Фокус - Груевски ја почна финалната пресметка со Црвенковски!
„Груевски ја почна финалната пресметка со Црвенковски!“ - тврди авторот на уводникот во најновиот Фокус па аргументира: „Нема предвремени избори, повтори Груевски и од Охрид. Без договор за предвремени, нема ни локални, одговара СДСМ. Демек - бојкот, од кој власта нема гајле. Оти, таа е решена да тргне во финална пресметка со Црвенковски и со оние што му прават друштво на нејзината листа предавници по сите можни основи... Работата е повеќе од јасна штом Бранко е означен за поголем Грк и од Самарас!“ - заклучува Фокус.
Република - Владејачката коалиција не смее да го протолкува повлекувањето на опозицијата како своја победа
И Република, исто како и партијата на власт, за главен виновник за политичката криза во земјава го прогласува лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Па во непотпишаниот уводник пишува дека „Владејачката коалиција не смее да го протолкува повлекувањето на опозицијата како своја победа и наредниот период мора уште еднаш да докаже дека лидерот на СДСМ е единствената причина што земјата за само два месеца од функционална демократија се врати на нивото од 2002 година“ - смета Рпублика.
Глобус - Кичево и Струга ги чека драматично одмерување на силите
Најновиот он-лајн Глобус се осврнува на мошне сензитивната тема кај нас - меѓуетничките односи, чие негување се чини малку запоставено. Откако ги набројува инцидентите што се случија на релацијата помеѓу двете најголеми етнички заедници во Македонија, што ја одбележаа 2012 година, Глобус се задржува на најновите, во оваа година, во етнички мешаните Кичево и Струга: бојкотот на наставата од страна на македонските ученици во гимназијата со две имиња: „Мирко Милески“ и „Дрита“ поради тепачката меѓу учениците Македонци и Албанци, а надлежните и најповиканите, од Министерството за образование, вели, молчат. Во струшкото село Мислешево селаните сакале да го постават на јарбол македонското државно знаме, како контрапункт на големиот број албански знамиња низ Струга, но од локалната самоуправа во градот добиле забрана. Оттаму, Глобус претпоставува дека за време на локалните избори, Кичево и Струга ги чека драматично одмерување на силите, „затоа што не се знае какви се предвидувањата на оперативните сили на МВР и на службата за државна безбедност на Сашо Мијалков, јавниот обвинител и другите одговорни за ваков вид превенирање“ - завршува Глобус.
Капитал - А од шеикот - шипки!
Најновиот Капитал со анализа насловена: „А од шеикот - шипки!“ за бомбастично најавуваните инвестиции од најбогатата држава на светот, малечкиот Катар, во Македонија. По инвестиции во Катар отидоа бројни делегации - потсетува Капитал – Груевски, Иванов, Ставревски, Сарачини, Арифи и Муса Џафери. „Сите средби завршуваа со спектакуларни најави за мултимилионски инвестиции во земјава, но резултатот се само 40.000 евра инвстиции што е за 60 пати помалку од најновиот автомобил на шеикот на Катар, вреден 2,5 милиони евра и извоз на македонски производи во таа земја од 10 милиони евра, ама за десет години. Од сите средби останаа само потпишани меморандуми за соработка и најави за инвестиции“, констатира Капитал.
Владејачката коалиција не смее да го протолкува повлекувањето на опозицијата како своја победа и наредниот период мора уште еднаш да докаже дека лидерот на СДСМ е единствената причина што земјата за само два месеца од функционална демократија се врати на нивото од 2002 година.Република.
„Груевски ја почна финалната пресметка со Црвенковски!“ - тврди авторот на уводникот во најновиот Фокус па аргументира: „Нема предвремени избори, повтори Груевски и од Охрид. Без договор за предвремени, нема ни локални, одговара СДСМ. Демек - бојкот, од кој власта нема гајле. Оти, таа е решена да тргне во финална пресметка со Црвенковски и со оние што му прават друштво на нејзината листа предавници по сите можни основи... Работата е повеќе од јасна штом Бранко е означен за поголем Грк и од Самарас!“ - заклучува Фокус.
Република - Владејачката коалиција не смее да го протолкува повлекувањето на опозицијата како своја победа
Сите средби завршуваа со спектакуларни најави за мултимилионски инвестиции во земјава, но резултатот се само 40.000 евра инвстиции што е за 60 пати помалку од најновиот автомобил на шеикот на Катар, вреден 2,5 милиони евра и извоз на македонски производи во таа земја од 10 милиони евра, ама за десет години. Од сите средби останаа само потпишани меморандуми за соработка и најави за инвестиции.Капитал.