на Косово.
„Очигледно е дека Приштина не е подготвена да оди до крај. Таа ги опструира разговорите и дури се заканува дека прашањето со северно Косово ќе го реши со други методи, очекувајќи тоа да создаде нервоза и противење на нашата страна. Многу важно е да се зачува трпението и разумот. Мислиме дека решението е можно“, изјави Дачиќ, додавајќи дека во наредните неколку денови ќе се водат дополнителни разговори, меѓу другото и со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за да се добијат гаранции дека нема да има присуство на косовските оружени сили на северот на Косово.
„Можам со реална увереност да кажам дека несогласувањата се мали и многу плитки. До Советот за општи работи в понеделник кога ќе го поднесам мојот извештај ни останаа уште неколку часа. Се надевам дека до тогаш, двете делагации ќе ги преземат последните неопходни чекори за финализирање на договорот и ќе ги поведат нивните земји во иднината“, изјави Ештон.
Европската унија го поврзува српскиот прогрес за членство во Унијата со подобрување на односите со Косово каде што српското малцинство не ги признава властите во Приштина.
Премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи меѓусебно се обвинија за неуспехот на разговорите.
Можам со реална увереност да кажам дека несогласувањата се мали и многу плитки. До Советот за општи работи в понеделник кога ќе го поднесам мојот извештај ни останаа уште неколку часа.Кетрин Ештон, претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија Кетрин Ештон.