Достапни линкови

Циркус - обединета опозиција


Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека Љубчо и Бранко и останатите кои нема да ги именувам бидејќи се минорни играчи, тивки послушници и помошници кои личат на пратечки жонглери на двајцава главни кловнови кои се трудат преку големиот циркус наречен „обединета опозиција“ повторно да се понудат како спасоносна опција, пишува претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

После 21 година независност, борба за опстанок, внатрешни превирања, болка и среќа, во Македонија на политичката сцена на која има премногу искршени штици и шајки кои бодат де одзади де однапред, гледаме дека луѓето кои беа учесници во создавањето не само на самостојноста и независноста на Македонија туку и на двете најголеми политички партии, луѓето кои требаше да бидат застапници на вистината, поборници за правдата, творци на развојот, гледаме и разбираме дека тие всушност биле долги години сложни ортаци.
До каде оди нивната самоувереност, сакаат како со гума да ги избришат сеќавањата за погребот на македонската економија преку Треска и Стаклара, Кожара и ТАТ... И уште многу црни сценарија. Тие, кловновите од циркусот наречен „обединета опозиција“ кога сето ова го осмислија, испланираа, создадоа и реализираа... ние тогаш бевме деца, во градинка, во основно, средно и на факултет. Не бевме дел од тој процес директно, но жртви беа нашите мајки, татковци, чичковци, стрини и тетки кои настрадаа и останаа без работа , останаа без леб и пензија...

Разбираме дека кај нив нема правила и принципи, нема вредности, едноставно тие можат и со ѓаволот да седнат на маса за да ја вратат моќта на одлучувањето и владеењето, само за да си завршат некои недовршени задачи, да се добогатат и да си ја заситат пустата желба за власт, како волците за крв.

Очигледно е дека Љубчо и Бранко и останатите кои нема да ги именувам, бидејќи се минорни играчи, тивки послушници и помошници кои личат на пратечки жонглери на двајцава главни кловнови кои се трудат преку големиот циркус наречен „Обединета опозиција“ повторно да се понудат како спасоносна опција, токму тие кои изминативе години ни ги накалемија сите економски, општествени, надворешно-политички и какви уште не проблеми.

И откако кловновите и жонглерите сфатија дека со малите циркуси од изминатите избори во последните 6 години кога официјално настапуваа самостојно, а неофицијално заедно, не можат на тој начин повторно да го манипулираат гласачкото тело, сега гласно го признаа повеќегодишното тајно сојузништво и го официјализираа гранде циркусот – „Обединета опозиција“.

Сè повеќе и повеќе станува јасно зошто Љубчо во раните деведесетти етапно ги елиминираше исконските основачи на ВМРО-ДПМНЕ, зошто во 1994 година го напушти македонскиот парламент и го остави Бранко и неговите да гласаат за закони за приватизација и трансформација на тогаш најголемите фабрики и претпријатија и за законски- криминална приватизација на домашната индустрија...

Пред фактите и боговите остануваат неми но овие „сијамци“ се сметаат дека се над боговите и дека ќе ја избришат колективната меморија на македонскиот народ. Но, под една луда претпоставка, како тие ќе функционираат како парламентарно мнозинство? Збир на коалиција на наследници на СКМ, Сојуз на Титови сили и Љубчо-НП , кој во основа не ја признава НОБ. За волја на вистината се сложуваат дека треба да се смени името на државата, историјата на нацијата. Тоа им е единствена сврзна точка.

До каде оди нивната самоувереност, сакаат како со гума да ги избришат сеќавањата за погребот на македонската економија преку Треска и Стаклара, Кожара и ТАТ... И уште многу црни сценарија. Тие, кловновите од циркусот наречен „обединета опозиција“ кога сето ова го осмислија, испланираа, создадоа и реализираа... ние тогаш бевме деца, во градинка, во основно, средно и на факултет. Не бевме дел од тој процес директно, но жртви беа нашите мајки, татковци, чичковци, стрини и тетки кои настрадаа и останаа без работа , останаа без леб и пензија...

Но, ние младите бевме тука и учевме како не треба, како не смее, како нема да се прави кога ќе дојде времето и кога ќе ја имаме можноста, како нема да ја крадеме државата и нема да дозволиме генерации и генерации повторно да го добијат епитетот „изгубени“. Нема да дозволиме народот да биде излажан бидејќи знаеме дека делата не се забораваат.

Едно забораваат дека во меѓувреме на политичката сцена во Македонија се етаблираа млади и чесни луѓе, полни со идеи кои се би направиле за да и помогнат на Македонија, за вистински да му помогнат на нашиот народ.

Тука сме за да градиме и создаваме, да креираме позитивни политики, развој и прогрес, тука сме за да не дозволиме исчезнување и менување на нашиот идентитет. Тука сме за Македонија но, тука сме за да ги потсетиме сите млади генерации кои беа премногу млади за да ги познаваат и паметат лагите, проблемите, криминалот, атентатите, неразјаснетите убиства, шверцот на цигари, нафта, дрога, па и криминалната како што милуваат да кажат кловновите законска приватизација, која едниот ја започна и направи од 1992 до 1997 година, а другиот од 1998 до 2001година ја продолжи и заврши.

Ова не е борба меѓу Никола Груевски и Љубчо Црвенковски, не е борба меѓу ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ-НП. Ова е битка меѓу минатото и иднината.

НИЕ СМЕ ТУКА, ЗА ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРАТ!
XS
SM
MD
LG