Достапни линкови

Државните пари не ги покриваат трошоците на Битолскиот универзитет


Илустрација: Технички факултет Битола.
Илустрација: Технички факултет Битола.

Во Битолскиот универзитет велат дека средствата кои ги добиваат од Министерството за образование не ги покриваат сите трошоци, па тие се надополнуваат со средства од партиципацијата и кофинансирање на студентите.

Во 2013 година универзитетот Свети Климент Охридски од Битола ќе биде најслабо финансираниот државен универзитет во Македонија, обвинува универзитетскиот професор Томе Наумов, член на Социјалдемократскиот сојуз од Битола. Според него, парите што универзитетот ги добива од државата не се доволни ни за платите на професорите, ни за материјалните трошоци.
Денес протекционистички се финансираат Штипскиот, Тетовскиот и другите државни универзитети во Македонија. Во овој момент во делот на материјални средства во високо-образовните институции на универзитетот во Битола во кои што влегуваат греење и други материјални трошоци не добива ниту еден денар. Платите на професорите, асистентите се добиваат во износ од 40 проценти, а остатокот се надополнува со средства обезбедени од партиципацијата на студентите. Тоа не е ниту бесплатно образование, тоа не е ниту државен универзитет.
Томе Наумов, универзитетски професор, член на СДСМ.

„Денес протекционистички се финансираат Штипскиот, Тетовскиот и другите државни универзитети во Македонија. Во овој момент во делот на материјални средства во високо-образовните институции на универзитетот во Битола во кои што влегуваат греење и други материјални трошоци не добива ниту еден денар. Платите на професорите, асистентите се добиваат во износ од 40 проценти, а остатокот се надополнува со средства обезбедени од партиципацијата на студентите. Тоа не е ниту бесплатно образование, тоа не е ниту државен универзитет“, вели Наумов.

Од битолскиот универзитет велат дека нема да одговараат на партиски прес-конференции. На новинарските прашања што им ги поставивме, писмено одговорија дека за 2013-та се издвоени приближно исто буџетски средства како и за претходната година, но затоа, пак, зголемени се средствата за 33 проценти за капитални инвестиции. Посочуваат дека од буџетот на Македонија за 2012 та за Битолскиот универзитет издвоени се 227 милиони денари, а за 2013 10 милиони денари повеќе. Според ова, буџетот е зголемен за 4,5 проценти.

Од универзитетот признаваат дека средствата кои ги добиваат од Министерството за образование не ги покриваат сите трошоци, па тие се надополнуваат со средства од партиципацијата и кофинансирање на студентите. Но, од битолскиот ректорат посочуваат дека ресорното Министерство вложило над 1 милион евра во опремување на лаборатории на универзитетот, а доделени се и над 14.000 книги од светска литература.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG