Опозицијата смета дека состојбите во образованието се лоши, почнувајќи од основното па завршувајќи со високото образование и докторските студии. Според нивните анализи, во основното и средното образование проблемот со учебникарството веќе нема потреба да се елаборира, партизацијата на наствниот кадар е се уште актуелна и се уште се одвива со несмален интензитет. Најмногу загрижува тоа што оваа власт тенденциозно работи на ставање на високото образование и на универзитетите под своја капа. Во неколку наврати беше загрозена автономијата на Унивезритетот. Последните случувања на Унверзитетот се само уште еден прилог во насока на тоа, коментира Славица Грковска од СДСМ:
„Владата по секоја цена сака до го растури скопскиот универзитет, вчера исто така добивме предлог закон за формирање на факултет за информатички технологии во рамките на скопскиот Универзитет за кој што Универзитетот, а и факултетите кои што се засегнати воопшто не се изјасниле.“
Во албанскиот опозициски блок сметаат дека образованието тргнува во друга насока од потребните реформи, приоритети и концепции кои во текот на годините се усвоени и во делот на разните проекти со кои, според нивниот впечаток, се креира меѓуетнички јаз. Сепак доминатен проблем и за Сулејман Рушти од Нова Демократија е злоупотребата на образованието за дневна политика и популизам и носење одлуки без поопродлабочени анализи:
„Последно беше, од Универзитетот „Кирил и Методиј“ да се формираат четири-пет универзитети. Значи, без подлабока анализа, само така популистички изјави кои што сметаме дека се штетни.“
Партиите, во повеќе наврати, упатуваат меѓусебни критики и дека студентските движење се партизираат па така и опозицијата дека власта ги става под своја капа преку изборот на нивниот лидер. Иван Живковски од Студентскиот парламент вели дека не сака да дава изјави за дневно-политички цели, но не смета дека сосотојбите во образованието не се онакви какви што ги прикажуават партиите. Во делот на проблемот кој најмногу предизвика внимание со универзитетот тој смета дека за секоја активност на владата треба да се направи анализа:
„Треба да се види научните совети, како би се однесувале по ова прашање, а дури потоа да се прејде кон воведување на било какви промени или останување на ова што е.“
Пред неколку години Ректоратот ја прифати одлуката на владата за дисперзирани студии. Тоа според опозицијата е исто така класично партиско влијание и упад во автономното одлучување. Во студентскиот парламент сметаат дека дисперзираните студии им донеле финансиски олеснувања на студентите од внатрешнсота. Сегментите на кои укажува опозицијата се содржани и во информацијата што деновиве нивни пратеници ја доставија во Собранието.
Значи, без подлабока анализа, само така популистички изјави кои што сметаме дека се штетни.
„Владата по секоја цена сака до го растури скопскиот универзитет, вчера исто така добивме предлог закон за формирање на факултет за информатички технологии во рамките на скопскиот Универзитет за кој што Универзитетот, а и факултетите кои што се засегнати воопшто не се изјасниле.“
Во албанскиот опозициски блок сметаат дека образованието тргнува во друга насока од потребните реформи, приоритети и концепции кои во текот на годините се усвоени и во делот на разните проекти со кои, според нивниот впечаток, се креира меѓуетнички јаз. Сепак доминатен проблем и за Сулејман Рушти од Нова Демократија е злоупотребата на образованието за дневна политика и популизам и носење одлуки без поопродлабочени анализи:
Треба да се види научните совети, како би се однесувале по ова прашање, а дури потоа да се прејде кон воведување на било какви промени или останување на ова што е.