Достапни линкови

Албанските лидери подгреваат национализам, Западот вознемирен


Под овој наслов агенцијата Ројтерс објавува анализа за растечкиот национализам во Албанија пред јунските парламентарни избори во таа земја. „Ќе биде интересно да се види какво ќе биде влијанието на овој национализам по изборите“, сметаат дел од албанските аналитичари.

На ѕидовите на канцеларијата на Крешник Спахиу во Тирана има имиња на градови што се далеку зад границите на Албанија: во Грција, Македонија, Црна Гора и Србија.
Доколку Албанците сакаат утре да живеат заедно со Грците, Србите, Италијанците, што ги спречува од отстранување на границите меѓу нив?
Крешник Спахиу, Црвено-црна алијанса.

И сто години откако тие граници беа утврдени од големите сили во Лондон, Спахиу и неговата Црвено-црна алијанса велат дека Албанците би требало да се обединат.
Крешник Спахиу
Крешник Спахиу

Некои анкети покажуваат дека оваа партија ќе биде трета на парламентраните избори што се закажани за 23 јуни и ќе игра клучна улога во составувањето на идната влада.

„Доколку Албанците сакаат утре да живеат заедно со Грците, Србите, Италијанците, што ги спречува од отстранување на границите меѓу нив?“, вели Спахиу за Ројтерс.

Но, како што се наведува во анализата, малкумина посматрачи гледаат некаква непосредна опасност од натамошни промени на границите на Балканот, по колапсот на Југославија и војните во Босна, Хрватска и Косово, како и албанските бунтови во јужна Србија и Македонија.
Во општество кое минува низ тешка економска криза, морално деградирано и со мизерна култура, национализмот е храна која може лесно да се вари и ментална катастрофа која ја претвора масата во идеолошка толпа.
Артан Путо, историчар

Сепак, дипломатите велат дека ваквата огнена реторика не им помага на напорите на Брисел во убедувањето на Србија и Косово за нормализирање на односите, ниту во зацврстувањето на кршливиот мир во Македонија.

Вирусот на национализам што го шири Спахиу посебно се прошири на минатогодишната прослава на 100 годишнината од независноста на Албанија. Премиерот Сали Бериша за некои градови во Македонија, Грција, Србија и Црна Гора изјави дека се на албанска земја.

Сојузниците на Албанија во НАТО и Европската унија своето незадоволство го изразија со укор до Тирана. Имаше и невообичаена тапа интервенција од Соединетите Држави, близок сојузник на Албанија и Косово. Во меморандумот на Стејт департменотот кој некако дојде до медиумите се предупредува дека националистичката реторика на Тирана би можело да ги наруши мирот и стабилноста во регионот.

Некои аналитичари велат дека ваквата реторика е поврзана со изборната кампања во земјата.

„Во општество кое минува низ тешка економска криза, морално деградирано и со мизерна култура, национализмот е храна која може лесно да се вари и ментална катастрофа која ја претвора масата во идеолошка толпа“, вели историчарот Артан Путо, додавајќи дека ќе биде интересно да се види какво ќе биде влијанието на национализмот по изборите:

„Дали тие по влегувањето во парламентот ќе инсистираат на сегашните нивни агенди или ќе се свртат кон други“, прашува тој.

Обидот на Албанија за влез во Европската унија е запрен поради длабоката поларизација меѓу двете најголеми партии, Демократската на Бериша и опозициската Социјалистичката.

Главна идеја на Унијата е дека границите меѓу земјите на западен Балкан ќе станат ирелевантни отакако тие ќе му се приклучат на блокот. Но, дотогаш ќе мине најмалку уште една деценија.

„Ова е само почеток“, вели Џентијан Руѓија, фудбалски навивач кој ја дели идеологијата на Спахиу.

„Ништо не е невозможно. Ние веќе живееме во етничка Албанија и не ги признаваме границите исцртани пред сто години“, вели тој за агенцијата Ројтерс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG