Достапни линкови

Дисперзирани студии - слепо црево на високото образование


Дали дисперзираните студии во помалите населени места успеаjа да ги задоволат замислите или пак се слепо црево на високообразовниот систем кој според познавачите е соочен со проблеми.

Студентите од други градови кои престојуваат на студии во Скопје само зад микрофон даваат различни одговори на видно чувствителното прашање зошто се одлучиле да се иселат од родното место? Дел велат дека во главниот град подобро се живее додека други трагаат по студиски смер кој не се нуди на дисперзираните студии.
Туку се некои поинакви потреби, задоволувања на нечии барања, кои отстапуваат од главните тенденции на развитокот, бидејќи ние веќе имаме формирано повеќе универзитети и речиси не е потребно да има дисперзирани единици, освен оние кои се од посебен тип, како да речеме институтот за тутун кој има посебна дејност и посебна локација.
Ненад Новковски,поранешен министер за образование.

Пред почетокот на академската година на темата се препукуваа и власта и опозицијата. Министерот за образование Панче Кралев пресече: нема да се укинуваат дисперзираните студии. Официјални податоци за бројот на студенти тешко се наоѓаат, но медиумите проценуваат дека интересот е мал. На пример, лани во Радовиш се пријавиле 19 студенти за 225 слободни места во првиот уписен рок. Слична ситуација имало и на факултетите во Виница и Пробиштип каде се пријавиле само 34 кандидати.

Очигледно е дека причините за формирање на дисперзирани студии не се од интерес за подобрување на квалитетот на образованието и за потребите за соодветен кадар, вели екс-министерот за образование Ненад Новковски.
Студентски протести, 2010.
Студентски протести, 2010.

„Туку се некои поинакви потреби, задоволувања на нечии барања, кои отстапуваат од главните тенденции на развитокот, бидејќи ние веќе имаме формирано повеќе универзитети и речиси не е потребно да има дисперзирани единици, освен оние кои се од посебен тип, како да речеме институтот за тутун кој има посебна дејност и посебна локација.“
Ние се доведовме до ситуација кога една навистина добра идеја да ја доведеме до апсурд, од која сите ние како граѓани, како интелектуалци ќе се срамиме.
Христо Карталов, професор.

Дисперзирани студии не го подобрија квалитетот на образованието

Слабиот интерес е поради тоа што студентите се свесни дека не можат да добијат соодветен квалитет, додава Новковски.

„Од друга страна и високообразовните институции не гледаат интерес во одржување на таква скапа настава за која не можат да постигнат квалитет, имено со дисперзирањето трошоците многу се зголемуваат, а условите за работа се отежнуваат и квалитетот што треба да биде постигнат не се постигнува заради тоа што ги немаат истите услови на тие места на кои треба да ја држат наставата, како што имаат на централните локации.“

Ние како организација генерално ја поддржуваме идејата за правење на високото образование подостапно до студентите, но од друга страна се прашуваме дали со тоа се зголемува бројот на високо-образовани кадри во Македонија во време кога пазарот на трудот бара стручна работна сила со средно образование и се плашиме дали со оваа образовна политика, со зголемувањето на бројот на дисперзирани студии, со отворање на факултети во мали места, во суштина не се нуди на младите скриено или лажно решение за невработеноста.
Марјан Забрчанец, Младинскиот образовен форум.
Како илустрација во овој контекст вреди да се спомене и дека Факултетот за информатички студии во огласот за вториот уписен рок го има забележано следново: „настава на дисперзираните студии ќе се врши само доколку бидат обезбедени материјални, просторни и технички услови за изведување на наставата и доколку се запишат повеќе од 50% од предвидениот број студенти на соодветната студиска програма“.

Новитет оваа година е дека дел од дисперзираните студии се преселија. Машинскиот факултет во Виница кој функционираше во рамките на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ се префрла во Кочани. На новиот Машински факултет во Кочани ќе има насока производно машинство, на штипскиот универзитет се воведува Економски факултет со две студиски насоки додека во Крушево се нудат студии за туризам.

Од добра идеја до апсурд

Кога овој концепт, кој имаше цел заживување на малите места се заговараше, воопшто не се водеше сметка за критичната маса и за кадарот кој треба да ги води институциите, вели професор Христо Карталов.

„Се доведовме до една парадоксална ситуација во високо-образовните институции да седат луѓе со сомнителни морални и образовни квалитети и тие треба да подигаат генерации.“
Марјан Забрчанец, извршен директор на Младинскиот образовен форум.
Марјан Забрчанец, извршен директор на Младинскиот образовен форум.

Станува збор за проблематична одлука како и проблематично инсистирање по секоја цена да се оди на тој проект, додава Карталов.

„Ние се доведовме до ситуација кога една навистина добра идеја да ја доведеме до апсурд, од која сите ние како граѓани, како интелектуалци ќе се срамиме.“

Се доведуваме во ситуација како после војната, вели Карталов и појаснува:
Kвалитетот на тие студии, психолошкиот ефект што тие луѓе остануваат во малите места и понатаму, не ги развиваат тие социјални врски, тоа се тие 4-5 фактори што овие студии ги прават неуспешни. И како проект не успеа во голема мера, требаше да се оди во една обратна насока, да се јакнат оние групи што веќе постојат и во една квалитативна кадровска и техничка опременост, отколку да се оди на дисперзија и студиите да се однесат во оние места во кои живеат тие луѓе.
Илија Ацески, социолог.

„Во тие мали места во недостаток на критична маса кон образованието и образовните кодекси и принципи, до диплома можеа да дојдат сите тие роднини и пријатели на луѓето вклучени во тие образовни институции и во таа смисла се правеше една општа трговија, еден пазар со тие институции.“

Покрај годинaшните преселувања на студии кои се однесуваат на Велес, Кочани и Кичево, од Министерството за образование и наука за медиумите потврдија дека на студентите ќе им се остави можност да продолжат и да ги завршат студиите онаму каде се запишале.

Дисперзираните студии - лажно решение за невработеноста

Се поставува прашањето како младите гледаат на иницијативата за создавање на повеќе високо-образовани кадри во помалите места, посебно имајќи предвид дека токму тие сочинуваат половина од невработените во Македонија. На оваа тема проследете го разговорот со Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум.

РСЕ: Дали концептот на дисперзирани студии се остварува со замислата, дали ги дава оние бенифиции кои беа предвидени со самиот почеток на оваа иницијатива?
Покрај таков менталитет на негување на сопствената безгрешност, на сите наши влади, вклучително и на оваа, едноставно не сака да се признае неуспехот. Поради тоа и кога не е економски исплатливо или пак не може да се најде доволно професорски кадар за да се потполнат тие дисперзирани единици, тие остануваат да функционираат.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Не можам на оваа прашање да дадам директен одговор, бидејќи никогаш не дознавме ниту кој е точниот акционен план за дисперзирани студии, ниту кои се очекуваните цели, некако како да недостасуваше јавна дебата и јавна дискусија по однос на ова прашање, ние се соочивме со одлука за дисперзирани студии, без притоа да имаме можност и како младинска организација, ниту пак младите, ниту стручната јавност да учествува или да влијае во донесувањето на оваа одлука. Од она што е наша перцепција и од нашите истражувања на други теми кои се блиски до високото образование и од искуството на нашите членови кои се млади и студенти, можеме да заклучиме дека дисперзираните студии се имплементирани. Ние како организација генерално ја поддржуваме идејата за правење на високото образование подостапно до студентите, но од друга страна се прашуваме дали со тоа се зголемува бројот на високо-образовани кадри во Македонија во време кога пазарот на трудот бара стручна работна сила со средно образование и се плашиме дали со оваа образовна политика, со зголемувањето на бројот на
Мислиме дека дипломите само се штанцаат, по разни основи и на разни факултети, без разлика дали се државни или приватни со цел само да се собираат пари од тие луѓе и на крај да се остават на милост и немилост. Потоа ние како работодавачи бараме нивно дополнително наобразување или прекфалификации.
Мендерес Кучи, стопанска комора на Северозападна Македонија..

дисперзирани студии, со отворање на факултети во мали места, во суштина им се нуди на младите скриено или лажно решение за невработеноста.

РСЕ: На каква основа се прават овие студии? Имаме образование такво какво што е и се проширува во помалите места.

Ние имаме државни факултети кои се соочуваат со бројни проблеми, врзани со квалитетот на високото образование кое го нудат, почнувајќи од имплементацијата на европскиот кредит трансфер систем, значи студентите многу малку се запознаени со оваа тема, многу малку знаат кои им се обврските, ниту пак факултетите имаат услови да одговорат на потребите на овој систем и на сето она што значи Болоња. Од друга страна можноста за мобилност на студентите за студирање на други факултети, внатре во Македонија, но и надвор од државата е минимална, се соочуваме со факултети кои се целосно нетранспарентни, не ги објавуваат своите извештаи, своите активноста на своите веб стани, ниту пак одговараат на потребите на студентите и факултети со закоравено социјалистичко студентско организирање во кое добро познатиот систем на Сојуз на студенти или сега по ново Студентски Парламент држат монопол врз вкупното студентско организирање. Во една ваква ситуација ние само го зголемуваме бројот на единици и факултети кои се соочуваат со овие проблеми, вели Забрчанец.

Вреди да се спомене и дека годинава се` повеќе млади се одлучиле високото образование да го продолжат на техничките факултети, надевајќи се на побрзо вработување.

Не е само до студирањето, и до можностите е

Се поставува прашањето дали интересот за дисперзираните студии е условен само од можностите кои им се нудат на жителите на другите градови во Македонија? Социологот Илија Ацески вели дека постои силен психолошки притисок кај дел од жителите на помалите места да се преселат во Скопје.

„Тоа е едниот, а другиот е веројатно што тие чувствуваат дека квалитетот на студиите во малите места го нема тој капацитет, ниту од технички, ниту од многу други околности, за да може да се изведе една нормална настава. И тој концепт што го промовираше владата повеќе години е во основа неуспешен од тој аспект, од таа гледна точка.“

Самата поставеност на тие студии е на погрешна основа, вели Ацески.

„Како што реков, квалитетот на тие студии, психолошкиот ефект што тие луѓе остануваат во малите места и понатаму, не ги развиваат тие социјални врски, тоа се тие 4-5 фактори што овие студии ги прават неуспешни. И како проект не успеа во голема мера, требаше да се оди во една обратна насока, да се јакнат оние групи што веќе постојат и во една квалитативна кадровска и техничка опременост, отколку да се оди на дисперзија и студиите да се однесат во оние места во кои живеат тие луѓе.“

Покрај критиките се поставува прашањето дали одржувањето на проектот за дисперзирани студии е политичка одлука? Политикологот Здравко Савески вели дека проблемот е во лошото планирање на решенијата

„Ако добро се планираше и пред да се изведе нешто да се обмисли, ќе можеше да се претпостави дека доста од дисперзираните факултети нема да можат да профункционираат. Практиката покажува дека е така.“

Вториот проблем е карактеристичен не само за оваа туку и за сите досегашни влади во Република Македонија, а тој е непризнавање на грешки, смета Савески.

„Покрај таков менталитет на негување на сопствената безгрешност, на сите наши влади, вклучително и на оваа, едноставно не сака да се признае неуспехот. Поради тоа и кога не е економски исплатливо или пак не може да се најде доволно професорски кадар за да се потполнат тие дисперзирани единици, тие остануваат да функционираат.“.

Македонија - лидер во Европа по невработеност на младите

Погорливо прашање е што ги чека дипломираните кадри, посебно ако останат во помалите средини? Бројките покажуваат дека Македонија е лидер во Европа по невработеност на младите луѓе, според податоците на Меѓународната организација за работа во Женева.

Потребно е да се престане со создавањето на неконкурентни кадри, порачуваат од бизнис заедницата. Мендерес Кучи, вели дека стопанствениците неколку пати ја дале оваа препорака:

„Дури одиме и понатаму, за нас не е прифатливо и тоа што средното училиште е задолжително и каде паѓа квалитетот и тој што оди и тој што не оди на училиште мора да дојде до диплома, а притоа да не се води сметка за стручните профили кои се потребни на стопанството.“.

Фали стратегија која ќе се фокусира околу потребите на Македонија, односно на бизнис заедницата која утре треба да ги вработи тие кадри, вели Кучи.

„Мислиме дека дипломите само се штанцаат, по разни основи и на разни факултети, без разлика дали се државни или приватни со цел само да се собираат пари од тие луѓе и на крај да се остават на милост и немилост. Потоа ние како работодавачи бараме нивно дополнително наобразување или прекфалификации.“

Според резултатите од истражувањето на организацијата „Реактор“, само една петина од моментално вработените анкетирани млади нашле работа веднаш по завршувањето на своето образование, а речиси една третина барале работа повеќе од една година пред да се вработат. Останува да се види дали дисперзираните студии можат да го решат овој проблем со понуда на конкурентен кадар.
XS
SM
MD
LG