Достапни линкови

Секој поединечен успех е успех на Македонија


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Концептот на УМС за младиот човек е дека тој треба да се гради во зрела и општествено одговорна личност која ќе поима дека животниот пат исклучиво му зависи од сам себе, пишува претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во центарот на демократијата е секој граѓанин, секој човек. Сè се движи околу него и неговите потреби. Мислењата на граѓаните за одредени состојби во општеството и државата се основа на која се испишува програмата и намерите на политичките партии.
Во вакво време кога од другата страна континуирано слушаме и читаме за рушење и кршење, за топење и уништување, за минирање како и за негирање на сопствената историја и идентитет ги жалам и им се чудам. Сведоци сме на клевети, лаги и манипулации и нелогични бракови од интерес, па дури и за закани дека луѓе ќе јаделе, без концепт и визија, без никаков проект, само завист, презир, негативна енергија во која се помалку се верува.

Политичарот или партијата која силно го вреднува гласачот не бара тој да се приспособува кон мислењето на истите. Тоа е класичен елитизам каде на оние на кои треба да им служиш всушност перфидно им наметнуваш дека ти знаеш што е добро за нив и нема потреба премногу да размислуваат, туку само „цврсто да веруваат“ на издвоената групација.

Во вакво време кога од другата страна континуирано слушаме и читаме за рушење и кршење, за топење и уништување, за минирање како и за негирање на сопствената историја и идентитет, ги жалам и им се чудам. Сведоци сме на клевети, лаги и манипулации и нелогични бракови од интерес, па дури и за закани дека луѓе ќе јаделе, без концепт и визија, без никаков проект, само завист, презир, негативна енергија во која се помалку се верува... Тоа е приод кој долгорочно носи штета за секој граѓанин и за целата држава.

ВМРО-ДПМНЕ промовира поинаков пристап кон граѓанинот: ПРОГРАМА со рокови, образложени и применливи мерки и проекти, без лажни надежи и ветувања, со конкретен отчет за сработеното. Зад нас останува и говори реализираното. За нас најбитна е суштината на програмата, крајната цел кон која се движиме е развиена држава, високо образована младина, успешни индивидуи, реализирани личности, вистински вредности, безбедна средина, висока свест, можности за сите, правичен правен поредок, напредок по учинок, спортска нација, сигурна иднина, здрава држава...

Изминатиот период се посветивме и на претприемништвото. Овој век минува во знакот на претприемништвото како начин мислење и делување, како концепт за успех.
Нејсе, Унијата на млади сили, застапувајќи го приодот и почитта на ВМРО-ДПМНЕ кон гласачот се концентрира на прогресот. Концептот на УМС за младиот човек е дека тој треба да се гради во зрела и општествено одговорна личност која ќе поима дека животниот пат исклучиво му зависи од сам себе. Од вештините и компетенциите кои ќе ги стекне, oд степенот на образование, од вредносниот систем кој ќе го гради, од пожртвуваноста и посветеноста, од самоиницијативноста, од желбата за успех ќе зависи колкава ќе биде личната самореализација и постигнатиот резултат.

Во овој контекст би морал да издвојам две суштински кампањи кои УМС ги презеде минатиот период. Првата беше неодамна, за можностите за волонтирање во институциите и организациите во ЕУ и пошироко. Беше направна промоција и презентација за младите и се отпечати информативна брошура со посочување на можностите за волонтирање и стажирање во над триесет меѓународни организации. Притоа наша цел беше да се мотивираат и информираат младите за можностите кои ги нудат најреномираните меѓународни организации, но исто така и да аплицираат како одлична можност за надградување, стекнување искуства, проширување на знаењата и умеењата и најважно од сè, промовирање на Македонија. УМС целосно се стави на располагање на секој заинтересиран, на секој апликант со логистика и совети да му помогне да волонтира.

Изминатиот период се посветивме и на претприемништвото. Овој век минува во знакот на претприемништвото како начин мислење и делување, како концепт за успех. Нашата цел е со низа проекти на тема претприемништво и иновации да се подигне свеста на младите луѓе за важноста на идеата која може да се преточи во дело, во успешна компанија, во реализирана кариера, во мотор на општеството, во носител на развојот на државата.

Ангажирајќи ги централните комисии, во повеќето градови во земјата спроведовме низа работилници-трибини каде теоретски се презентираше потребата од претприемништвото, значењето на иновациите, суштината на добрите идеи. Им овозможивме на младите посетители да се сретнат и да разговараат со луѓе од бизнисот кои директно ги пренесуваа личните искуствата од започнување на бизнис, личните препреки и предизвици, личната мотивација и желба за успех. На самите трибини, успешните бизнисмени, претприемачи и иноватори исто така го пренесуваа своето искуство и своето знаење, посочија што треба да се прави, како треба да се размислува, како темелно да се работи и истражува, како се прават и како не треба да се прават грешките, кога се превземаат ризици и како се надминуваат предизвиците. Исто така се презентираа и големиот број на проекти и реформи, како и можностите кои ги нудат институциите на системот во насока на поддршка и потикнување на иновациите, претприемништвото, развојот на малите бизниси, самовработувањето итн...

Многу млади луѓе се запознаа со фактот дека од Македонија потекнуваат голем број на успешни иноватори, успешни претприемачи кој творат, работат и иновираат за најуспешните компјутерски компании, авионски индустрии, најголемите производители на автомобили, најпознатите брендови. Токму затоа УМС стратешки и во наредниот период ќе се посвети на оваа тема преку организирање на натпревари, семинари и обуки каде заинтересираните студенти ќе можат и практично да се запознаат со теми како иновации, претприемништво, бизнис , пазар, маркетинг, промоција и сл.

Така глобално се привикнуваме кон промените на новото време. Ја поттикнуваме иницијативата и креативноста, но и свеста дека секој одговара за себе. Колку ќе се вложи толку и ќе се добие. Тоа е УМС, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Поттикнува, отвора можности, дава шанса, работи за развој. Секој кој сака и работи, секој кој се труди, вложува и верува во себе може да успее, секој поединечен успех е успех на МАКЕДОНИЈА.
XS
SM
MD
LG