Достапни линкови

Македонија заслужува напредок


Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Јас верувам во иднината на нашата земја. Знам дека на 24-ти март Македонија ќе ја докаже својата зрелост. Ќе триумфира перспективата и иднината, пишува за Радио Слободна Европа, Диме Спасов претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ.

Интересно е да се биде сведок на она што се случува денес на политичката сцена.
Буквално како да постојат два паралелни света каде владеат различни принципи, различни вредносни системи. Како никогаш до сега секој човек може да споредува што значи одење напред, а што враќање назад. За жал она што е интересно за набљудување секојдневно ги држи граѓаните под тензија.
ВМРО-ДПМНЕ го користи целокупниот потенцијал за што е можно подобра програма и понуда на претстојните локални избори. Бидејќи изборите не се борба за уништување на политичкиот конкурент, ниту прашање на се или ништо. Изборите се празник на демократските придобивки, но истовремено ден кога го нудиме најдоброто од себе.

Опозицијата со целокупното свое неодговорно однесување повторно го одбра профитерството од црни сценарија, наспроти спокојот на македонскиот граѓанин и напредокот на земјата. Не е можно да се сака државата, како што претпочитаат да изјавуваат опозиционерите, а да се става на ризик иднината на таа држава. Тоа не е приврзаност ниту пак љубов, туку патолошка потреба сите капацитети да се насочуваат кон егоистичките потреби на водачите на политичките партии во опозицијата.

Што ни се случува и што правиме?

ВМРО-ДПМНЕ го користи целокупниот потенцијал за што е можно подобра програма и понуда на претстојните локални избори. Бидејќи изборите не се борба за уништување на политичкиот конкурент, ниту прашање на се или ништо. Изборите се празник на демократските придобивки, но истовремено ден кога го нудиме најдоброто од себе. Ден на премерување. Ден кога граѓаните го даваат својот глас за подобрата опција, за проектите, за оние во кој веруваат дека државата ќе ја направат подобро место за живеење.

Последниве недели кандидатите на ВМРО, на очиглед на целата јавност ги промовираат своите визии и програми. Јавно, транспаретно и осведочено. Со таквиот пристап се остава можност однапред зацртаните ветувања и остварувања секогаш да бидат предмет на оценка. Нема флоскули, нема скриена игра. Има конкретна прецизирана понуда и концепт. Тоа е досега непроменет и чесен однос кон гласачкото тело од страна на ова раководство на нашата партија. Секоја структура на ВМРО-ДПМНЕ е ангажирана да изнедри и сублимира што е можно повеќе добри идеи. Но како и секогаш, да се биде блиску до сите категории на граѓани, да се слушнат нивните проблеми, да се предвидат проекти за нивно решавање и да се презентираат програмите.
Граѓаните на Република Македонија имаат право на фер избори. Наместо енергијата вложена во неуспешни бојкоти и протести на кој присуствуваат се помалку подржувачи, наместо измислување на црн амбиент, таа енергија треба да ја концетрираат во програми за партиите и во програми за општините, со тоа ќе ја докажеа почитта кон демократијата и својот народ. Тоа се очекува од политичките партии.

Тргнувајќи од тој концепт Унијата на Млади Сили ја презеде обврската да ги артикулира потребите на младите луѓе на локално ниво. Учеството на младите во раководењето на општините и искористување на креативниот потенцијал е приоритет за нас.

Заслужуваме без разлика на националноста, религијата, па и идеолошката определба да бидеме дел од одговорностите за доброто на нашата локална заедница а со тоа и за доброто на државата. На овие локални избори, УМС како младинска организација и нераскинлив дел од ВМРО-ДПМНЕ учествува со советници на партиските листи, дури и со кандидати за градоначалници, поранешни и сегашни членови на подмладокот. Препознавајќи ги нашите ставови, младите ги потврдуваат со нивното огромно присуство на промоциите на нашите кандидати за градоначалници и нивните програми за работа.

Додека Македонија се потготвува за тестот на демократијата, додека над три четвртини од грaѓаните не се за предвремени парламентарни избори, опозицијата се однесува недржавнички. Наместо да се подготви и да изнесе конкретна понуда за подобар живот на граѓаните, се изнаслушнавме на воинствена реторика и празни зборови. Тоа што една политичка партија не е на власт не ја амнестира во нарушувањето на целокупниот политички амбинет. Лага е дека со сила може да се дојде до подобри решенија. Граѓаните на Република Македонија имаат право на фер избори. Наместо енергијата вложена во неуспешни бојкоти и протести на кој присуствуваат се помалку подржувачи, наместо измислување на црн амбиент, таа енергија треба да ја концетрираат во програми за партиите и во програми за општините, со тоа ќе ја докажеа почитта кон демократијата и својот народ.
Тоа се очекува од политичките партии.
Не верувам дека совеста за колективното добро ќе надвладее кај водачите на опозицијата, но убеден сум дека свеста ќе надвладее кај обичните членови на опозицијата, ќе дојде денот кога ќе погледнат во своите редови и ќе го казнат бојкотот, ќе ја казнат безидејноста, ќе го казнат црното сценарио на нивните политички лидери.

Јас верувам во иднината на нашата земја. Знам дека на 24-ти март Македонија ќе ја докаже својата зрелост. Ќе триумфира перспективата и иднината.
Седум години ВМРО-ДПМНЕ поставува принципи и стандарди, и секогаш прва го почитува тоа што ќе го постави.

Не верувам дека совеста за колективното добро ќе надвладее кај водачите на опозицијата, но убеден сум дека свеста ќе надвладее кај обичните членови на опозицијата, ќе дојде денот кога ќе погледнат во своите редови и ќе го казнат бојкотот, ќе ја казнат безидејноста, ќе го казнат црното сценарио на нивните политички лидери.

Македонија заслужува многу, заслужува напредок ! Нашите граѓани заслужуваат многу, заслужуваат напредок !
XS
SM
MD
LG