За да се зголеми мобилноста на битолскиот државен универизтет неопходно е да се реновира единствениот студентски дом кој функционира во негови рамки, „Кочо Рацин“ во Битола. На ова укажуваат од битолскиот ректорат, објаснувајќи дека собите за сместување се уште немаат засебни тоалети, а студентите користат заеднички по катовите.
Ректорот Златко Жоглев вели:
„Тоа е проблем. Не може во услови како хостел да имаат тоалети на исти спрат. Тоа не може веќе никаде да се сретне во Европа. Стандардите се да имаат тоалети во своите соби. Уште во првиот мој мандат јас барав да се направи нешто во реновирање на студентскиот дом за тој да добие европски или светски услови за кога ќе ни доаѓаат студенти или професори да има во секоја соба тоалет. Јасно ми е дека во овие услови на криза не може тоа одеднаш да се направи, но да почне етапно, блок по блок“, вели Жоглев.
На битолскиот Универизтет двојно е зголемен бројот на странски Универизтети со кои се потпишани договори за соработка. Тоа се светски познати Универитети од Турција, Германија, Австрија, Хрватска и други земји, а во Битола веќе пет години предавања одржуваат професори од ЦЕРН- Европскиот центар за нуклеарни истражувања.
„Ќе можеме послободно и со поголема динамика да ја остваруваме таа мобилност. Вака сме ограничени. Луѓето сакаат од некои Универзитети да соработуваат, а ние сме воздржани. Ако тргнеме со поголема група на професори и студенти, ако тие дојдат тука каде ќе ги сместиме? Сега имаме мобилност, но и за студентите и за професорите кои доаѓаат приватни станови изнајмуваме. Но, и за нив ќе биде друго ако се во универзитетски кампус“, вели ректорот.
Студентскиот дом во Битола има 113 соби со 360 легла и капацитет за подготвување на 2.000 оброци дневно. Од битолскиот Универизтет се надеваат дека Владата ќе помогне при реновирањето зашто досега покажала слух и веќе се градат нови студентски домови во Тетово, Скопје и Штип.
Уште во првиот мој мандат јас барав да се направи нешто во реновирање на студентскиот дом за тој да добие европски или светски услови за кога ќе ни доаѓаат студенти или професори да има во секоја соба тоалет. Јасно ми е дека во овие услови на криза не може тоа одеднаш да се направи, но да почне етапно, блок по блок.Златко Жоглев, ректор на битолски Универзитет.