Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста за само за 2 од 19-те оспорени членови од Законот за високо образование. Станува збор за членовите со кои се уредува изборот на претседател на Одборот за акредитација и евалуација и на прашањето дали ментор на докторант може да биде член на Комисијата која ќе ја оценува одбраната на докторски труд.
За овој закон до Уставниот суд се поднесени две иницијативи, една од 13 универзитетски професори и втората од 12 членови на Сенатот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со кои се оспоруваат законот, три подзаконски акти и два правилника.
Причините за поведување постапка за двата члена, Уставниот суд ги гледа во сомневањето дека законодавецот со нив излегува од уставните овластувања, односно се занимава со организациски прашања што е дел од автономијата на универзитетот.
Професор Мимоза Ристова од ПМФ вели дека ова е очекувана одлука, затоа што се поочигледно е дека Уставниот суд како сончоглед се врти кон власта. Таа вели дека ако судот беше дел од демократска држава каде што владее правото ќе се очекуваше сите 19 члена да „паднат“ и со тоа професорите да се охрабрат и да ги и оспорат и новите измени на законот кои неодамна стапија во сила .
„Чекаваме и знаевме дека ќе фрлат малку трошки за да му дадат легитимитет на своето автократско делување во оваа држава и својата врска со власта на Уставниот суд, знаевме дека ќе дадат 2-3 члена, знаевме дека ќе ни ги дадат за да се каже, еве сепак нешто уважуваат.“
Таа додава дека нема повеќе намера да учествува во поднесување на преставки до Уставниот суд.
Владимир Петрушевски, еден од универзитетските професори кои се потписници на иницијативата, вели дека не сака да ги коментира одлуки на Уставен суд.
„Може да ми биде мило или да не ми биде тоа што вака поминало, ама според некои врвни правни експерти она што ќе го каже Уставниот суд, тоа што ќе го одлучи, тоа е Уставот.“
Законот за високо образование е донесен во 2008 година. Од тогаш па до денеска претрпел 9 измени и дополнувања. Тој своевремено предизвика вистинска бура во академската јавност, а беше и причина за протест на професорите. Академската јавност во дел од законските решенија поднесени од тогашниот министер за образование Никола Тодоров виде упад во автономијата и ставање рака на извршната власт врз науката.
За подносителите на двете иницијативи од Уставниот суд, спорни беа одредбите од законот со кои се уредуваат критериумите за стекнување научни звања, надворешната евалуција односно надворешното оценување на студентите да го врши Агенцијата за акредитација и евалуација, одредбата со која министерот е тој што ќе утврдува кој може да да биде визитинг професор, кој може да им биде ментор на студентите за магистерски и докторски студии и финансиската контрола.
Но откако беше поднесена иницијативата досега се направени уште неколку измени за кои дел од професорите се жалат дека само ја влошуваат ситуацијата во високото образование.
Чекаваме и знаевме дека ќе фрлат малку трошки за да му дадат легитимитет на своето автократско делување во оваа држава и својата врска со власта на Уставниот суд, знаевме дека ќе дадат 2-3 члена, знаевме дека ќе ни ги дадат за да се каже, еве сепак нешто уважуваат.Мимоза Ристова, универзитетски професор.
За овој закон до Уставниот суд се поднесени две иницијативи, една од 13 универзитетски професори и втората од 12 членови на Сенатот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со кои се оспоруваат законот, три подзаконски акти и два правилника.
Причините за поведување постапка за двата члена, Уставниот суд ги гледа во сомневањето дека законодавецот со нив излегува од уставните овластувања, односно се занимава со организациски прашања што е дел од автономијата на универзитетот.
Може да ми биде мило или да не ми биде тоа што вака поминало, ама според некои врвни правни експерти она што ќе го каже Уставниот суд, тоа што ќе го одлучи, тоа е Уставот.Владимир Петрушевски, универзитетски професор.